Вака сега,има многу теми за веѓи но,ваква не најдов. Жени,имам проблем со веѓите, порано ми беа густи и долги, све до момент кога не почнав да ги тенчам. Сега сакам да си ги имам старите веѓи,да ми се подебели и убави...Но,едвај ми растат и тоа мнооогу бавно и ретки.Вее молам кажете има ли нешто, како да ми порастат? Ова не се трпи моите се бели веѓи и сега морам и ги оцртувам...
Пробај со рицинус да ги мачкаш. http://ricinusovoulje.blogspot.mk/2014/09/ricinusovo-ulje-za-obrve-i-trepavice.html
Пробај мачкај ги со рицинусово масло. Ова масло го поттикнува влакното на раст. Ако имаш и тенка коса можеш да си земеш некои капсули со тоа и косата и веѓите ќе ти се згуснат, но ако не сакаш да пиеш ништо рицинусово масло мачкај се колку што можеш повеќе пати. Кога се миеш лице со вода пробај да го масираш делот кај веѓите и миј се лице барем 3 пати дневно. Остави ја пинцетата и немој да ги сечеш со ножица.
Кога прв пат отидов кај мојата сега сакана козметичарка имав многу лоши веги домашно исчупани ми беа како крембананки изгричкани од секоја страна од глувче и океј ми рече за побрзо да ти растатат еден час пред спиење стави си кастор оил (уствари кога го купив сфатив дека е рицинусово масло) и стварно побрзо ми растеа, исто и за косата си го мачкаш и масираш скалпот и после еден час ја миеш, и не само што ти расте побрзо туку и ти е и поздрава
Ќе пробам до рицинусовото масло,и ќе видам што ќе покаже,ќе ве известам,и многу ви благодарам за советите.
Откажи се од кубењето дефинитивно, особено напред помеѓу носот. Куби ги под опашката на лакот само тие што штрчат премногу. И јас имав ист проблем како тебе, имав природно густи убави веѓи и убава форма ама нели во средно училиште беше шема и беше срамота ако не ти се кубени веѓите па и колку да ти беа убави природно и јас како и сите си го фатив патот под нозе и право на козметичар, ми ги унакажаја за на век. Од тогаш 3 години веќе немам одено по козметичари, си ги средувам сама колку што можам минимално и до сега сите ми ги имаат пофалено ама сеуште мислам дека не успеаа да се опорават после многуте измачувања. Мој совет ти е тој, остави ги да растат самите, од време на време на некој месец чешлај ги нагоре и тие влакненца што стрчат подсекувај ги со ножичка ама малце само врвовите, и додека да ти се врати формата користи молив за веѓи и пополнувај ги празнините. Исто пробај со рицинусово масло, јас не сум знаела дека тоа помага па ќе го пробам и ќе пишам резултати.
Најдобро за поттикнување на растот на веѓите и згуснување на трепките е чичковото масло. Со чепкалка за уши премачкувај ги тие делови, би требало да покаже видливи резултати за брзо време.