Проблем со професор

Дискусија во 'Образование' започната од JollyGirl, 25 септември 2016.

  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    74.951
    Пол:
    Женски
    Не знаев кај да прашам, па ајде нова тема ќе отворам....
    Моја поранешна другарка се вработи како професорка. Порано бевме нераздели, најдобри другарки, ама ете еден ден пукна тиквата и нормално како што НИШТО не е вечно така и нашето другарство не опстана.
    Сега му предава на брат ми. Значи многу добро се познаваме кој сме и што сме, дома кај мене спиеше, заедно јадевме, пиевме, нормално дека и брат ми го познава, ама со него се понаша најлошо што може да се понаша некој професор.
    Само него го опомнувала на часови, само по него викала, само него го испрашувала уште на почеток од годинава. Нему не му се оди веќе на часови, ја пцуе дома, се дере, се нервира детево и вика повеќе не одам кај неа на час. Татко ми му вика оди на час, само ќути си и не прави проблеми, игнорирај ја.
    Јас па сакам да појдам кај неа и или со убаво да зборнам или по втор пат да ја отерам у пичку матер.
    Што е најтрагично татко и е заменик директор во школото (facepalm) значи во иста канцеларија седат со директорот и ајде оди пожали се...
    Што да се прави во ваква ситуација?
    Значи ние сме си имале проблеми и сме завршиле со неа, ама зошто вака на брат ми му прави, многу ми е криво. Тој не е проблематичен, туку најнормален ученик.
    Се докажува дека е незрела уште, дека се понаша ко детиште а ми изигрува профеор. Едвај се воздржувам да не направам нешто.
    Толку сум изнервирала, револтирана, бесна, лута....
    Еве и денес тој кутриот цел ден учи пошто му рекла дека многу зборувал следниот час ќе го испрашувала (facepalm)(facepalm) само него еј, само него....Луѓево светот го превртија наопаку, а тој многу зборувал ејј (facepalm)
    Само натажен доаѓа од школо, само нервозен....
    Па, чаре?
     
    На Antebellum му/ѝ се допаѓа ова.
  2. krEM4Eto

    krEM4Eto Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    1.391
    Допаѓања:
    4.238
    Пол:
    Женски
    Најдобро позборувај со неа што ако татко и е заменик директор претпоставувам средно е брат ти, таму не се исти правилата како со факултетите (не дека ќе го избркаат или нешто). Сигурно и други професори го знаат брат ти и каков е на нивните часови. Ако и смета само неа на крај краева пријавете ја никој не смее да малтретира деца и да ги дели. А таа мрсулката сигурно нема ни потребни документи за редовен професор оти тате ја в работи или на директорот пожалете се..
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    Прво некој од старателите на брат ти,значи некој од родителите лично кај професорката ќе се распраша што е како е и тоа кон неа однос строго професионално , не еј мила како си,што е работава со син ми. Потоа ако нема подобрување на ситуацијата кај класниот раководител реакција,па кај директорот и на карј во МОН, точно таа нема документи нан трајно и се вежба на брат ти.Ама вие многу и допуштате.
     
    На eloves, ku4ence, Vertigo TJ и 6 други им се допаѓа ова.
  4. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    можеби сте зборувале нешто лошо за професорката пред детето како што кажа и претходно сте имале приватни проблеми. Затоа можеби тој се однесува така на нејзините часови поради револт од тоа што го слушнал за нејзе?. Професорката не верувам дека го дисциплинира повеќе од другите ако е активен на часовите, веројатно ја мрази и така се однесува на нејзините часови. И јас сум ученик ама че кажам професорите се однесува кон нас како и ние кон нив. Кажете му на детето да си се однесува како кај другите професори и се че биди во ред.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  5. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Јас имав слична ситуација со професорка од средно каде што се работеше за татко ми , од порано ја избркала од работа и дојде да предава сметководство , жената ме знаеше и уште одма ме прозиваше само мене да не се смеам да не зборувам намерно ме испрашуваше ме вадеше на табла за глупости толку многу ми идеше на нерви и еден ден пукнав кога заврши часот ја побарав и и кажав дека јас не сум крива за тоа што се дешавало во минатото додека сум била само дете и почна да се правда дека не ме мразела дека немала ништо против се подзамисли и потоа прекина :)
     
    На Antebellum, Mr. Right, *Amethyst* и 2 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    74.951
    Пол:
    Женски
    @mentol не ја мрази тој неа, туку таа го мрази него. Тој нема никаков проблем со неа, му беше сеедно кој ќе му предава. Револт почна сега да искажува и да осеќа нервоза спрема неа пошто премногу психички го малтретирала.
    Со никој професор тој немал проблем пошто си е редовен ученик, добар на часови, си учи колку толку...ама со оваа голема мака си има детево. Тој вика нормално си седам на час, таа ете ја нешто ќе го спомне. Или за секој час ајде последната лекција само бројот на брат ми го кажувала....Значи таа е проблемот, а не тој.

    @krEM4Eto нормално дека се е со врски. Може уште го нема дозавршено факултетот, сигурно има уште испити ама ете си ја вработиле. Некој си чека 10 години за да го вработат, а таа уште нема дипломаска брането, ама татичко му го лиже газот на директорчето. Абе не ми е тоа гајле, со среќа нека и е работата, ама што се понаша ко детиште е проблемот. Од кал да е, од вмро да е....

    @NOVAVON знаеш како одат тие работи, секој со секого е поврзан. Што дека ќе му се пожалиме на директорот кога и татко и е тука залепен до него.
    Татко ми е пријател со директорот, ама вика ај да не правиме одма проблеми. Само прашање е кога ќе му дојде се преку глава и нему па да појде и лом да се направи со сите. Сакам посмерено да се реши работата, а не уште толку големата да се фати па да дојде до закани и тепања...
     
    На Antebellum, Mr. Right и krEM4Eto им се допаѓа ова.
  7. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    986
    Допаѓања:
    7.531
    Пол:
    Женски
    Е поради ова си патиме. Татко ти треба да разбере дека психата на брат ти т.е. син му е побитно од било што. Збори со татко ти нека седне со директорот. Ова може во сериозно да пререасне. Зашто на детето да му се создава одбивност од предмет и од училиште ради една т.н. “професорка“. Збори со татко ти да превземе нешто!
     
    На ku4ence, Mr. Right, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    74.951
    Пол:
    Женски
    Па татко ми гледа што се случува и како што пишав погоре му вика, ти само седи си, ќути си и игнорирај ја, а кога ќе дојде време јас ќе реагирам...
    Мене ме плаши пошто татко ми ќути дур ќути, ама ако се изнервира тогаш може и до тепачки да дојде. Го гледаш вака смирен, ама ако му дојде се преку глава пердуви ќе летаат...
    Се нервирам и јас пошто ова е заради мене.
    Па дури и другите деца приметиле дека го мрази, го прашувале: Што и е на професоркава маката што те мрази вака, да не се познавате приватно.... и сега се зезале и тие, ако нема креди на пример и сите како на зезање викале: ааа сигурно (името на брат ми) ги зел дома, или ако не се отвара прозор ааа сигурно (името на брат ми) го расипал....и брат ми се смее, ама после дома се нервира.

    Ми иде да и се јавам на телефон....
     
    На Mr. Right му/ѝ се допаѓа ова.
  9. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    438
    Пол:
    Женски
    СО од кал да е....нема лабаво...нема култура не ли е јасно се досега???Јас немам ништо лично кон никого но од околинава и нешто досега приметено ми станало јасно или ќе направиш да е ок или ќе виткаш грб цел живот под туѓа команда да не пишам диктатура.
    На крај ако со се се не оди, абе отпишете го, дај нека не го треуматизира брат ти, не е тоа шала.
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. mentol

    mentol Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2015
    Пораки:
    122
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    То вејче ако е така ги надминало и границите на однесувањето на професорката. Ако почнале зафрканции на негова сметка и од учениците најдобро е да се разговара со класниот, ако нема резултат и во државен просветен инспекоторат. И детево нека не и дозволи на професорката така да се однесува ако го малтретира нека и кажи каде и е местото и нека излези од часот нека оди кај службите.
     
    На NOVAVON му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    12.059
    Допаѓања:
    160.596
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува, каков непрофесионализам... :x Абе со најголемиот нејзин непријател да е во некаква роднинска врска - тоа на работното место не смее да го меша, таа е професорка и треба да го третира исто како сите ученици чии фамилии не ги познава. Шта речи... :|
    Кај класниот/класната сте пробале ли да се обратите? Или пак педагошко - психолошката служба... Јас те поддржувам Џоли, не треба така да се остави случајот, стварно не е фер за детето.
    Па и со врскиве бе... ах оваа чудесна земја! :|
     
    На eloves, honest girl, kim.k и 7 други им се допаѓа ова.
  12. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    74.951
    Пол:
    Женски
    Уште не зборнале моите со класниот, пошто брат ми сега брзо кажа дека толку го малтретирала. На почеток не се жалеше толку, ама сега не му се оди на школо заради неа.
    Се делат децата на школо, и тоа како се делат. И јас кога бев средно, една професорка му беше тетка на еден ученик. Буквално дрво беше детето по нејзиниот предмет ама таа јавно пред сите си кажуваше: -Знаете дека Филип ми е внук, па секако ќе има петка....и ајде ти оди расправај се....

    Ете утре имал кај неа час, па ќе видиме како ќе се понаша. Јас не знам како не и е ни малку срам така да прави. Мене ни би ми текнало на памет нешто лошо да и правам на сестра и, пошто што се криви други луѓе? Тоа е помеѓу мене и неа...
    Ама ете, патетична си е личноста. Плус татичко е директорче тука, па си има позадина девојката.
    Појди кај службите жали се, се е џабе пошто татко и е над нив....појди кај директорот жали се, пак џабе пошто татко и му е другар, заедно седат во канацарија, заедно по цел ден кафе пијат.
    Мислиш директорот би превзел нешто за ќерката на најдобриот колега и пријател?
    Тоа за врските да не коментирам :x се знае како одат тие работи кај нас.
    Ако си член на вмро, ако имаш јака позадина, ако имаш татко/мајка/чичко/тетка/вујко што лае по штабови, ќе се вработиш без доплома....инаку чекај си.
     
    На Mr. Right, Someonespecial и kjukli им се допаѓа ова.
  13. I I

    I I Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2016
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    616
    Пол:
    Машки
    А, случајно дали си ја повредила, или пријателството меѓу професорката и тебе престанало како резултат на твоја грешка (преземање дечко, дали случајно нешто и должиш, си ширела невистини во врска со неа), па да се води од изреката "покрај сувото гори и суровото". Те молам не сфаќај ме погрешно, не сакам да те навредам, но малку појасни ја причината за раскинување на твоето пријателство со професорката. Патем, би те советувал да му објасниш на брат ти да си го исполнува неговото ( нека учи колку што можи, и да не влегува во кавги со неа).
     
  14. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Ова ти е како ај нека трпи , жената нека го малтретира од да учи , нема значи и да сака неможе се ставра одбивност кон предметот и професорката и све ... Си има институции за тоа ништо не треба да трпе он си е ученик она нема право да го малтретира фино лепо ке ја пријавете не вмро кој сака нека е ке си го подвие опашот многу лесно :)
     
    На eloves, oblace1, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.317
    Пол:
    Женски
    jas bi ja prijavila pa sto saka neka bide brat ti moze da ode i vo drugo uciliste da uci znam kako e da si maltretiran mene me ponizi edna profesorka ednas kako sum bila oblecena oti bev siromasna
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.317
    Пол:
    Женски
    e toa e najbolnoto sto nekoj sto uce i saka da uce ke nema pari da prodolze na fakultet kako mene ke rabote za minimalna plata vo ovaa nasa zemja a nekoja takva neka mi oprostat na vulgarnosta sega nepismena ke izuce fakultet so vrski i so pari i ke se zaposle vo skolo da im predava na decata moree ti poduci go brat ti da ne se plasi da ja prijave
     
  17. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.247
    Пол:
    Машки
    Видете дечки, и случајно или намерно @JollyGirl да ја навредила или направила нешто, нејзиниот брат нема никаква врска со нив две. Значи таа ќе има проблем со Џоли, а не со брат и`. Ако јас имам нешто против Џоли тогаш ќе ја имам на пик неа, а не нечиј брат или сестра, сеедно.
    Втора работа, таа таму е на работно место. По автоматизам треба да ги исклучи сите проблеми кои ги има со Џоли или некој друг и да се понаша соодветно со нејзинатга професија. И не е важно ако е пикната со врски или татко и` е директор на школото. Над нив двајца има уште некој со повисок статус. Многу сум против вакви работи. Значи што ти е детето криво? Тој е само еден од многуте ученици таму и така треба да се понаша со него, а не вака идиотски. Исто и кога се работи за професор кој му предава на својот внук или не знам што. Значи не сакам никакво попуштање. Па што ако ми е внук? Ќе си учи и ќе си добие оцена колку што заслужил. Образованието не е пазар па ќе се пазариме со оцени. Ај овој му е дете на добар пријател, па стај му 5-ка. Никако вакви работи!

    @JollyGirl видете што ќе ви каже утре брат ти и ако продолжи вака слободно да реагирате. Ама немој ти да се јавуваш, туку мајка ти или татко ти. Лично нека отидат таму кај неа и нека каже кој и` е проблемот. И нека бидат малку строги и дрски, зашто со убаво со вакви луѓе не бидува. Ако пак продолжи директива во МОН и поднесете пријава. Тогаш ни татко и` нема да ја спаси и може да ја загуби работата. Само строго и не попуштајте.
     
    На eloves, H.VAGA, Dabria и 7 други им се допаѓа ова.
  18. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.990
    Допаѓања:
    281.953
    @JollyGirl mora roditel da otide.
    Ako se pojavis ti,sigurna sum deka ke zgresis.Kaj nea raboti revansizmot sega i se sveti preku deteto.
    Neka zborat so nea vo pravec deka deteto e voznemireno i deka smeta oti nepravedno postojano se obvinuva.Neka bidat odbrani zborovi.
    Ako i ponatamu prodolzi so tortura,togas ti ke nastapis.Vo ime na vaseto peijatelstvo ke ja predupredis da prestane za da ne se odi na povisoko nivo...direktor pa i minister pa ako treba i site televizii.
    Neli taa ne pocituva etika oti pa vie fini i kulturni da bidete.
     
    На tina-63, eloves, iloveyou29 и 7 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.702
    Допаѓања:
    74.951
    Пол:
    Женски
    Дечки, фала ви на сериозните коментари и совети. Како што кажав утре има час кај неа па ќе видиме што ќе биде.
    Да се отпишува од школо за еден професор нема смисла. Тука му се другарите, тука му е симпатијата, тука му е најдобриот другар...нема да сака....
    Да откривам што е проблемот помеѓу нас две, исто така нема смисла, пошто гледам некој нема работа па зел отвара профили уште ќе се зеза овде.
    Што и да е, тоа е помеѓу нас две, а нема никаква врска брат ми.
     
    На eloves, Victorian, Dabria и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.247
    Пол:
    Машки
    Ќе видите утре како ќе биде, па извести нè.
     
    На joy1 и JollyGirl им се допаѓа ова.