1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со купен производ

Дискусија во 'Правни совети' започната од Natasa.t, 5 декември 2018.

  1. Natasa.t

    Natasa.t Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Имам проблем со производ поточно со апарат за притисок кој го купивме со мајка ми и чини 3000ден.При купувањето вработената и го измери притисокот на мајка ми ( НЕ НА НАШЕ БАРАЊЕ, ТАА САМАТА ) и покажа прилично висок притисок и дури и ја посоветува мајка ми да се напие апче за притисок . ЈА прашав дали е исправе апаратот дане имаме некој проблем, одговори да , дека се многу прецизни и ние го купивме. Излеговме и на мајка ми и беше чудно што и е толку висок притисокот зашто не чуствуваше некоја тегоба, јас и велев да одиме на лекар ама таа ајде рече ќе се напие апче и така и стори. Сега значи ние купивме апарат за кој знаеме дека е исправен . Јас после тоа не бев тука мајка ми сама не можи да си мери притисок, кога дојдов пробавме да измериме притисок пак покажа висок, ајде пробавме на мене јас имам нормален или ретко ако сум многу уморна понизок, но никогаш висок , и кај мене покажа повисок притисок,и веќе се посомневавме дека апаратот не покажува точно, ајде на друг измеривме исто со нормален притисок и кај него покажа висок, повторивме уште еднаш кај него покажа уште повисок, ајде пак кај мајка ми покажа грешка, пак кај друго лице, почна да мери достиигна одредена висина почна да мери и пак почна да пумпа, пак достигна одредена висина ,почна да се спушта и повторно почна да пумпа. Го исклучивме. Повторно пробавме на мене уште два пати и пак покажуваше грешка. Од ова утврдивме дека апаратот не е исправен. Јас другиот ден пред да одам да го вратам прверив уште два пати пак ми покажуваше грешка( да напоменам дека го прочитавме претходно упатството и ракувавме точно според него) .Го однесов во аптека кога и реков дека нее е исправен и сакам да го вратам не го ни погледна го оттурна и рече дека не враќаат апарати. Не сакаше ниту да слушне за каков проблем станува збор.Едвај ја убедив да да ме ислуша. Кога и кажав не е можно рече и како реков не е можно зошто јас да го враќам ако е исправен еве реков провери го, тогаш го зеде еве рече на мене ќе го пробам имала нормален притисок и го измери и виде дека навистина покажува висок. Рече да го пратам на сервис, зошто реков на сервис нов купен неупотребен апарат да го праќам на сервис, не е користе па се расипал па да го пратам на сервис.Тогаш рече дека ќе се обрати секаде каде што треба да види што ќе и кажат ако и речат да ми дадат нов така ќе биди , се договоривме и на излегување ми вели ќе се јавела кај сервисерот, ама реков што кај сервисерот, не кај сервисерот ми вели кај производителот,сервисерот -роизвдителот.Ама каков производител сервисот не е производител, ништо не и реков. По некое време ми се јави да сум си го земела апаратот сегде се јавила и рекле да го пратам на сервис. И побарав број од тие каде се јавила , ми беше сомнителна ми даде број од сервисот ( значи сепак таму се обратила) и од дистрибутерот.Се јавив во сервисот таа само им рекла дека сум и донесла расипан апарат и нормално и рекле да го пратиме кај нив да го поправат не кажала дека апаратот е нов, ги прашав дали тие треба да и кажат како да постапи дали да ни даде нов апарат затоа што така кажа таа , рекоа дека не тие само поправаат и ги враќаат исправни доа е се , што е и нормално.Зазвонив кај дистрибутерот да видам што ќе кажат ми дала невалиден број,и се јавив да проверам дане евентуално погрешно сум запишала се јави таа што ни го продаде апаратот и го повтори истиот број, повторно зазвонив бројот не постоти. Го најдов дистрибутерот на интернет гледам таму друг број. Се јавив и кажав кој е проблемот, ми рече да им кажам веднаш да ми ги вратат парите, јас и реков дека сега ќе појдам и ќе им реча да и се јават. Отидовме со мајка ми , таму беше таа што ни го продате апаратот, и кажавме што ни кажаа од кај дистрибутерот таа не сакаше ниту да слушни . Мајка ми и вели зошто така постапува дека и и го кажа сиот разговор со неа кога го купувавме апаратот.Никако не признаваше дека се водел тој разговор, дека беше висок притисокот, се негираше. Го зеде апаратот рече имате 10 мерења еве да видите дека не покажува висок притисо, отвори директно на првото мерење и покажа сосем друга мерка од она што и беше измерена на мајка ми. Ние се побунивме дека тоа не е точно , не признаваше ништо. Не сакаше да се јави ниту кај дистрибутерот кога и реков дека јас ќе се јавам ако не се јави таа , тогаш се јави и нормално не беше на непостоечки број зашто веднаш од таму и одговорија. И кажаа да ги врати парите , и веројатно прашаа дали измериле притисок при продажбата зашто оваа одговори дека на наше барање измерила притисок и дека прво на неа измерила па после и на мајка ми, што не е точно и на тоа јас изреагирав зошто лажи ,а таа се сврти на настрана за да не ме слушн од таму. Кога го заврши разговорот не сакаше пак да ги врати парите со изговор дрка шефицата треба да направи сторна да појдиме друг ден, јас инсистирав да и се јави на шефицата не сакаше , да сне дојделе во понеделник таа ќе била тука и сигурно парите ќе ни биле вратени таа е можела без неа. И побарав да напиши дека парите ќе ни бидат вратени и да се потпиши прво не сакаше па после го направи тоа. После еде час ми се јавува шевицата се дери на телефон зошто сум се јавила кај дистрибутерот, па нели реков ти ми го даде бројот(погрешен) и ми рече слободно да се јавам што е сега проблем, не враќала пари која била таа - дистрибутерот- да и кажува нејзе дали да враќа пари или не. Па реков нели ти се повикуваше на нив како тие ќе ти кажат така.почна да вика 20 мерења имало на апаратот, кај ги најдовте реков 20 десет само беа, еве овде има не бил висок притисокот при купувањето на апаратот , абе како реков не беше висок дури и веллев на лекар да појдиме , не ова не е висок притисо, па тој што е сега не е ама тој што го измери тогаш беше. Еве има камери овде се покажува , епа реков добро штом показува значи ќе се види.После смекна па еве меѓу нас да средиме ќе го пратела таа на сервис, ќе ни даеле нов,јас реков немам доверба во вас после сето ова , јас рече пари не враќам, еве јас ќе го пратам и ќе ви вратиме нов тое се што ќе направам и тчка повеќе не зборувам ова тука завршува , да го решиме ова меѓу нас, демек ни прави услуга што ќе ни врати нов . Јас после сите овие нивни постапки немам доверба во нив ,од каде да знам дека тој апарат ќе биде нов, или некој користен па сервисиран, од каде да знам дека кога ќе го употрбиме дома ќе биде исправен. Немам доверба во нив, се сомневам дека намерно ни продадоа неисправен апарат и сакам да ми бидат парите вратени и да не се расправаме повеќе! И друго што сакам да знам е дали имам право да побарам увид во снимката , да ја пушти пред мене па да видиме таа што покажува затоа што според податокот што го покажаа сега на апаратот , податокот од мерењето при купувањето е избришан од меморијата. Ве молам за совет од правник итно! Поздрав