Проблем со друштвото на партнерот

Дискусија во 'Канта' започната од Umma, 27 јуни 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Веќе 3 месеци сум со мојот дечко, и навистина сум многу заљубена во него. Проблемот е во тоа што тој е во познато друштво во градот, има такви пријатели, и нивните девојки се навистина убави, и тешки за комуникација бидеќи мислат дека се којзнае што. Повеќето од нив се познаваат меѓу себе, и толку многу ми е непријатно кога ме меркаат, што ми се плаче. Не се чувствувам пријатно, ни убава кога сме со нив. Мислам дека ако зборувам многу, ќе се посрамотам. И така само се смешкам да не си речат дека сум некој намќор. Често се расправам со дечко ми, бидеќи почна да станува очигледно дека ги избегнувам таквите средби. Доаѓа и време за летен одмор, и мојот дечко ќе сака да одиме со некој од овие парови, а мене ми се превртува нешто стомакот кога ќе помислам на тоа.
    Ве молам помогнете ми со вашите мислења, бидеќи пробав, и не знам како да се справам со ова.
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    не смееш да дозволиш да не излегуваш со дечкото,да предизивикуваш караници и да се оддалечуваш само затоа што неговото друштво е не знам си какво.ако тој тебе те зима и носи со себе,значи дека него си му убава и има убаво мислење за тебе и тоа треба да ти биде најбитно,а не што ќе рекла девојката на другар му...глупости.затоа на време свести се и почни да се однесуваш нормално,обиди се и да се зближиш со тие,додека не си си направила проблем со дечкото
     
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Нека те гледаат бе , само тоа и можат нели ;) Значи дека си им привлекла внимание . Не се чувствувај помалку вредна од нив . Од каде да знаеш какви се уствари . За одмор , зашто да не отидеш ? Можеби и ќе се здружиш , направи го тоа за дечко ти , за вас . Не за другите . :)
     
  4. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    389
    ^се согласувам со претходниве две мислења и ќе го додадам најважното-БИДИ СВОЈА. Разговарај си со нив најнормално, а кога ќе заприметиш дека те меркаат и те озборуваат-само насмевни им се и крени си ја главата како ништо да не било..Од таквите нема аир во денешно.Не вреди поради нив да се караш со дечко ти. Сепак сте заедо заради вас, а не заради нив. И разговарај отворено со дечко ти. Се надевам дека ќе те разбере. :f:
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    Ух најгрдото чувство во свет. Јас се чувствував така со еден. Не можев да си помогнам. колку и да си викав, ваква сум таква, најпаметна, најубава, бла бла некако не успеваше. Се паѓаше во вода.
    Треба многу да си поработиш на самодовербата. А кога си сама со него како се чувствуваш? Вака ти е само со неговото друштво?
    Ако е така, можеш само да си помислиш дека он те сака тебе, те избрал тебе и ти си најубава.
     
  6. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Со него се чувствувам навистина убава, и самоуверена, тој ме прави да се чувствувам така. :$ Тој нема поим колку јас се измачувам да не си помисли некој од неговото друштво дека не сум доволно добра за него. Но мислам дека не треба да гледам на ова вака повеќе. И некој да му рече нешто неубаво за мене, доколку навистина ме сака не би требало да обрне внимание воопшто
     
  7. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    Па сигурно се е повеќе во твојата глава :) Ако он те сака и со него ти е супер, нема зошто да се секираш. Ќе сфатиш дека си подобра од другите, бидејќи он те сака само тебе ;)
     
  8. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Ако се измачуваш , зашто не му кажеш ? Ќе ти олесни од муабетот што ќе го направите и од тоа што ќе ти каже тој.Прави да се чувствуваш убава и добра покрај него , ама гледаш дека сепак се измачуваш и нешто ти е . Мислам дека треба да му кажеш што и како ти е тебе .
     
  9. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Женски ви благодарам за мислењата, навистина мора да е свестам и да прекинам со овие глупости, и да гледам да сум среќна. и да си ја зачувам врската,наместо да си мислам дека ќе помисли дека направил грешка што е со мене од реакциите на друштвото. навистина сте во право :f:
    Ако продолжам да се замарам со ова навистина мислам дека ќе треба да разговарам со него.
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.365
    Допаѓања:
    36.962
    Да, може да му каже. Муабетот би одел вака:
    Срце, мене не ми е убаво кога сум со твоето друштво и покрај нив. Се чувствувам неубава. Што да правам?
    Тој: Знаеш дека ти си ми мене најубава и те сакам, нема потреба така да се чувствуваш.

    Ова не е некој од оние разговори што би можел да смени нешто. Нема поента. Тоа што го чувствува е лично нејзино и треба да си го расчисти сама со себе.
     
  11. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.899
    Имаш право Реинбоу .. Тоа ми го покажа примерот што го кажа. Ако каже не се осеќам убаво за нив , ќе биде ти си со нив или со мене ? Тоа веќе е проблем со самодоверба ,а не со дечкото .
     
  12. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    ти имаш проблем со самодовербата,затоа така се чувствуваш...ама треба да сфатиш дека оние што ги ценат луѓето по изглед или материјална состоба-не вредат ни 5 пари...и да се поубави од тебе што има врска,секогаш е побитен карактерот и харизмата отколку изгледот...знаеш како викаат,луѓето те доживуваат онака како што ти се гледаш самата,и вистина е тоа,затоа престани да се потценуваш,опушти си се едноставно и нека не те интересира кој што ќе помисли за тебе,ти си знаеш која си и колку вредиш ;)
     
  13. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Да, изгледа проблемот е до мене. Не сум имала проблеми со самоддовербата порано, но бидеќи тие си се знаат од порано, а јас сум нова, и не ме прифатија некако убаво па се полувствував така. Изгледа не би било убава идеа да разоварам со него, најдобро е да се потрудам да не мислам на ова повеќе :(
     
  14. Schmetterling

    Schmetterling Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    14
    да бе срце ич не се секирај,штом дечко ти те прифаќа и сака таква каква што си па не ти ни требаат тие да те прифатат ако не сакаат,тие губат....ти само кулирај си и биди си своја,секогаш ќе постојат луѓе што ќе те прифатат и такви што нема,не си земај се при срце...а со другарите на дечко ти сигурно подобро се сложуваш? ја повеќе си се дружам со другарите на дечко ми и баш ич не се замарам ;)
     
  15. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    да срцка, тие се пофини, и со нив поубаво се сложувам од со девојкиве, и јас ќе си правам само со нив муабет :) . :f: :f: :f: :f: :f: :f:
     
  16. baguf4e

    baguf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    2.857
    Допаѓања:
    3.610
    Сигурно си многу убава девојка и си му го привлекла вниманието.Биди своја,смеј се,прави муабет и уживај.Ќе видиш како самите ќе се повлечат бидејќи со твојата харизма ќе привлечеш повеќе внимание отколку нив.САМО БИДИ СВОЈА И НЕ СЕ ЗАМАРАЈ.
     
  17. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    67
    е мене што ми се случи на оваа тема... јас и дечко ми ја раскинавме 1годишната врска и он уште го немаше сменето статусот на facebook во слободен али овие неговото друштво го насскале и он го смени и одма почнаа лајкови да му оставаат, незнам какви не коментари... а луѓе што ме знаеле помалце од нив не му остаиле лајк и му оставале коментари од типот: зашто, што се случило, мн убав пар бевте, не знаеш што си изгубил...значи луѓе што ме виделе неколку пати во животот беа позагрижени од овие од негово друштво што се... а кога идевме сите беа добри, фини, а кога раскинавме сосема други личности станаа :devil: ама сега сум смирена со дечкото и пак се фини како порано со мене али јас не сум истата спрема нив бидејќи они си го покажаа вистинското лице одма кога раскинавме јас и овој. значи какви се не луѓе постојат...немам коментар
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.287
    ова на другарка и се има случено...тоа е само љубомора и ништо повеќе.игнорирај ги и сепак немој да се расправаш со нив,за љубов на дечко ти :)
     
  19. anickata

    anickata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    67
    па не се расправав. само отворено му кажав се и не реагираше никако бурно само ме праша зашто сум му го кажала тоа на него, сум требала нив да ги прашам зашто така реагирале али да ти кажам право не се замарам со нив ич, и не ни планирам да им го направам муабетот...моето мислење и однос кон нив нема да биде како порано како и да е.
    Само ќе си ја гледам врската и сакала нејќела ќе морам да ги толерирам,али ќе успеам службено да правам муабет со нив нема да ми биде толку тешко :) :*
     
  20. Umma

    Umma Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    11
    Jas da vi kazam, poveke voopsto ne se zamaram tolku mnogu, ako mi napravat muabet vrakam, ako ne si zboruvam so momcive, si se zafrkavam a sto se odnesuva do mene mozat slobodno da si sedat i da si ozboruvaat. Navistina mi pomina, i voopsto ne gi reckam. Dokolku sakaat nekogas da im bidam prijatelka, ili da se zblizime od moja strana nema nikakov problem, zosto pred se se smetam i mislam deka sum navistina dobra licnost. Vi blagodaram devojki sto gi spodelivte mislenjata, i sto mi pomognavte. :f: :f: :f: :rock:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.