Форумџика на годината

Проблем со неговите родители

Дискусија во 'Врски' започната од Sayerr, 2 јануари 2024.

  1. Sayerr

    Sayerr Нов член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2024
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Вака.. ми треба совет. Родителите на мојот дечко (он 20 јас 18) живеат и работат во странство и сакаат и он да иде таму, а он и не сака поради мене (мене моите не ме пуштаат во странство освен на шетање). Зборено е со нив али џабе, имате ли некој совет како да ги премисли он да не оди?

    Иначе ние (мојата фамилија) овде имаме бизнис и станови, ќе му биде убаво со нас, али неговите имаат кажувано некои коментари што не треба, да не влагам во детали, ќе кажам 2 примери.. на пример, коа го возеше наш возач, они му рекле "не си играј играчки" (скроз глуп коментар и нелогичен, као да имаш возач да е нешто лошо, не го сваќам тој менталитет) и му рекле "ако останеш, они ќе раководат со тебе" а вака пред мене фини се (најверојатно се прават само)
    и му рекле као, ја многу сум трошела (ја си трошам свои пари не негови, не е нивно да коментираат тоа)

    Иначе ова ми е прв дечко и го засакав и он мене, моите ми рекоа "не е он за тебе" али ја си го сакам. Моите генерално не праат проблем за него, не им е баш по кеиф ама не се ни против бидејќи е фин дечко. Ме третира убаво, све ми кажува искрен е итн..

    П.С. Немојте да пишувате ваши мислења дали вие би работеле тоа во странство, туку ме интересира само совети што да каже он на неговите за да ги премисли да му дозволат да си остане овде.. иначе неговите во странство работат тешки физички работи и он тоа ќе работи таму, не ми се јасни зошто тоа го посакуваат и за своите деца (имаат 2 деца)

    Неговите родители очигледно се неспособни да створат нешто (немаат ни факултет) али греота што ги тераат и своите деца на тешки физички работи
     
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Ако тој си има некаква замисла и планови за својата иднина и е сигурен во тоа, едноставно ќе седне и ќе им каже. Како што мисли, така, нема тука филозофија. Неговите ќе мора да го прифатат тој избор. Можеби не го сфаќаат сериозно затоа што е млад, мислат дека врската не е некоја сериозна и јака причина за да не отиде со нив во странство. На крај ќе биде како што треба да биде.
     
    На Dust, Snowflake97, Ajronmen и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    21.886
    Пол:
    Женски
    Размисли убаво како ќе ти биде со него. По твојот пост, гледам дека вие сте поситуирани од него, размисли дали он ќе може тебе да те издржува со твоите потреби. Оти ако живееш со него и неговите ќе треба на нивниот начин да живееш, а тоа е скромно. Плус и проблеми ќе ти праат, каде шеташ, трошиш.
    Немој да се брзаш, мислам дека твоите добро ти викаат, почекај малку да видиш он кој ќе одбере, дали тебе или неговите.
     
    На Dust, Snowflake97, sj *O* и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    3.197
    Допаѓања:
    8.201
    Пол:
    Женски
    Ау извини, еве твоите дека се на тацна ти дале па ти способна?
    Моите немаат факултет, и се најдобрите родители на светов! Имај деца и да видиме што толку ти за твоите деца ќе створиш од 0!
    Мислам дека си некое дете од 20 години, кое не знае што се носи животот! Не, немаш право ти да премислуваш никого, уште па совет да бараш како да останел тука, и да ги премислел неговите родители, боже ме сачувај!
    Може сака и тој да оди а не ти кажал? Може неговите сакаат да си се со него? Родители му се.
    Остави ги сами да си одлучат родителите и дечкото, ти немаш право да се мешаш.
     
    На Orchidea, Cyclop, warrior и 44 други им се допаѓа ова.
  5. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.468
    Допаѓања:
    12.414
    Пол:
    Женски
    За жал, вие живеете во различни светови, ти разгалено богаташко дете раснето со шофери, дадилки и слично, а он сиромашно дете чии што родители добро знаат како е со пот да си го вадиш лебот.. Убаво знаат неговите дека он постојано ќе биде потценуван кај вас, и дека секогаш ќе го гледате како трето прасе, не се неговите од вчера, сакаат да си го заштитат детето од олоши како вас, и јас би го направила тоа да сум на нивно место.. Разделете се со време, најубаво за сите..
     
    На ~Maca~, Orchidea, warrior и 24 други им се допаѓа ова.
  6. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Ако се меша, го нае*ала. Од искуство на другар на мм. Сличен случај како овој на девојката. Битно е дечкото што сака. Ако он сака да си живее со неговите, нема да може ништо да го премисли. Другарот на маж ми сиромашен, а бившата девојка богата. Од добро ситуирано семејство. Разликата беше огромна. Он сакаше да живее со неговите, а она не сакаше таков начин на живот. Се и беше сервирано на тацна. Бидна што бидна. Си тргнаа по својот пат. А многу убав пар беа. Ама ете.... Социјалниот статус си го направи своето.
     
    На sj *O*, Feminka22, Anyshka и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mazegin

    Mazegin Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2019
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    1.013
    Јас да сум на местото на дечко ти, ќе трчам подалеку од тебе додека ме држат нозете.
     
    На Marble, _beautyy_, Purelove92 и 18 други им се допаѓа ова.
  8. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.589
    Допаѓања:
    38.929
    Пол:
    Женски
    Од кај излезе дека ќе живеат заедно? Или се подразбира дека треба снаата да живее со семејството на мажот?

    Девојче, ако дечко ти има некаков план и е сигурен во тоа, нека си се разбере сам. Ваљда треба да покаже и он некој став ако е приморан да прави нешто против неговата волја. Прашањето е дали навистина сака да остане тука или сепак да оди во странство.
     
    На Just.do.it, Lady D ❤️, sj *O* и 6 други им се допаѓа ова.
  9. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    21.886
    Пол:
    Женски
    Јас и викам да размисли дали вреди да биде со него а не само да си го губи времето. Оти и он ако е таков како неговите не ќе може со оваа. Гледаш дека се два различни света.
     
    На BlackNight, Anyshka и SummerGirl им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.613
    Да да, земи си го домазет па да лечи комплекси на тебе цел живот оти си поимотна. Па уше и на 20 години селења, странства.

    Најди си некој од твоја бранша, млада си, цел живот е пред тебе.

    И ја коа бев копиљка многу веруев у шпански серии, али реалноста е другачиа. Мужите се комплексаши, ако си побогата, попрепичка, поинтелегентна од него, тури к*рот.
     
    На oblace1, Salome, Dust и 21 други им се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    5.318
    Допаѓања:
    21.886
    Пол:
    Женски
    Баш тоа и јас сакав да кажам, мажите неможат да се помират ако жената е поимотна, повеќе плата има, ако е посреќна од него.... значи неможат. Ќе почне тоа еден ден да му пречи и низ нос ќе и го извади. Додека не ја спушти под негово ниво нема да застане.
     
    На Salome, sj *O*, Anyshka и 9 други им се допаѓа ова.
  12. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.893
    Допаѓања:
    6.614
    Пол:
    Женски
    Кој е неговиот став? Има зборувано со неговите? Каде живее тој тука или странство? Студира или работи нешто? Имате разговарано за неговите и твоите планови во иднина? Ако да, дали гледаш иднина со него или не?
     
    На SummerGirl и daylight им се допаѓа ова.
  13. Cinnamon Bun

    Cinnamon Bun Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2017
    Пораки:
    566
    Допаѓања:
    5.995
    Пол:
    Женски
    Остави го тој да одлучи како сака. Ако замешаш прсти и одлучи да остане со тебе ама со пола срце, кога тогаш ќе пукне тиквата и ќе те обвинува зошто си го натерала со сила. Кажи му што е твојата желба, но дека оставаш скрос на него да одлучи. Сега можеби звучи убаво, ама во иднина има голема шанса да се осеќа подоле од тебе и како вие да го поседувате поради фактот што ништо од тој имот не е негово заработено.

    Исто така, родителите негови ги поддржувам во тоа што сакаат од синот да направат самостоен човек, што го поттикнуваат на чесна работа.
    Не се сложувам со твојот став. Сѐ бидува во животот, можеби утре таа физичка работа која што ти ја потценуваш ќе му се најде за да преживеете. Не можеш вечно да очекуваш дека твоите ќе ве помагаат со бизнисите. Не знаеш какви времиња идат, тие дипломи и магистратури може ќе вредат колку тоалет папир, но тоа што тој ќе биде вреден и способен за физичка работа секогаш ќе вреди.
     
    Последна измена: 2 јануари 2024
    На Cyclop, Anyshka, simoncelicius и 7 други им се допаѓа ова.
  14. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.081
    Допаѓања:
    3.593
    Пол:
    Женски
    Девојче не се бламирај. Која си ти да судиш? Дечко ти не е пионче во твојот живот, ако сака нека си иде со неговите, ако не нека седи со тебе. А ти овака ако ги понижуваш неговите, па доволно збори за твојата култура. Оди да те видам да работиш во Бургер Кинг на 100 степени во некое германско градче топ ќе си поминеш.
     
    На Orchidea, Just.do.it, raww и 11 други им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.202
    Допаѓања:
    4.246
    Кажи им: „како не гледате луѓе дека трулиот запад пропаѓа - иднината е на Балканот„. Полу-шега на страна (на пр. Канада), неговите треба да сфатат дека нивниот син станува возрасен и дека треба самиот да донесува одлуки за својот живот. Но тоа не значи дека не треба да се слушне мислење и на повозрасните.
    Рака на срце но тоа (веројатно) не се твои пари- корегирај слободно ако не е така, туку пари на твоите родители кои ти ги дале на располагање.

    Првично тоа не би требало да биде нивна работа, но бидејќи се работи за нивниот син, можеби сакаат да му укажат дека еден ден кога родителите ќе ги нема, можеби и парите ќе ги нема а со тоа и серијата удобности и сигурности кои тие пари моментално ги овозможуваат. Освен ако до тогаш не се оспособиш и ти да заработуваш во сличен или дури поголем обем, дали преку успшено менаџирање на наследен бизнис, дали преку твој личен, небитно.

    За да врските од типот на Пепелаш и принцезата на белиот коњ останат долгорочно функционални, битно е да го држи барем приближно чекорот со тебе, ако ништо друго, финансиски да си биде независен. Оти што ако утре речеш ајде се селиме на Малта, а тој рече дека мрзи сонце, сака Шведска? Или, ако ме сакаш - ќе ми даеш (пари). Или, ќе смее ли тој како домазет да противречи на твоите родители ако утре нешто не му одговара? Не велам дека тоа мора да испадне така или вака, но тие работи треба да се промислат, да се размисли и за иднината, не само моменталната состојба.
     
    Последна измена: 2 јануари 2024
    На minne992, Anyshka, IRBBB и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    18.909
    Пол:
    Машки
    Преубај коментари и замисли, на ваква не толку добро измислена приказна. :D
     
    На Ljubova, sj *O*, Amellie13 и 11 други им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    18.889
    Допаѓања:
    179.054
    А ќе си го посвоите или како?:D
    Ниту свое дете не би пуштила така, ни машко ни женско. Ко ќе бидете способни сами да си го вадите лебот, без мама и тато, тогаш филмови за форевер тугедр, дотогаш филмови стоп.
     
    На bicycle, sj *O*, Anyshka и 8 други им се допаѓа ова.
  18. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.359
    Допаѓања:
    13.335
    Пол:
    Женски
    На 18 и 20 години не ја гледам поентата да се влијае на мислењето воопшто. Прво не може да знаете ни за 5 год од сега кај ќе бидете (во смисла дали би биле заедно), а второ моментално се зборува за финансиите на родителите, а не ваши лични за да се донесуваат одлуки за иднината врз основ на тоа.
    Учете школо, градете кариера, што и да ве интересира лично двајцата во моментот, а во која држава ќе живеете во животот понатака, ако воопшто сте заедно до тогаш не е сега моментот да се одлучува.
    И јас имав дечко на 18 год со кој бев скоро 8 год после тоа, па ни на крај памет не ми беше по негов памет да тргнам со едвај завршено средно. Завршив факултет, се вработив, и кога дојде ред за животни одлуки, се разделивме и сега сум на 34год, мажена со друг со второ дете на пат. Така да не мисли дека се што лета се јаде.
     
    На BlackNight, sj *O*, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    2.170
    Допаѓања:
    8.873
    Пол:
    Машки
    Фајв минутс лејтер
    ...хехе
     
    На Just.do.it, Zumbulche, bicycle и 9 други им се допаѓа ова.
  20. Mrs. right

    Mrs. right Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    3.256
    Допаѓања:
    12.989
    Пол:
    Женски
    Со овој дел све си кажа дотичнава и јасно е како стојат нештата.

    Дно.

    Тешко на дечкото, со кого си има работа, го жалам.
     
    На bicycle, sj *O*, Anyshka и 3 други им се допаѓа ова.