Здраво, Во седмата недела бев на преглед во систина и не ми порверија ни крв ни мокрача, само ми потврдија дека сум бремена. Кога се проверува крвата и мокрачата, правилно ,и е секој месец или?
мене ми правеа проверка крв и мокрача прв пат во 4 месец,па фала богу се беше ок е сега не ми кажаа дали и наредниот преглед пак пс мразам игли
И јас мразев ама после третиот пат веќе сеедно ми е. Си седнувам на столче и засукувам ракав, бројам до 10 и готово.
Уф а јас што да кажам со димериве, што во цела бременост едно 20 пати бев на боцкање и проверка. Овие 5-6 месеци проверувам крв како за 30 години наназад што не сум проверувала Сите вредности на крвта на памет си ги знам. А мокрача сеуште немам проверено, меѓутоа до сега никогаш не сум имала никаква бактерија,ниту проблем, освен на времето пред неколку години што фатив цистит.
Mene dosega samo ednas mi proverija krv i toa koga bev 3 mesec negde.Ottogas mi nemaat proveruvano,a eve veke vlegov vo 5 mesec.A pritisok i tezina voopsto mi nemaat izmereno,sto mi e dosta cudno?!
и мене само еднаш ми имат измерено притисок и тоа беше на првиот преглед а тежина воопшто минемт измерено
Ми е чудно малку зошто да не ти мерат притисок и тежина, битни се и едното и другото барај си зошто нели ако нагло се покачи тежината односно кг не само кај бебето туку и кај тебе има индикации за скриен шекер , а вака редовно ако те мерат нели запишуваат во матична книшка и ке си имаш прегледност,исто и за притисокот, битно е дали варира дали се покачува
Ни тежина, ни притисок, ништо . И да ви кажам мирна глава . Два пати ми вадеа крв, утре ке одам трет пат ради железото. Првиот пат супер, вториот пат од памет ме извадија со железото. Се чувствувам супер и вадење од памет со притисоци, шеќери и слични работи ќе чекам само ако прeпорача доктор Филиповски, многу е срцка и мислам дека смиреноста му ја должам нему.
Разговарај те отворено со матичните битни се, притисокот посебно па и крвта и тежината што ги кошта да измерат тежина или притисок,јас на секоја контрола и со двете бремености прво на вага ме качуваа до душа ми се вртеше кога ке видов колку сум поправена па ме советуваше докторот секој пат поздравче
јас крв и мокрача проверувам секој месец, а притисок и тежина не ми мерат на секој преглед, ама јас од време на време си го правам тоа дома
Крв и мокрача и мојава ми бара секој месец. Мене на предходниот ми беше слаб хемоглобинот на овој ке видиме како ке поминам. Пиев хемовит па здравје треба да е подобрена крвта
Сама ми текна, дека имаме мачка и порано за бацував многу ама откако останав бремена не, иако исто ја галам (но, се држам понастрана од песокот). Па ми се уврте глупа мисла во глава и викам чекај да си проверам да сум си мирна. Добри се резултатите, немам Јееееее
и јас имам маче па затоа и те прашав.додуша не го чувам дома ,на долниот спрат е кај свекрва ми ама си го галам а малечко е и неколку пати ме драсна па и мене одвреме на време ми се вртат глупави мисли.а кај правеше во обична лабораторија?со упат?колку кошта?ама те затрупав со прашанја позз
Мислам дека е малку доцна да се испитува дали сте носители на токсоплазма во второ тромесечие. Тоа обично се прави пред планирано забременување, во склоп на TORCH тестирањето. Башка, ако не дај Боже сте имале токсоплазмоза, верувам дека ќе имало последици на плодот. Така што, уживајте си
^ Tочно.Токсоплазмата предизвикува спонтан,така да сметам дека испитувањето е непотребно ако сте бремени.Ова најверојатно неинформирани доктори(ништо ново).Јас правев заради спонтаните,среќа испадна немам.