Da e moe dete ne bi kjutela pa sto saka neka bide. Joli reagirajte so tvoite. Ne mu se plasi deka tate i e zamenik direktor. Brat ti e povazen od se.
@JollyGirl за ова не се бара совет на форум, едноставно се реагира. Родителите патот под нога и во училиште да си го кажат проблемот. Ако нема спас, па ќе се смени и школото. Е сега, таму му биле другарите, симпатијата... За се има навика и одвика. Другари и симпатија ќе си најде и во новото школо, ама траумите се засекогаш. Инаку, сум предавала на дете чија мајка не да не ја сакам туку НЕ МОЖАМ ДА ЈА СМИСЛАМ. Детето си одговараше и му ставив петка и беше третирано од моја страна како и секој друг ученик.
Да беше професорката стварно добра ке знаеше и дека нема лоши ученици, самоо лоши професори. Ако професор не знае да задржи внимание и да предаде материја ко што треба нека не очекува дисциплина и знаење од учениците.
За ова Сесил не си во право. Не да има лоши деца, има деца кои можат да те доведат до лудило и на кои ништо живо не им го задржува вниманието. Тоа само знае да се клешти како недоветно и толку. Ама и таквите мораш да ги истрпиш кога веќе си се определил за професијата или едноставно да се научиш да ги игнорираш... А дека има и лоши професори и тоа како има. И неписмени, и несериозни и секакви.
Татко ми не сака уште сега проблеми да се правеле, може ќе се смирела ситуацијата па да сме почекале....ама му реков, ете уште утре ќе каже како се понашала со него па ќе биде што ќе биде.
Ама баш. Децава денес не се како ние што бевме. Не фермаат многу авторитети. Леле да ми е мене оваа. Да ми малтретира брат или сестра или дете.
ЕјмЕ тие деца што ги спомнуваш не се исти со секој професор, не му противречат на секој, не влегуваат во конфликт со секој, само со поедини професори. Пред други ни ,,А,, не викаат, истите деца.
Не е точно. На наставнички состанок сите едногласно се жалеа од истите деца. Сега да не зборуваме за пујки наставници кои децата ги прашуваат и кој број гаќи носат. Тоа не. Зборувам за стварно проблематични деца кои не фермаат жива сила!
На брат ми му е глупо да и пререче нешто пошто ја познава. И не можеш на крај да излезеш со такви психи... Пример го станува ајде број 5 последната лекција....другиот час, ајде број 5 последната лекација.....третиот час пак го станала и брат ми и рекол: Извините професорке само јас сум ученик тука? Видете околу уште колку ученици има, јас за сите ли ќе одговарам? И таа одма: Ти со мене ќе се расправаш? Еве ти минус, поправај го... И брат ми што да рече? Седнал и врие во себе. Се осеќа и дома дека е понервозен, плус во тие луди години е... Безобразна, ми иде да и појдам и косата во раце да и ја оставам.
Колку и да се проблематични со строгите професори се едни деца, неписмените професори се други, со стварно добрите професори и тие покажуваат некаква почит. Јас учев у средно со доста проблематично дете, не дека на часевите од строгите професори не изведуваше ништо ама многу по,,благо,, беше тоа во однос на оние полуписмените што од лекција се префрлаа на муабет кај биле на свадба и како поминале на одмор. Со тие и колегите нивни се зезаа и тоа пред ученици.
Денешните деца си ги знаат своите права, секако и одговорности и немаат страв од професори. Така и треба. Ќерка ми еве втора недела како повторува дека една од професорките не предава убаво и очекува дека ако нешто не се смени, на родителска треба да реагираме. Е сега, баш по тој предмет до лани имаа екстра професорка, па оваа сега не го задоволува оној критериум кој ќм го бара. И има право да бара.
За мене нема строги професори, или е добар и достоен за почит или е арогантен и не го бива за професор. Инаку Џоли жалете се кај класната најпрво, па од таму искрено не знам ни јас како би било, со оглед на врските што дотичната сигурно не ги признава.
Јас реков дека многу зависи и од професорот, ама дека секако проблематичните деца се тие. А тебе како професор не ти е битно дали тој РЕМЕТ е од поголеми или помали размери, битно е дека со едно негово исклештување ти го изместува текот на целиот час и го одвлекува вниманието на сите деца, па ај после пак 5мин додека да ги вратиш во колосек и отишол часот и концентацијата на сите. Не ти треба да се качи на клупа за да ти ги скине живците, поентата ми беше тоа. За образованието наше не сакам да зборувам. Бев, видов и НИКОГАШ повеќе. Се е отидено во неповрат. Неписмени партиски вработени наставници, разлигавени деца, уште поразлигавени родители. Ха - ос!!!
Можат ама баш сите да бидат мирни кај некои професори. Имав јас еден, абе мува да прелеташе ќе се слуша. Најнемирните ќутеа. Како успеваше професорот - не знам. Јас не зборав на часој, ама него го почитував ради то шо му беше предвидено го праеше и умееше да го пренеси на најразбирлив начин (уште една професорка имаше моќ сите да ги има под контрола, заедничка работа, исто така предобро предаваше, мала разлика: она знаеше и малку да релаксира кога е потребно, а овој првиот беше многу строг). Сме имале и дрски професори, такви се плодна почва за немирни деца. Конкретно за ситуацијата, мора да се преземат мерки, ни едно дете не го заслужва ова.
Сестра ми си го плаќаше секој мој долг , малце во основно па и во средно . Бев од така проблематични студенти , каде што имаше неправда (мито) кревав бунт. Се расправав со од Проф. до директор митаџии ... Си го извлеков дебелиот крај ама и тие не останаа туку така. Секако правдата си излезе на виделина ама подоцна. Среќа па нејзина , снаодвила е си избега . Чаре @JollyGirl да се префрли можда во друго училиште? Ние така го решивме проблемот. Она се тресеше на секој . На моја "свала" беше на мета.
@JollyGirl жал ми е што преку твојот пример ќе констатирам дека да имаш најдобар пријател/ка ти е меч со две острици и во 90% од случаите понатаму во животот станувате крвни непријатели, некогаш со добра причина, некогаш банално за тотална глупост. Оваа т.н. професорка твојата “пријателка“ се однесува како комплетно искомплексирана личност која веројатно заради лични закачки со тебе од минатото поради што веќе не сте пријатели, решила да ти се одмаздува преку твојот брат. Тоа е најголем кукавичлук според мене што може некој да го направи, без разлика дали е машко или женско. Ако има храброст нека се соочи со тебе, а не како незрела тинејџерка да се реваншира преку брат ти. Сигурно е вработена преку врска штом таткото и е заменик директор. Се надевам ќе најдеш брзо чаре за оваа ситуација, но со оглед на тоа што го пиша ќе оди малку потешко. Во секој случај нема шанси ова да трае вечно, не го дозволувај тоа! Радикални ситуации бараат радикални решенија. Што викаш да направиш мини скандал и да отидеш на настава кога професорката држи час кај брат ти и пред сите ученици на учтив начин да и кажеш да не се однесува така спрема него?? Можеш да ја засрамиш на фин начин без расправање и викање, затоа што тоа и го заслужува! Друга опција ти е да ја пријавиш кај директорот иако татко и е заменик директор, па што? Има кодекс на однесување за професорите и не може да се однесуваат одмаздољубиво према учениците, тоа е недозволиво! Трета опција да се јавиш на екс другарка ти и отворено да ја прашаш зашто така постапува према брат ти и отворено да и кажеш дека случајов ќе го издигнеш на национално ниво и ќе заврши во вести во една од националните телевизии. Слободно закани и се, ќе си го подвитка опавчето како кротко маче.
Многу сериозни коментари ама многу и нереални коментари. Како може детето да му го покаже местото на професорот? И да е некоја нормална професорка, штом ученикот ќе и го покаже местото готово е со него, му се става кец па нека го поправа во август, а не па оваа што намерно го малтретира детето. Тоа е нереално значи и џабе е дадено како совет. Најдоброто што може да се направи и е во границите на реалноста е тоа што пишаа повеќето, треба да отиде родител да и каже вака и вака, или нека се однесува професионално или ќе ја пријават. Е сега тука има друга пречка, таа сигурно има врски во министерство штом татко и е заменик директор, а кај нас на тие позиции се знае какви луѓе се. Така да најпрво пробајте со убаво, ако не успее, тогаш пријавете ја. Ако и тоа не успее, пријавете ја пак, не може вечно да ве игнорираат, треба само да се биде упорен. Да беше 2011-2012 ќе ти речев џабе ти е се, не и можеш ништо. Ама сега со упорност можеш многу, не треба човек да се плаши ниту откажува. Не ти може ништо никој се додека не кршиш закон.
И нашите деца не се цвеќиња за мирисање. Секој си знае какво му е детето дома. Уште полоши се кога се надвор. Денешните деца не ги почитуваат сопствените родители а камо ли професорите. Тоа што општеството ни е чорба-каша и што "се" се вработи во образовните институции е дополнителен проблем. Имаме и ние еден што мириса на ракија кога доаѓа на час. Како да го почитуваат учениците, кога тој сам не се почитува? Не ја знам причината за разделбата со другарката професорка. Најдобро би било да и се јавиш и да ја прашаш општо за брат ти, доколку чувствуваш дека имаш слобода да си направиш таков муабет, а таа можеби ќе си каже што и тежи на душа.
И децата не се како што треба ама и професорите не се. Татко и директор -таа наставник. Татко му професор на факултет - детето асистент И не само во образование..... И во други сфери се случува истото....најмногу во здравството