Проблем со професор

Дискусија во 'Образование' започната од JollyGirl, 25 септември 2016.

  1. korisnichka

    korisnichka Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    607
    Допаѓања:
    1.394
    ќе се среди, мора од некаде да се почне :)
     
    На JollyGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  2. cupcakeb

    cupcakeb Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2013
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    121
    Пол:
    Женски
    Имав сличен проблем со професорка. Баба ми е исто така професорка само во друго училиште и му предавала на ќерката на професорката, девојчето не учело многу а баба ми е доста строга и бара знаење и имала пониска оценка кај неа па зато оваа мене ми се одмаздуваше. Цело време само мене ме станваше, ме обвинуваше дека препишвам, ми пишеше помали оценки, колку и да ми беа точно одговорени прашањата ми ги пречкртуваше. Не ми се одеше поќе на училиште, колку и да учев та бараше уште а на другите му пишеше оценки така. И татко ми и мајка ми беа кај неа да видат во шо е проблемот но та беше убедена дека јас не заслужвам поголема оценка и се држеше до то. Во сите петки само од неа имав помала оценка. Веќе другата година го смена односот кон мене, почна поубо да се понаша и дури и чудно ми беше. Веројатно сметала дека веќе е одмаздена. Нека одат родителите кај неа а ако неможат да го решат проблемот оди ти, та очигледно има уште недовршени работи со тебе па му се одмаздува на брат ти. Со нејзиното понашање само покажува колку е незрела, не секој заслужува да биди професор.
     
    На eleeniiv, JollyGirl и Dabria им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.444
    Допаѓања:
    165.442
    Пол:
    Женски
    А чекај, ваквите професори, не ги сфаќам. Нели нив лошо им било, зошто сакаат пак лошо на други деца да прат? Е*ате глупите. :smoke: (facepalm)
     
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Ако нема дозавршено фалутет некој "професор" (нема диплома во рака) или ако предава предмети што не ги слушала на факултет, пример на економски има многу подгрупи и предмети, па некои не си ги слушал а сега ги предаваш....тогаш што??
    Може во министерство да замешам прсти и да ги известам батките таму??
     
  5. Sandzesss

    Sandzesss Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Здраво
    Оваа година професот по историја се закачи со мене.Почна да повторува по мене јас што зборувам па дури еднап дојде до ситуација да ми се смее цел клас па дури и тој и така секој час јас кажам нешто тој повторе јас му кажам еднаш тој се прави дека не слуша па ми вика не слушнав јас пак повторувам и тој почне да ме имитира како сум одговорила некогаш ако му кажам потивко тој повторе лигавешки и во вторник ме прашува дали сум учила јас му викам дека не сум му кажав погласно мислев можеби поради тоа да ме зафракава ама тој вика мојот одговор било како да му се карам и кажа на децата некој нешто да го праша тој одговори како што јас одговорив ама уште погласно и на мене ми здодеа секој час да ме зафракава и да се смее на моја сметка и му викам што има тој против мене да разрешиме тој ништо не рече и ја си кренав отидов во училницата и тој доваѓа да го решиме и ја му кажувам дека несакам такви шали дека ме повредува со тоа,но му кажав со висок тон бидејќи озбилно мр многу изнервира и тој кажал на класнатаи ме прашува што е работата и јас и кажувам и потоа децата ги прашува дали само со мене се понаса така тие кажаа не дека со сите се зафракава тој се зафракава точно со сите ама не вака како што се зафракава кон мене нив ги зафракава да го частат кога и е именден на некој дали и него ќе го водат на одмор и такви шали,а со мене др и сега таа мисли дека јас лажам на мене не ми верува не ме ни праша како ми е мене да можеби да се ситници за некои,но за мене не е јас несакам такви шали и да кога се сретнеме во ходниците кога сакам да го поздрвам тој се прави како да не ме познава и се смешка под мустаки а др ги поздравува па јас што да помислам освен тоа и сега од вчера се нервирам дали сум правилно постапила или не сум дали требаше да си молчев и да ги слушам неговите повредувачки шали за мене или незнам што.Може ли некој да ми каже дали е тоа правилно што сум го направила и како би вие постапиле да бевте на мое место.Ве молам без глупи коментари.Озбилна ми е важно бидејќи јас неможам да трпам такви шали и некој да ме исмејува не можам
     
  6. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Буквално ова ми се има десено на мене од 6то до 9то со наставникот по македонски.Со сите се шалеше иако не му беа интересни шалите , а мене ме малтретираше психички буквално ми се исмејаваше само.Јас мирна ученичка бев и не враќав на ништо ама буквално ми ги расипуваше цел ден коа ќе се испонаша така.Ми се исмејаваше како изговарам некои зборови,а он нели наставник по македонски треба да те поправи а не да направи шала од тебе ,иако беше дојден од село и не збореше чисто македонски и не ни се трудеше хахха.Место ѓеврек викаше џеврече па сеа ти размисли други зборови како употребувал.Еднаш ја пратив мајка ми т.е повеќе пати да збори со него ,зошо така ми се понаша,он негирал и бил поуплашен коа бил со неа.После некое време пак почна,и мајка ми пак замина и збореше со него и после почна убаво со мене,увек ми даваше да му средувам некои папки.Иако одвај чекав да завршам основно и ми олесна,сеа завршив и средно а до сеа немав никогаш проблем со професори,поготово не по македонски.Мој совет е да пратиш родител и да му каже дека тебе тоа ти смета.Пиши ми да знам што си направила.
     
    На tina2018 и Sandzesss им се допаѓа ова.
  7. MarigoldA

    MarigoldA Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    1.465
    Допаѓања:
    11.418
    Пол:
    Женски
    Дечки, имате да се обратите некаде за психичко малтретирање?
    Психолог во училиштето, директорот, било кој?
    Ми се згрози.
    Истиве овие добија 20% покачување на плата, за деца да малтретираат.
     
    На tina2018, Sandzesss и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  8. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Нема правила за нив.Заштитени се како бели мечки.
    Навредуваат,се потсмеваат и никој ништо не им може пошто пола се партиски вработени.
    Дури и директорот е избран во зависност која партија е.
     
    На italiangirl11, Ostaveniot и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  9. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    6.610
    Пол:
    Женски
    Најтрагично е што во училиштето секој е запознаен со психичкото насилство кое го трпиме од одредени професори, но никој ништо не превзема. Тие што вреѓаат или се постари пред пензија, па никој ништо не им вели, се вадат на тоа дека ги почитуваат или како што напомена @GirlRose сè е партизирано и тука не владее никаков закон.
    Буквално ни велат прифатете ги такви какви што се, тој професор си има такви правила и принципи и со години работи така, ќе издржите, сите претходни генерации издржаа, така и вие.

    Другарка имаше случај што го кажа, а претпоставените се чудеа и не и' веруваа: "Тој професор, нема шанса, не е таков, првпат слушаме за него такво нешто". Случајот не се разреши, само девојчето настрада со пониска оцена на крај, која од авион се познаваше дека е поради тоа напишана, а не поради незнаење.

    Колку нè има исчеличено образовниов ни процес и самиот кадар ехее, книга може да се напише.
     
    На Lella и GirlRose им се допаѓа ова.
  10. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Тоа е за жал затоа што и во образованието во последниве 15 години е се партиски. Останатите се нервираат и аплицираат по 100 пати и се трудат повеќе, а овие исфрустрираниве и психијатрискиве случаи се однесуваат како богови. На сите ни е јасно колку е важно образованието, но срамота е да се покачуваат плати на дел од наставничкот кадар кои им создаваат комплекси на децава, одбивност кон учењето и бес. Може е офтопик, но колку пати имало случаи најтешки предмети кај кои професорите се трудат да го направат интересен часот и ти создаваат љубов кон истиот без никаков проблем се положувале, додека оние најглупине ако професорот е никаков немаш желба за ништо. Оние што се партиски војничиња и на дијалекти да зборат и да имаат непрофесионален однос им е се дозволено, додека кај оние што немаат партиски на интервјуто им се фаќаат за ситници само да им најдат нешто. Најдете начин, па ако треба и тужете го за психичко малтретирање. Има милион начини во денешно време да собереш докази против некој, само силен адвокат, ако ништо друго вадејќи се на претрпен психички стрес и што уште не, не ги оставајте да се занесуваат. Распрашајте за адвокат и за начините како да собереш докази, објавете јавно и притискајте. Па ќе видиме до каде ќе одат.
     
    На GirlRose и Glowy им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.020
    Допаѓања:
    41.365
    Пол:
    Женски
    Бев жртва на наставничка по македонски јазик во основно училиште. Буквално ме исмеваше, добивав навреди од нејзе, воопшто не бев омилена ученичка веројатно затоа што не бев од голема и звучна позната фамилија.
    Секогаш наоѓаше начин да се подбива со мене и со тоа да наоѓа начин и да дава поттик на останатите деца да им бидам предмет за шала.
    Се случи еднаш да имам голема незгода во која можев да го изгубам животот, имав рана на лицето предизвикана од несреќата, а таа се потсмеваше со мојот изглед.
    Тогаш ја прели чашата, бидејќи знаев дека нема да добијам подршка од одговорните во училиштето затоа што многу обиди ми поминуваа безуспешно ( социологот и педагогот секогаш наоѓаа причина да ја оправдат а сето тоа било плод на мојот ум ) побарав преместување во друго училиште. Ден денес кога ќе ме виде, ја наведнува главата а јас со гордост ја поздравувам. Дознав дека и други ученици малтретира, а сепак зошто е заштитена, не знам.

    Наставниците, учителите, професорите, секогаш биле заштитени, вработените, односно одговорните во училиштето никогаш не го сфаќале сериозно малтретирањето на релација вработен - ученик.

    Кога бев трета година средно образование, постоеше еден професор по мкд јазик, професорот беше омилен на сите.
    Неговиот пристап кон учениците, неговиот начин на предавање беше различен од останатите, за роденден му имавме купено подароци, не почасти со сок и слатки, едноставно беше сакан.
    Еднаш при слична дискусија со вакви проблеми му се обративме жртвите на насилство од наставници/професори, ни даде премногу добар совет кој и ден денес го користиме
    Денес ретко постои некој вработен да се поврзи со учениците и да ги смета за свои деца.
    Со мерак 10 години од завршувањето на средно, пиеме кафе, заедно играме на свадби и се смееме.
    Професор за пример, професор од кои сите треба да учат, професор без комплекси.

    На @Sandzesss советувам да се обрати на најблиските доколку се нема. Од главните во училиштето да не чека многу исход, би било залудно потрошено време.
    Доколку сака може да ми се обрати во лп.
     
    На Cinnamon Bun и Mrs. Lovett им се допаѓа ова.
  12. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.087
    Допаѓања:
    26.917
    Затоа јас велам за вакви ситуации дека не учат.Не учат утре какви (не) луѓе да не бидеме.Да имаме трпение,почит,емпатија.
    На крај на денот професорите не ни знаат што се случува во главите на учениците.
    А во последно време се почесто има луѓе од кои повеќето се тинејџери и имаат анскиозност,депресија.
    Треба да се има осет.
    Една моја професорка од основно ми велеше "прво треба да си човек,а потоа професор".
     
    На Cinnamon Bun, Mrs. Lovett и Blue.Sky им се допаѓа ова.
  13. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.322
    Допаѓања:
    28.990
    Пол:
    Женски
    Можам докторска дисертација на темава да напишам. :D

    Нема да навлегувам во детали, ама морам да кажам, комплексите што виреат кај некои професори се стварно застрашувачка работа.
    Еден ми вршеше психичка тортура константно и ми ја поремети менталната состојба. На кој да се пожалам кога директорката му е снаа?
    Друг отворено им кажуваше на колегите дека од инает ми става ниски оценки. Во една прилика ми кажа дека ѓаволот е влезен во мене, а и дека ќе ме влече за коса по скали. Инспекторот му е најдобар пријател и другар по партиска линија.

    Совет до сите што моментално се издувен вентил за нивните искомплексирани професори: ако имате можност зборете со повисоки авторитети, ама ако ситуацијата ви е како кај мене, во најдобар интерес ви е да молчите и да си седите врз опашката. Кажувам како некој кој токму на тој начин успеа да спаси оценка лани, инаку ќе ме осакатеше без око да му трепне. Глумев сменета, му се смеев и јас на пресмешните шали, бев мирна ко бубачка, ми стави петка на крај. Сега не ми предава веќе (ни тој ни другиот) и кога ги среќавам во ходник се преправам ко да не постојат. И најважно, не давајте да ви влијаат на здравјето како мене, не вреди. Би ви кажала да си стоите на своето и да не лижете гз, ама вистината е дека овие луѓе имаат шанса да ви ги уништат животните планови, па затоа играјте паметно.

    Ако некој има ваков проблем, слободно нека ми пише порака, спремна сум да правам муабет за тоа и да дадам колку што може повеќе совети. И не губете надеж, ако јас успеав да спасам жива глава лани, секој може. Не мислам дека некој полошо се има испокарано со професори од мене. :D
     
    На tina2018, Cinnamon Bun и Nausicaa им се допаѓа ова.
  14. Any05

    Any05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 март 2015
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    364
    Пол:
    Женски
    Колку само жртви на психичко насилство од страна на некои професори има во училиштата не сте свесни... би сакала да се воведе евалуација на наставници/професори од страна на учениците така што ќе можат да искажат се што е негативно а и се што е позитивно па да има наградени и казнети. Јас имав среќа имав класна злато човек, секогаш и кажувавме ако имаме проблем со некој професор одма разговараше со него, се понашаше со нас како со свои деца за кое што ние и бевме бескрајно благодарни и ваков професор заслужува и те како да е награден. Во врска со недолично однесување и јас сум имала проблем со професорка иако бев солиден и мирен ученик, жената се однесуваше навредливо и се потсмеваше, намерно ми викаше ќе ти пишам двојка катастрофа си, незналица и слично што доведе до секојдневно плачење и нервоза која се одрази понатаму да бидам понесигурна во себе и да имам одбивност кон училиште.
    Не постои никаква надлежност што ги контролира просветните работници, се е партиски, колку пати сме пријавиле проблем па ништо не биднало само уште повеќе изживување. Мислам со ваков тип на евалуација како што имаме на факс може да се опаметат некои, и само петиција за бркање од работа ако страдаат учениците па ќе мора да се спуштат на земја тие што летаат во облаци..
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Ма какво влијание не дозволувајте ненормални да ви влијаат, за некоја година нема да ви се битни у животот ниту пак ќе ги среќавате. А за неколку години ќе бидете и над нив, тогаш ќе сфатите колку ситни и неписмени души се.
     
    На tina2018 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Би рекла дека претераната вмешаност на политиката и непотизмот во образовниот систем во МК е она кое им овозможува на т.н. "професори" со god complex да им ја нарушуваат самодовербата, успехот и менталното здравје на студентите и учениците, што сметам дека е навистина загрижувачка појава.

    Според теоријата за когнитивен развој на Пијаже, фазите Concrete Operational Stage (7-11) и Formal Operational Stage (12 and up) претставуваат клучни периоди при психолошкиот развој на малолетникот каде истиот станува помалку егоцентричен и почнува да употребува логика и да разбира различни абстрактни идеи. Со други зборови, размислува "more scientifically" за светот околу него.

    Свесна сум дека образовниот систем во мојот стејт, па и во цела Канада не е picture-perfect и се соочува со свои недостатоци на кадар и се одржуваат штрајкови од страна на професорите поради незадоволството од ниската плата која ја добиваат.
    Меѓутоа познато е дека задолжително се применува educational psychology во нашите училишта, што има за цел преку логички авторитет да го подобри искуството на учениците/студентите при целокупниот процес на учењето и тешкотиите со кои се сретнуваат.

    Од лична перспектива, низ текот на моето образование скоро никогаш не сум искусила ваков дивјачки третман каков што студентите го искусуваат во МК. Напротив, уште од најмала возраст секогаш сум била мотивирана и поддржувана од моите професори и дури и кога ќе направев нешто погрешно, тие само знаат да ти речат "good job", односно никогаш не се осмелиле да ме навредат, омаловажат или понижат.
    Да не бидам погрешно разбрана, сум имала и професори кои се доста строги и барале многу знаење, но има разлика меѓу професор кој е строг и професор кој директно навредува.

    Овој позитивен однос и почитување со моите професори уште повеќе се зацврсти кога набрзо почнав да манифестирам високо ниво на интелигенција што не беше вообичаено за моите врсници. Сеуште се сеќавам кога училиштето испрати писмо до моите родители и дополнително ги повикаа на приватен PTA meeting каде со нивна согласност дозволија да ми вршат разни тестови за интелигенција а потоа додека бев во high school, бев предвремено преместувана во повисоките класови и поради тоа завршив доста порано од моите врсници.

    Меѓутоа, ако ви е од некаква утеха, ова не значи дека никогаш не сум се соочила со проблематични и арогантни професори. При крајот од high school, ни дојде еден ужасен заменик-професор по математика кој ме омаловажуваше и покрај тоа што бев навистина добра во математика. Постојано ми даваше тешки задачи да решавам на табла и се нервираше кога секојпат ќе ги решев точно. Во текот на семестарот, професорот толку ми стана антипатичен што престанав да му обрнувам внимание на предавањата, а математика редовно вежбав дома со татко ми бидејќи беше научник и знаеше многу повеќе од професорот.

    Еден ден дознав за натпревар каде треба да презентираш одреден инженерски концепт за да решиш едно од понудените проблеми. Кога професоров дозна дека сум се пријавила да учествувам на натпреварот, само ми се насмеа во лице и рече дека само го губам моето време. Во тој момент решив тоа да ми биде дополнителна мотивација за натпреварот и се трудев екстра напорно.
    Long story short, освоив прво место и на следното негово предавање го ставив трофејот на мојата клупа и кога професорот влезе внатре и го виде трофејот не знаеше што да каже и тогаш за прв пат не ми ни рече да излезам на табла за да решам одредена задача.
    Кога предавањето заврши и се подготвував да одам, професорот ми се приближи, ја испружи раката кон мене и со насмевка ме рече "Congratulations".
    Ја прифатив неговата рака и од тогаш имавме меѓусебна почит бидејќи видов декa беше доволно зрел дa ја признае неговата грешка и да ја проголта неговата гордост, иако претходно кон мене се однесуваше како вистински asshole.

    Инаку, мој совет до сите кои се соочуваат со вакви проблематични професори е дека понекогаш најмногу можете да си помогнете на самите себеси. Реалноста е дека професорите со кои моментално се справувате нема да бидат единствените личности во вашиот живот кои ќе се обидат да ве омаловажат и поради тоа мора да се научите понекогаш да "играте" по нивните правила, притоа да не заборавате колку вредите, да не дозволите нивните зборови да влијаат врз вашата самодоверба додека не се оттргнете од таа токсична средина.
     
    На tina2018, BoneMachine, MarigoldA и 4 други им се допаѓа ова.
  17. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    ja ne sakam da navleguvam u detali ama mnogu me ponizuvase prof po makedonski, me.pravese glupa i prosta...ushte ss sekjavam koa na edno dete od moj klas mu rece " znaes tebe te lazaat muvi a mene peperutki, i pogodi so znaci toa"?
     
  18. Mrs. Lovett

    Mrs. Lovett Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2018
    Пораки:
    822
    Допаѓања:
    3.125
    Пол:
    Женски
    Не знам зошто ама посебно селско понашање имаат професориве по македонски јазик. И мене ми се случило тоа и не знам како дете бев и некој краток период ме потресуваше па после не знам ни јас како самата тоа го искористив за да учам и да направам нешто од себе. Денес таа жена е далеку под мене иако ми рече дека ништо нема да постигнам во животот, 5то одд бев тогаш, таа ја среќавам во маало и уште после толку години омразата кон деца и се познава на лице.
     
    На Golden му/ѝ се допаѓа ова.
  19. italiangirl11

    italiangirl11 Активен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2019
    Пораки:
    132
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    neli? po makedonski i pogore citav isto vaka se ponasale, ama taa u sredno so mi bese po mak bese vrv zenata, primer za profesor...inace den deneska ne mu se pozdravuvam na toj od osnovno a me zagleduva, ti?
     
    На Mrs. Lovett му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Читајќи ги проблемите и јас се имам соочено со проблем со професорка.
    Сметам дека никое дете или средношколец не е должно да ги трпи фрустрациите на некои професори или да се одмаздуваат професорите преку децата меѓусебно. Имаше случај таков во моето школо кадешто ученичка која била другарка со друга ученичка која се скарала со професорката, и другарката нејзина имаше последици поради тоа што пријателката се скарала со професорката. Постојано пониски оцени имаше од што навистина заслужува.
    Доколку се соочува некое дете до насилство во школо, било дали е од соучениците или од професор, мора да биде известен психологот. Иако се сомневам дека нешто ќе преземат за решавање на случајот. Психолозите само пијат кафе или се пренатрупани со административна работа во школите. Ако нема ефект со известувањето на психологот тогаш родителите мора да идат во школо. Не смее да се дозволи ни едно дете да биде жртва на насилство. Никој дете не праќа во школо за да биде тепано или навредувано. Мора да се реагира веднаш. Насилството може да предизвика сериозни последици кај личноста на детето.
     
    На Oksa му/ѝ се допаѓа ова.