Мешиња ми стаса едно писмо од гинекологот, пдносно лабораторијата каде он праќа крв за проверка. Стои латентна хипотиреоза(се надевам правуоно го напишав) latente Hypothyreose. Спојлер Ме буни ова тсх 2.17, а нормални вредности десно се ставени 0.27-4.20 Некој кој има искуство ќе може ли да даде мислење.
@danichap колку што знам јас, до кај 2,5 е сосема ок вредност за во бременост. Еве нека кажат другите, ама ислам дека се е во ред.
Совршено ти е тсх меѓу тие вредности е најдобро да се движи... 2.5 е до душа нај, може ептен малку ти е под, ама може е моментално.. утре да провериш други вредности ке покаже...
Само од памет ме вадат значи. На екстра лист ми имаа напишано одма да се обратам на гинеколог и дијагнозава ми ја пишале. А гледам дека резултатот е баш на среде од референтните вредности. Фала Мариз
Од боже за колку малку ти пишале хипотиреоза незнам да кажат другите со искуства со тироидна, но мислам дека ти е сосема нормално. Јас сум хипер + хашимото и толку се разбирам... Знам хипо си ако е под најниската дадена реф вредност...
Консултирај си се со докторот, ама мислам дека нема место за паника. Еве вредностите за ТСХ по тромесечиа http://perinatology.com/Reference/Reference Ranges/TSH.htm
Мене на почетокот ми беше 2,4 и зошто тоа општиот ми испитуваше случајно ми рече обавезно кажи на гинекологот ќе треба еутирокс да пиеш, во бременост до 2,5 е граница. На скрининг кога бев приватно исто ми рекоа. Завчера бев кај гинекологот мој и ми рече ова е во рана бременост нормално, за некоја недела ке направиме контрола сигурна сум дека ќе биде во ред. Контрола треба да направам следниот месец. Кај тебе гледам уште пониско е така да џабе сме загрижени.
Извинете што се мешам, отварам се со тироида и ми искочи на срч. Во бременост мора да е под 2 тсх, од зачнување до износување на плодот. ( исто за зачнување мора да е под 2, 1,7 е идеална средина) Обрати се кај специјалист, не е за занемарување. Може и само да се следи, но може ќе треба хормон. Како и зошто да не бидам детална, но со сигурност го тврдам ова. Ниту еден специјалист, ни па гинеколог не ми го тврдел поинаку. Имав 2,3 и влегував во ризични со право и причини и се ред редум. Не го пишувам со цел паника туку за претпазливост, увек сум за смирен тон, ама за ова ми е...ептен јасно да не речам. Рана бременост рекол нормално?! Не би верувала ни грам, а и со право и причини. Подобро да дијагностоцираат хипо со време и да се даде терапија и за мајка и за бебе подобро. П.С. гледам табели сте поставиле, не се релевантни, одговорот е еден - доктор. Може да не биде ама баш ништо и се да биде ок, ама сам со тироида и само со мислење од гинеколог НЕ!
Мене ми рекоа 2,2ипол е најубаво да се движи, мене секоја проверка ми беше над 3 и се појака доза ми даваат, но се е во ред со бременоста среќа еве ме веќе 7 ми месец ке почнам. Инаку си бев пред бременоста со 25мг и супер си беше... но од кога останав трудна се покачи, а со тоа и поголема доза. @danichap обрати се секако на лекар, ама не е за плашење... не е страшно ниско мислам нема да ти дадат терапија се додека не направиш уште една проверка на тсх... иначе си испитала до сега тах?
На 2 недели се прави тсх и тогаш ќе каже средната вредност дали треба или не треба и како понатака (барем така мене ми рекоа). Ако на второто покаже под 2, значи ова било само моментална состојба, ама специјалист мора да види. До 9ти месец до 2,5 е супер ок заради другите хормони, ако е за доцна бременост, се извинувам тогаш.
Девојки фала за сите совети и искуства. Тука испитуваат буквално се при установување бременост. Најчесто добивав се е ок и дополнителни информации можев да прочитам само од мајчината книшка, каде нема делче за запишување на тсх резултати. Значи и предходно можеби, односно најверојатно, они испитале, но се било во ред па не сум ни била информирана за истото. Затоа би рекла дека сега прв пат се сретнав со можни проблеми ололу тироидата. Резулатот ме затекна саботно, па малку неспремна, не можам да се обратам кај гинекологот, но понеделник ќе се консултирам па ќе видиме како понатаму. Малку се уплашив бидејќи прочитав може дека може да биде причина за спонтан, а јас и така осетлива категорија и на самиот старт...но ете, се тешам дека е на некоја граница и дека сеедно дали со терапија или можеби само контролирање ќе се среди. А од што би можело да се поремети тсх? Мижно ли е оти ми е трета бременост едно по друго, без паузи измеѓу? @Lilit да не знаеш ти можни причини?
Не се потпирај само на мислење на гинекологот, барај и ендокринолог, ќе те следи до крај како што треба во соработка со гинекологот, тука бар така е. Патем честитки и со лесно!
Така и планирам, само од него ќе треба да чекам упут најверојатно. Ептен сум рано, одлична е бетата но ништо не виде минатиот пат па се плашам тироидава да не влијае негативно на самиов старт, но тоа е. Се тешам дека сум подуена како 4-5 месец, па дека е добар знак. Така ми беше со предходните бремености. Фала
@Lilit и кај мене тсх стигна ~2.5 рана бременост и ми направија мали зголемување на терапијата. Сосема на место ти е коментарот. 2-3 дена нема да сменат нешто посебно @danichap, немај грижа. Јас 5-6 дена чекав само за термин кај специјалист
Не го видов прашањево. Можно е, но не мора да значи. Колку така родиле едно по друго, па немаат хипо така што не е правило. У принцип за тироида и не мора да е ништо да се јави. Стрес и траума, исхрана, ради дефицит на витамини и минерали најмногу јод и вит д, од хлорирана вода, амалгамски пломби. А може и баш од ништо, грешка во генот и ете... Не е нешто што може да се превенира ако тоа ти е во суштина прашањето. Фолна до крај на бременост и останати суплементи по консултација со доктор, индивидуално е.
Мене ми е многу нејасно ова. Пред да останам бремена на проверка на хормони тсх ми беше 3.6, и никој не ми рече дека е проблем. Зошто е тогаш таа вредност до 4 дадена како референтна? Ете и погоре на сликата за во бременост има и повисоки вредности во референтните. Инаку немав проблем во бременоста, а и на малиот како и на сите бебиња му имаа направено тсх скрининг по раѓање и не кажаа дека има проблем.
http://www.medscape.com/viewarticle/752878 Ова се вредностите, имаше и табела и за секоја недела од бременоста колку треба да е тсх прецизно, ќе ги побарам дома, докторката ми ја даде. Рачунај дека до прво тромесечие треба максимум до 2,5 да се качи, ако си на средина на тромесечие и веќе се качува драатично и е се поблизу до 2,5, треба да се следи. Не би знаела да ти кажам зошто не ти обрнале внимание. Битно сте здрави и живи на крајот. Битни се зошто и како не навлегувам, кој сака за детално на гугл се се наоѓа, но не препорачувам. Се што ќе оцени доктор дека има потенцијал да бидне не е за потценување и треба да се следи. А со 3,6 тсх бременост биди среќна и верувај дека е чудо. Референтната е дадена како таква што е баш нормално без подробности и варијабли, а потоа според години, колку бремености итн се одредува индивидуално што е "нормално". Јас почнав со терапија на тсх веќе со 3,5 пред 10 години, за толку млад човек не беше нормално. Затоа е до 4, некаде и 4,4. Мајка ми е со 4 со години и не ја сметаат за хипо, ради годините. Малку комплицирано е со тироидата, многу процеси инструира и секундарно зависат други хормони од неа.
Vo bremenost tsh treba da se odrzava do 2.Mene posledno mi bese 2,5 pa doktorkata mi ja pokaci dozatq.Sega skoro treba da odam.na kontrola pa ke vidime.Mene za meseci od 10ipol mi se namali na 2,5
@danichap еве го моето ТСХ во 8 ма недела од бременоста. Тогаш бев првпат на преглед и ми испитаја крв, резултати зедов по 1 недела и матичниот ми даде упат бев на нуклеарна медицина (веројатно исто како ендокринолог) и одма ми препиша Еутирокс од 75мг. Еве уште ги пијам 38 недела сум. Таму ми земаја крв и ме гледаја на ехо ама резултатите му ги пратија на гинекологот јас немам од таму земено рез. на рака. Одев секој месец на проверки до 7 ми месец потоа ми рекоа нема потреба да идиш ќе дојдеш дури од како ќе се породиш да видиме за терапијата дали ќе има потреба да се зема уште. Мислам дека ептен те уплашиле не се нервирај со Еутирокс се ќе се среди и ќе си одиш да испитуваш тироидна секој месец. Сум читала феминки со ТСХ над 10 па си ја износиле бременоста со терапија со Еутирокс.