1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проблем со џвакањето

Дискусија во 'Дете' започната од Sexycatt, 26 јануари 2014.

  1. Sexycatt

    Sexycatt Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Имам син кој сега ќе наполни 2год. и проблемот е што сеуште незнае да џвака. Се обидов така што му давав јаболко,корка лебче и што уште не. Тој ќе гризне и веднаш плука. А и со јадењето слабо,или нема апетит или ми тера инает. Му давам од сирупот за апетит Мултивитамол ама не гледам никаков напредок. ВЕ МОЛАМ 3А НЕКАКОВ СОВЕТ И ПОМОШ !
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Претпоставувам дека е се` на блендирана храна и затоа сега не сака да џвака. Одамна си требала да поминеш на фаза пасирање со вилушка за да нели има и по некое парче. потоа на фаза сецкање (не на многу ситно) храна.
    Ке фрлиш блендер во канта и во зависност од храната што му ја даваш ќе сецкаш, дробиш, пасираш со вилушка....ќе види дека нема блендирано и ќе се научи да џвака.
    Не ти е голем проблем со џвакањето колку што ти е проблем со јадењето. Скоро сите деца поминуваат низ таа фаза а мајките кубат коса. Јас бев толку упорна и досадна да не кажам со таа храна за да свати дека мора да внесува јадење во мешето. Да си кажам дека и градинката ми многу помогна околу исхраната. Таму сите јадеа, јадеше и тој.
    Moжеби правиш грешка и со давање на благо и грицки и затоа не сака да јаде оброк.
    Ако не ти помага сирупот што го пие, пробај со некој друг- Киндер имун на пр. Сепак консултирај се со педијатар. Има подвоени ставови дали да се дава или не вештачки витамини на мали деца.
     
    На MacenceEna и Mama25 им се допаѓа ова.
  3. stefi23m

    stefi23m Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.005
    Допаѓања:
    770
    Пол:
    Женски
    јас многу мака видов кога почнав да му давам пасирана храна со вилушка(со полна година).
    три недели ништо не јадеше, овошјето му го сечкав ситно, а зеленчукот му го пасирав, од таа количина што предходно ја јадеше, тогаш дали 1/3 ќе јадеше. ама бев многу упорна и ако јадеше 5-6 залачина толку му беше, не му го блендирав да го дојади.
    на крајот почна да јади, ама од тогаш до сега се научи со помалку јадење и сега јади помалку....
    и јас нерви искинав, на секаков начин пробав, и со арно и со лошо. тоа беше тежок период, сите деца треба да го поминат!колку порано толку подобро.
     
    На LadyC и slavica999 им се допаѓа ова.
  4. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Не дека се научил малку да јаде туку толку му се јаде. Ние мајките знаеме често да претеруваме околу количината на оброците па не често мислиме дека малку јадат децата. Не му се нервирај ако му се јаде ќе побара или давај му храна почесто ама по малку како што пишуваш дека по малку јаде.
     
  5. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Бледнирано до полни 5 месеци јадеше малиот. Од 6 почнав да му пасирам со вилушка, до 8 јадеше цели парченца. На состанок со специјалист баш за бебиња и исхрана, нагласи дека е важно да се научат на текстура. Дури се помали и помалку јадат, подобро им е да се навикнат, за потем како наголемуваат оброците да немаат мака. Со полна година почна во градинка, и таму како и сите деца јаде со вилушка, нож и лажица. Нема гмечено, нема пасирано. Месо на парчиња, супа со ситно сецкан зелечук, шпагети сецнати на пола...Што ако не го научев да јаде така од дома? А мора да оди на градинка оти нема кој да ми гу чува оти и мм и јас работам+студирам? Од мало се припрема оти после како повеќе разбира , така е потешко.
     
    На LadyC и slavica999 им се допаѓа ова.
  6. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.419
    Допаѓања:
    33.994
    Пол:
    Женски
    Се eжам кога ке слушнам како врсници на моево скоро две години не јадат ништо освен блендирано :^)
    Ама не се децата криви, криви се самите родители кои децата уште ги третираат како бебиња .
    Пријателка моја , детето врсник со моето ... детево уште не јаде ништо , добро освен соленки , смоки и сл. а за друга храна Нејке ...
    Па нормално и да Нејке коа ке се најаде со глупости ...
    Плус пред спиење на пладне ке му даде флаша 230мл ад млеко. после детево нејке да руча .
    Нормално |(

    Моево од 11 месеци скоро јаде се со нас , нит блендирано нит пасирано . Нормална храна .
    Од мала пие од чашка , сама јаде со вилушка и лажица .

    Треба да се биде упорен и да се научат побрзо на цврста храна , да знаат да џвакаат. Лесно е пасирано лапни голтни .
    Убаво кажа Славица , фрли блендер нек се учи дете да џвака .
     
    На NoellePage и slavica999 им се допаѓа ова.
  7. Sexycatt

    Sexycatt Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2014
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    8
    Знам дека згрешив ама со прво дете е така знаете неискуство. Но уште нешто ме загрижува. Сега на 14 ќе наполни 2год. а има 11ипол кг. А се роди 3,450. Дали според вас е добра тежината? Јас го прашувам педијатарот тој вели добро е ама јас се сомневам. :|
     
  8. Lorins

    Lorins Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2015
    Пораки:
    745
    Допаѓања:
    3.710
    Пол:
    Женски
    Мајки, како ги научивте децата да џвакаат?
    Моево е 15 месеци, само лепче, смоки, бисквити и банана знае да џвака, некогаш и од нив се дави. Но тоа само малку да грицни. Главните оброци строго пасирани, инаку или се дави или каснува 2-3 залчиња лапни голтни без џвакање.

    Знам моја грешка што од порано не ја учев, но бидејќи се давеше и ми одбиваше таква храна и пасирав, за да внесува нешто колку толку, бидејќи и онака имаме проблем со јадењето.

    Сега 2 дена не и пасирам, само така изгмечено. Каснува некое залче и толку седи гладна. Ја нудам постојано.

    Незнам дали да продолжам така...за да се научи, или да пасирам пак за да внеси нешто...

    Совет мајки, ве молам.
    Очајна сум веќе со јадењево, тоест не јадењево нејзино :(
     
  9. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.128
    Допаѓања:
    147.135
    Пол:
    Женски
    Мојов џвака, ама го ранам од 4+ . Нема врска, полека воведувајќи и. Пример дај и домашна супа со лепче или дај и пасирано ситно жолчка со јогурт и лепче, дроби и за почеток во чорбата од манџички и давај и бисквити детски да јаде сама. Ќе се научи не се секирај. Не е ништо страшно. Може да ти пребира храна? Еве мојов порано грашок јадеше сега не сака да види. А пасиран јадеше. Мислам дека колку повеќе пробуваат толку повеќе и пребираат. Мојов се научи да џвака со бисквити и смоки најмногу. Исто му подзалетнуваше ама плукаше. И ден денес плука ако му залетне.
     
    На Малечка Маша и Lorins им се допаѓа ова.
  10. Малечка Маша

    Малечка Маша Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2015
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    89
    Пол:
    Женски
    Истиот проблем, година и пол е, ако е изблендирано ке јаде, а од цврста храна само бисквита, леб,тестенина некоја и банана. Јаболко и давам го грицка, ќе го наситни и го плука. Исто ми е и со манџиве. Ми ги враќа со јазикот :(