Да да. Не ни отидов. Следна недела ќе одам на контрола кај матичниот, ќе побарам упат се да си проверам. До тогаш ќе се полевам со цвекло!
Јас крвна слика правев пак, и пак хемоглобинот ми е низок, уште понизок од претходно А веќе цел месец сум со терапија фероглобин, плус пијам домашен лек од коприви и маџун Буквално никакво подобрување, ама па железото ми е малку покачено, 15 ми е, што ми олесна. Вака ок се чувствувам, не сум малаксана или нешто. Почнав само многу киселини да имам и нешто малку повеќе да изедам одма на повраќање ме тера. Којзнае желудникот кај ми е отиден, се е изместено внатре, тоа знам. Требаше денес на преглед, едвај чекав, ама наредна недела ќе биде, док. немала да биде на работа ни денес ни утре. Вие што сте имале проблем со намален хемоглобин, а ок железо, може ли препорака што сте пиеле? Се трудам да јадам и месо, спанаќ, цвекло, сите препораки што ми ги даде докторката, ама пак ништо. Инаку, не ми е драстично паднат, на преходната крвна слика ми беше 107, сега ми е 105, а долна граница е 115. Ама пак се нервирам И леукоцитите ми се покачени малку, ама не е страшно. Урина ок, што ме радува.
Срце и јас си имам проблем со хемоглобинот уште од почетокот...хеферол пијам цело време и исто како и ти цвекло, вишна, какао, аронија..мада немам значително подобрување...го прати докторката и тоа па ќе видиме ..и мене ми е 105 уште на почетокот од бременоста а железото ми е 15.да се надеваме дека и тоа ќе се среди што помина до сега па така да и до крај ќе навиваме да се подобри и тоа..
Lelle majki.preplasena.sum... si gi.zemah sega rezultatite od krv, hemoglobinot.93,.eritrociti 3,2, zelezo 6,5, leukociti 11. Inaku imav proliv cela.nedela... nogu.mi e.strav.. ima li care?
има... шо се секираш за крвта ќе ти дадат тотхема а и направи си дома семе од коприва со мед тоа мене само ми ја крена крвта
Сакам една консултација со вас во врска со крвната слика, резултати од денес: хемоглобин 10.8 (реф. вред. 12-15) еритроцити 3.8 (4.1-5.1) лимфоцити 21.4 (25-40) Овие три вредности се малку пониски...има место за паника? Вечер сум на преглед, обавезно ќе ги покажам, но ве молам и за ваше мислење. железо 18.9 глукоза 5.35
Хемоглобинот и еритроцити пониски, пожелно да ти дадат апчиња/сирупче (јас пијам Хеферол ќе видам за недела дена дали имаат дејство), а шеќер над 5 тука малку припазување со исхрана. За другиве не знам и мене ми се вака малку пореметени ама не ми спомнувале ништо, дури за леукоции 12,13 ми викаат не е страшно.
Мaјкa слaбoкрвнa си. Сoветувaј се сo гинекoлoгoт зa терaпијa. Oбичнo дaвaт хеферoл. Јaди пoвеќе месo спaнaќ јaткaсти плoдoви и леќa. Витaмин ц oбaвезнo.
Женски, иако бременоста ми се преќина во 8 недела, денес ги зедов резултатите од крвта и гледам дека во уринарен статус, поточно во седимент на урина имам покачени вредности, но бидејки не сум во Мк. има разлика во бележење и пресметување па не знам како точно би превела на македонски, па вака општо ако некој знае на што укажува такво покачување? @joy1 можеш ли да објасниш, или некој друг упатен?
не пишува ли подетално кои вредности се покачени?Дали леукоцити,кристали,еритроцити,цилиндри,бактерии?Веројатно има плусуви некаде(+++).
леукоцити ако се повеќе од 5 може да укажуваат на инфект на урогениталниот тракт. еритоцити ако се повеќе од три исто инфект,камен,бубрежни проблеми и слично.
Различни вредности,единици се овде, не е вака 5 и 3, во секој случај се многу покачени и се подзагрижив, а кај матичната имам дур во петок навечер..инаку се друго што е испитано е во ред освен овие 3.. тие денови имав слаби крварења се мислам може и тоа има нешто, ама баш ѕоа утро не видов крв, не знам, не сакам да читам по нет кој знае што ќе си најдам. Ти благодарам @joy1
Девојки, јас денес правев крвна слика и иако од лабораторија ми велат за состојбата се нормални вредности, многу од нив се намалени - лимфоцити, еритроцити, тромбоцити, плочки, хемоглобин, уреа и вкупните протеини. Дали и кај вас така? (скоро 30 недела сум)
И кај мене се намалени. Нормално е да биде така, дел од крвта оди и кај бебушко. Треба и доктор да ги види и ако треба, да ти даде терапија за подобрување на крвта. Јас сега сум со хеферол. Нема значајни подобрувања, но за среќа, не се ни влошува, држиме под контрола.
Да, во среда имам преглед па ќе види докторката а во меѓувреме ќе почнам со таа мешавината на мед, семе од коприва и лимон, што ми ја препорачаа тука, гледам многу трудници ја конзумираат
Секој месец правам крвна слика и секогаш уште од старт на бременост (23 недела сум моментално) ми покажува зголемени (малку над граница) леукоции и гранулоцити, а на долна граница другите вредности (еритроцити и сл). Четворица доктори (матичен гинеколог, докторката во Систина каде правев ИВФ, докторката на трансфузиологија и една роднина докторка) ми кажале дека е нормално кај многу трудници да се малку изреметени вредностите во бременост, секој организам различно реагира, и плус имаме зголемен волумен на крв. За хемоглобинот и железо секако се намалуваат, цицаат бебиња, па со суплементи (Хеферол) одржувам некое ниво.