Па вакаа прва година сумм ии се запишав во средно во кое сум самаа... Иии Имаше првиот ден кога не читаа две босанки, од кои едната ја запознав за полуматурата...Ии ме викаа со нив да бидам, иако ми беше срам да не им досаѓам..Ии во школо кога се задеваат машките со мене, они ми викаат да го игнорирам, и они така прават не дружат со машки незнам зоштоо, едната рече дека грев било нз штоо, и ме носеа кај што идат они. Згора на тоа само нешто вреѓаа, Онаа била циганка оваа вака онаа така. Сачувај боже значи и сами си се нон стоп..Едно машко ја свиѓало и ми рече да и кажам ии послетоо таа не ми збореше во школо а исто по неа и другарка иии.... Помошш сама сум сега ама ме викаа сепак едни наши со нив да дружам, искрено ме плашат веќе вие, и сама седам на клупа (уште првиот ден)
Да не се дружиш со нив ако имаат повеќе негативности и ако не ти одговараат. За проблемот со машките. Разговарај со некој од наставниците и со родителите. Не оставај да те задеваат.
Значи сите ми се петки, само физика и англиски ми оставија 4 за полугодие, и за крај ќе биде така, зашто едноставно не ми одат, можат ли да се поправат на совет некако? Сте имале ли и вие ваков проблем? Знам дека има време до тогаш, но страв ми е
Na sovet mislam deka moze samo edna ocenka da se popravi. Koj predmet ti e polesen toj uci poveke za da popravis na 5ka, na kraj site 5ki da gi imas.
Прво дури и да не ги поправиш, нема ништо тие 2 оценки да ти сменат во животот, не се нервирај без потреба. За поправање почни со учење на почетокот на второ полугодие, не чекај до крај и оди малце замарај ги професорите барај ако има нешто плус да направиш презентација ова она, активна биди на час и дури и да не заслужуваш 5ки, кога ќе видат дека се трудиш ќе ти стават.
да ти кажам ич да не се замараш не мора да си со сите 5ки ете не ти одат тие предмети ја физика коа сум имала 4ки, сум се мочала од среќа шо се вика пошо освен дека има 3 Њутнови закони, и дека иам страшно добра инерција, ништо не знам по мене, фокусирај се на англискиот стварно ќе ти вреди да го знаеш гледај да го совладаш некако, ако моеш да си дозволиш земи приватен час, или прашај не` овде, или оди на дополнителна не е крај на свет ако не си со сите 5ки утреден ако се запишеш на факс, и тоа на некој потежок, апсолутно нема да ти е гајле дали ќе имаш 6,7 или 10 у индекс него ќе си викаш дај да положам да го откачам бидејќи ако за полугодие имаш 60 страни сеа да научиш, за колоквиум ќе имаш бар 150 а и оценките не се мерило за знаењето
Ќе поправиш до крај на година злато, не се грижи, сигурно нема само тие 4 да ти ги остават. Труди се во второ полугодие.
Физика имав и јас лани 4 на полугодие, зошто од основно немав никаква основа, па дури и пресреќна бев. Не го гледав искрено како проблем, бидејќи само тој предмет ми беше 4ка, другите ми беа 5, плус првата оценка физика ми беше 3, па на полугодие ја поправив на 4. Второто полугодие учев повеќе, барав помош од другарки што повеќе разбираат да ми објаснат и со малку повеќе труд и замарање да речам си поправив на крај. Сега среќа го немам тој проблем, полесен ми е некако материјалот и друга професорка ми предава. А за англиски искрено би ти рекла и да побараш помош од професор кои држи приватни часови. И за физика истово може, но англиски ако од основно немаш убава основа, зошто реално се учи уште од прво одделение, и ако некој добар професор не ти ги исправи грешките, бидејќи е јазик и понатаму ќе имаш неразјаснети работи, а проблем е јазик да научиш на памет искрено. Сепак и за тоа има надеж, само зависи што ве испрашува на усно професорот, и тестовите какви му се. Али се ќе биде во ред верувај, само учи повеќе ова полугодие, па и приватно побарај помош или на дополнителна настава останувај, секој професор си има термини за додатна/дополнителна. Вечерва нешто ептен досадно ми е хахаха, па сите теми ги прелистав на форумов. За оваа имам баш што да зборувам. Значи проблем на училиште, широк поим е, може да биде било каков. Значи јас проблем со наставници и професори не сум имала, уште сум ученичка, претпоставувам, се надевам нема ни да имам. Пониска оценка од тест -тоа секогаш го гледам како мој недостаток во учењето, и со свои сили и напор, повеќе учење се трудам да ја поправам и секогаш ми успева. Ама во основно имав проблем/и со моите "драги" соученици. Се дружев само со едно девојче и може тука лежеше целиот проблем, сега си имам повеќе другарки и скоро со сите од клас се дружам, но едноставно класот не ми беше погоден во основно, си признавам пребирлива сум и ако некој не ми одговара, не се ни трудам да му правам муабет и лице. Свесно ги избегнував, но немам навредено никој во ниту еден момент. Сепак тие ко што ги дал господ, не гледаа нас две дека многу се дружиме, имаа некоја одбивност спрема нас, да бидам искрена и јас спрема нив, но не го манифестирав тоа вербално како и тие. Женските зад грб не оговараа, мене особено, машките онака беа, во свој свет. Ми вадеа муабет дека сум се гледала со дете со кое немам ни здраво, а истото беше постаро од нас и имаше женска, оговарање колку сакаш, договараат нешто во врска со купување поклон, одложување на тест или слично, ние две како да не постоиме, ниту не прашуваа ниту ништо. Сепак дружењето надвор од школо на страна, не се дружев со нив точно, но за формалните работи во училиште требаше да функционираме како целина, за жал не беше така. Сепак многу бев истрајна, смирена и буквално не се замарав со ништо, се до еден момент. Се договараат да си одиме од блок часови, се согласив и јас, си отидовме сите. Бевме 8 одделение, еден месец, пред да почне пандемијата. Си одиме од час... Организаторот сите го знаеме, договор куќа гради нели, "НЕ СЕ ИЗДАВАМЕ". Е арно ама се најде една премногу паметна, па реши своеволно да оди на класната да ѝ каже, дека јас сум била организатор, ЈАС која со пола одделение немав ни здраво, ете така магично сум ги убедила да си отидат. Сепак сите знаевме кој е и еднствено нешто што видов добро од тој клас е што едногласно потврдија дека не сум јас. Плус таа си земаше за право да прави што сака, а будалите наставници ѝ веруваа бидејќи беше од оние омилените, дека и мајка и работеше во училиштето, па нејзиниот збор за нив заповед беше. Тука веќе решив да не молчам па си презедов се во свои раце, како и што јас си знам. После 1 месец од тоа почна пандемијата, среќа ги немам видено веќе тие луѓе, ниту искрено посакувам. Златно средно школо како во друг свет да сум.