Еве дојде пред малку од школо и вика подобра била денес. Дали и таа чита на форумов, дали е затишје пред бурата не знам Го станала сепак да одговара, му поставувала некои прашања што се наоѓаат под некоја слика со ситни буквички, и сите почнале да се смејат, тој нормално не знаел убаво ( а вчера се пукна од учење), ама сепак не се испонашала толку лошо. Им се развикала на другите зошто се смејат и рекла во ред, солидно е.... Ќе видиме ситуација деновиве пак. Инаку некој пишал за да и се јавам....не можам да се јавам пошто немам контакт со неа, значи скарани сме, не зборуваме, па како да и се јавам? Друго тие што пишуваат дека и децата не се цвеќиња за мирисање, тоа е точно....ама јас брат ми го познавам каков е, а ги познавам и тие што НЕ СЕ цвеќиња за мирисање. Брат ми не може да се спореди со нив, пошто некои на глава им се качуваат по професорите, ги пцујат на час, се тепаат, а брат ми дека се завртил назад или дека се накашлал, треба да му се дере? Плсу таа само името на брат ми го знае (пошто нова е) и другите ученици да и се покакаат на катедра нема да знае како се викаат, пак може брат ми да го каже.... п.с. не си се зезајте луѓе, пошто стварно лошо е да си фатен на пик од професор....посебно од чиста мира, посебно кога сестра ти е крива за тоа....да, јас сум крива ама мене нека ми се одмаздува а не нему....
Сигурно има фб профил. Доколку сметаш дека е нешто нерасчистено помеѓу вас тогаш пиши и и отворено и кажи дека што било меѓу вас така да си остане и да не ти се осветува преку брат ти. Не знам што била причината, но доколку таа се смета за обесправена потешко ќе ти оди разговорот со неа.
Јас сум од тие учњници/студенти кои биле цела школска кариера со петки, освен физичко, од еден дибек кој упорно ми лставаше 4ка поради тоа што не сум го знаела убаво пајдушко, а јас 9 години одев на играорна. Дибек! Ама татко ми на времето бил сведок како дибеков убил некое животно и кажал пред полицијата и на мене се светеше идиотот. Демек 4ката по физичко ме уназади во животот. Прва прилика кога се видовме после основно, му беше добар пријател на дедо ми исто професор во школото по друг предмет,се поздравив со сите освен со него, ми пружи рака ама не возвратив, му кажав дека и покрај неговата посрана 4ка имам стипендија за талентирани ученици и не ме ни тангира неговата 4ка. Дедо ми изреагира, ама останатите колеги ме подржаа, никогаш не се сложија со него за оценката и стално им беше причина за кавга на наставнички. Идиотот малтретираше постојано по некој ученик, пред да замине во пензија бил као и истепан ради тоа, некој татко го предупредил неколку пати ама овој се правел наудрен. Сакам да кажам, има наставници/професори кои се страшни, а има и такви кои се феноменални, на една од нив и правев проект за куќа и до ден денес се дружиме, сме многу блиски. Очигледно дотичната професорка е од калибарот на првите.
Заебете вие муабети дека децата се криви, дека се со врски и дека не се цвеќиња за мирисање. Училиштето е воспитно-образовна установа а сите сме луѓе со различен темперамент. Да имаа денешниве професорки некое познавање од педагогија ќе умееа да го ангажираат секое дете за некоја работа. За да добијат почит мора да дадат почит, ако се постари не значи дека секогаш се во право. Најголема грешка е што уште од почеток се поставуваат како страшни и непријателски се настроени кон потемпераментните деца наместо баш ним да им посветат внимание и да се обидат да ги научат нешто. Како и да е, отидов оф топик. Искрен совет од мене ти е да го заборавиш тоа пријателство, какво и да било. Сега, без разлика на тоа дали вие се знаете и дали се имате дружено таа психички се иживува и си ги лечи комплексите врз твојот брат. Ако таа не е доволно зрела да сфати што прави, тоа биди ти. Жали се секаде каде што можеш, биди спремна да направиш нешто сериозно од оваа ситуација. Свесна сум дека Македонија е земја каде што се функционира преку врски и искрено не очекувам веднаш нешто да се превземе, но ако бидеш доволно упорна можеби барем ќе му ја сменат, да не му предава. Глупача недокажана.
@JollyGirl кажи му на татко ти подитно да оди кај класниот раководител и да му каже колку многу го малтретира брат ти. Тоа што ти и таа сте скарани си е меѓу вас и не значи дека треба да му врши терор на брат ти кој не е ни крив ни должен. Ако татко ти е толку тивок,нека оди мајка ти да разговара со класниот раководител.
Секако ми е заборвено тоа пријателство уште пред некое време, јас не реков дека ја сакам неа за другарка Јас додека се жалам, додека се превземе нешто, ќе заврши учебната година За да се промени професорот треба петиција сите ученици да собираат, па и моите да појдат на разговор па триста проблеми.... @mode-kristina не е татко ми тивок, туку не сака проблеми пошто како што спомнав дека се пријатели со директорот. Сака да и даде шанса на професорката (што нему може буквално ќерка да му биде) за да се смири, и верува дека ќе се поправи ситуацијата. Тој ако појде таму не верувам дека со убаво ќе зборне...собира се во себе и на крај ќе експлодира. Може да биде и најсмерен човек, ама може да биде и најбесен...во зависност од ситуацијата... Таа дома кај нас идеше насекое, спиеше, јадеше, заедно се спремавме за излагање....и сега татко ми оди да зборува со неа за синот таа од него е помлада 30 години....татко ми ако и појде тешко дека на културен начин ќе зборне пошто го нервира и него очигледно. Плус класниот е од кај ЗАЈКОВЦИТЕ, а останатите сите се ЛАВОВИТЕ....така да, тој може само да си ги крева рамената пошто не е баш битен во приказнава. Млад, згоден, културен ама сдсмовец е и кутриот го газат сите... И сфатете, скарани сме...значи не зборуваме ич со неа. Како што реков не можам да и се јавам, тоа значи дека не можам ни да и пишам на фб. Ја имам на фб ама НЕМАМ контакт. Ни таа ме избришала, ни јас сум ја избришала од листата на пријатели....ама и да пишам нешто, таа само seen би ми оставила. Ама ајде уште на почеток е сега, не знае како да се понаша со ученици, па лечи комплекси. И таа во средно имаше проблем со една професорка, па може треба да ја потсети некој на тоа време колку се нервираше, како викаше дека има кнедла во грло кога одговара пред неа, како гласот и се губеше, како се тресеше од нервоза, како плачеше....сега исто така таа лечи комплекси на брат ми. Се се врти, се се менува само глупавоста останува....
Го читам постов... и некако сум на два ума. Ти неможеш да бидеш сосема објективна во коментирањето, бидејќи брат ти ти е брат, а со професорката сте скарани. Секако дека ќе бидеш на страна на брат ти. Детето да речеме дека е мирно и си учи. Професорката секако ќе треба да најде време и да предава, и да ги оцени сите ученици. Што значи, неможе она секој час да го „дере“ брат ти ако сака да си ја врши работата како што треба. Од друга страна, ако навистина сакате да биде опомената ( да не се оди одма во МОН или незнам каде ), со родителите пожалете се на директорот, или ако несакате бидејќи работи со татко и на проф., тогаш заменик директор, педагог... итн. Нека повика педагогот 3 ученици од тој клас анонимно, без да знае ниту брат ти ниту професорката кои се, и нека ја раскажат ситуацијата од час. Ако навистина е тоа така како што викаш, нека ја следат професорката. Нека и се уфрла некој среде час, да не знае во кој момент ќе е проверена. Ако навистина е злопамтило и се свети за нешто, а е паметна, ќе си седне на брашното. Ти најдобро знаеш зошто сте се скарале, и ако барем еден процент е твоја кривица, внимавај во иднина, расчистувај си ги работите. Јас да сум на место на брат ти и да знам дека на пример ти си крива за караницата, многу повеќе би ти била лута тебе, отколку на професорката. Затоа што гледаш - кругот се врти, и за наши грешки понекогаш се случува да плаќаат нашите најблиски. Ако не си, тогаш навистина е несреќен случај, и обидете се да го решите на што помирен начин, да нема трауми детето од школо па да му се одразува во иднина на понатамошното образование.
Добро бе , од ваков НЕпрофесионализам ми се ГАДИ ! И во мојот клас имаше вакви кои се умилкуваа на едни а малтретираа други
Да разговарате со директорот на училиштето најдобро. И јас моментално сум во конфликт со еден професор незнам зошто но не ме поднесува, се и смета кај мене, стилот на облекување, музиката што ја слушам, зошто сум пишувал и цртал со лева рака..... Исто така и нејзин син учи во моето училиште па често знае да ми покажува сила.
Пошто нели јас си го познавам брат ми каков е, па ако знаев дека е немирен, дека заслужува така да се понашаат лошо со него, дека не учи, дека е откачен...зошто би отворила тема? Јас баш би сакала брат ми да беше таков и да и се спотиставуваше за се, да и одеше се контра и да не му беше гајле за ништо...ама не е таков, пошто има осет и мозок, многу му ја мисли, па затоа и темата е отворена. Тоа што е на почеток пишано, таква е ситуацијата. Заменик дирекот е татко и, па кај него да појдиме да се жалиме? извини директоре, ама ќерка ти претерува в крај, можеш да си ја прибереш? И најјакото прашање: Зошто мене брат ми да ми се лути, кога таа е психички растроена? Тој кога би ми рекол дека ми се лути и дека заради мене не му се оди во школо, дека јас сум крива, дека заради мене има психички проблеми...па поарно најсилен шамар нека ми закачи отколку тоа да го слушнам. Јас ако појдам таму мислам ќе се влоши состојбата. Пошто таа е таква, пред тебе се смее, зад тебе гроб ти копа. Ако сме раскарани и немаме контакт 1000 години, кога би ме видела ќе ми рече: Леле кај си па ти? Од кога не сме се виделе, па како си? каде си? .... и после ќе го доотруе брат ми на час.... Расчистено е помеѓу нас две, ама очигледно во нејзината глава уште не е...
Џоли згрешила на Пит и сега се разведуваат, да видиме дали нашава Џоли направила некоја беља. И да направила, професорката нема право да се однесува непрофесионално! Не треба да се игра нефер со удари под појас! Ако професорката е повредена треба да се одмаздува директно на Џоли (не е ова некоја утеха но барем братот и нема да страда). Кукавички е одмаздување преку деца, браќа, сестри итн. Психопатски исто така. Безболно решение на хартија: ученикот што е под тортура предметот да го слуша кај друга професорка. Работата е што ќе се дознае зошто е така и ќе има оговарања, знаеш деца во тие години...
Леле, те малтретира буквално за глупости. Уште за што не ќе вршат терор. Очигледно е дека е некоја неписмена и очигледно треба да научи дека секој има различен вкус,различен став и дека има полно луѓе што пишуваат со лева рака. Плус тоа за тие што пишуваат со лева рака,велат дека најмногу ги бива за најтешките предмети. А нејзиниот син што е таков со тебе е поради професорката,бидејќи мајка му е,а велат дека нема лоши деца,туку лоши родители. Неговото знаење,односно НЕЗНАЕЊЕ ќе се види подоцна.
Тоа е, нема што да се прави, прост човеч си е прост и неможеш да му докажеш дека ако си навивач и слушаш хип-хоп музика дека си наркоман или хулиган.. Го чекам денот кога него ќе го вадат од болница а мене од полиција и онака е половина од мене. Една година да гледаш како и мајка и син ти се качуваат на глава е навистина многу, незнам кој би издржал....
Се мислев дали да пишам од ова денес што се случило....ајде ќе пишам чисто информативно да знаете какви личости работат во образование. Денес кога брат ми одел во школо, во исто време и таа влегувала, и заедно по скали се качувале, па му рекла: Не сум те видела насамо, како е сестра ти? Ок ли е? И тој кажал: Да добро е фала на прашање. И таа рекла: Знае дека ти предавам, нели? Поздрави ми ја многу......И толку од тоа, се разделиле, чао пријатно... После неколку саати, ете ја на час кај него....нервозна, напукана....почнала да им предава лекција ама многу ја нервирале (дека си шепотеле некои) и зела да ги испрашува со ред. Нормално повеќето биле неспремни, и кога дошла кај брат ми тој знаел (пошто секој час од трауми чита за кај неа), почнала уште повеќе да го испрашува, тој пак знаел, па почнала дури и нешто од лани да го прашува (иако не им предавала лани). Тогаш послабо знаел, рекол: Сега не ми текнува на ова од лани....и му се развикала: ЗНАЕШ ИЛИ НЕ?, рекол Не знам. Ок му рекла седи, и ја станала ученичката најмногу што знае во класот да го одговори прашањето. Кога тоа девојчето одговорила, оваа "професоркава" пак на брат ми му се обратила, со дерење: Ете сега се сети?? Како може ова да го заборавиш??? Ова мора да го знаеш, јасно ли ти е?? Наместо да си праиш муабети со другарот до тебе слушај....(а брат ми вика само кај неа уста немам отворено....ама кога мразиш некој, нели се ти смета и влакно во јајце ќе најдш) Сите неспремни биле и ништо не им рекла, а само брат ми знаел и пак нему така му се испонашала, зошто не памтел нешто од лани....ок..... Ама тоа не е се. Пошто почнале да се бунат сите дека изненадно ги испрашувала, почнале да се дерат некои, фатила сите машки ОСВЕН БРАТ МИ, ги запишала за казна. Значи само женските и брат ми не ги запишала. Класниот дошол со дневникот, што е ова, блабла, им се дерел....и сега сите се прашуваат зошто само брат ми од машките не е запишан. Значи не се многу машки, и мирни и немирни и глупави и паметни СИТЕ ГИ ЗАПИШАЛА, и нормално одма паѓа во око зошто само тој да не е запишан.....сите почнале да викаат: Ааа имаш ти врски, која е оваа, што ти е оваа, што е работата....Брат ми се изнервирал и на класниот му рекол аман и мене запишете ме тука за казна ве молам.... Дојде дома нервозен, кажа што му се случило, главата и стомакот го болеа од нервоза и вика мене ми е страв од неа. И на цел клас ни е страв ама мене посебно многу ми е страв, не можам да ја поднесам веќе или ќе ја убијам или не одам никогаш на школо......Татко ми вика батали ја и не се нрвирај, ама мајка ми се запали рече: Какво баталување, утре одам кај директорот и цело школо на глава ќе им го урнам.... Што и е сега финтата еве не знам. Дали сака да го раскара со другите ученици? Дали сака да го дели од сите, дали сака да го мразат сите, дали на сите ќе им се одмаздува заради мене? НЕ ЗНАМ.....Досега не ме спомнала мене, и баш денес ме поздравила и такви работи направила. Дали можеби ЧИТА НА ФОРУМОВ, дали така и текнало...не знам....битно отворете ги очите и гледајте кој им предава на вашите деца, браќа/сестри.....Јас уште не сум во игра влезена, уште набљудувам од страна.
Професоркава неможам јас да ја поднесам што читам овде , а ни брат ти го познавам , ни неа , ни тебе . Побрзо превземете нешто , јас да не ја носам по ѓаволите , мразам неправди
Тебе ако те нервира, замисли мене како ми е само седам, вријам и ќе чекам утре мајка ми што ќе направи... Битно си ме поздрави мојата бивша демон другарка...
Изгледа мирни фини васпитани деца што им одат на професорките по ќефот. Дека учат, затоа се такви, ми стои дека во јако школо се дешава сето тоа. А совет не знам што да ти кажам. А да пробаш да се соочиш со неа? Заради брат ти. Нема смисла. Греота за детето..
Денес не ни појде на школо демек болен е. Мајка ми појде кај директорот ама директно замина на работа, па се нема јавено уште што направила. Ќе се соочам јас кога ќе дојде време. Сега станала професорка и мисли Господ за муда го фатила....ајде се надевам може МЛАКУ ќе се среди сега дека и мајка ми појде...