Да, чудно е да се види - мене секогаш ми била совршена крвната слика, дури еден доктор ми има кажано дека имам крв ко коњ (претпоставувам го мислеше како комплимент) а сега ми е хаос, ретко кој параметар е нормален ама ме утешува дека ете не е само кај мене
Знам како е. Јас на почеток све си имав филм во глава да не сум болна нешто со леукоцити покачени.. ама било нормално кај многу. Плус што убава јака крв имав, сум дарувала крв неколку пати. Штом докториве викаат ок е, и битно да не е драстично зголемување/намалување на вредности, не му се секирам.
Девојки/женички сакам да ве прашам нешто, а не знам каде да го поставам прашањево. 5 недела сум, а гинекологот ми закажа прва контрола на 12ти. Проверив преку крв во авицена и ми се потврди бременоста позитивен беше тестот ама не беше со вредности. Матичниот ми рече нема потреба да се преоптоваруваш со такви работи. Е сега читам тука скоро сите правеле со вредности и некако страв ме фати да не не е нешто во ред. Дали да правам, дали ќе ми помогне тоа или да си почекам уште една недела до контрола... Ми е страв, едвај дочекавме две цртки да видиме... Еве го тестот. Мм вика не си ставај дополнителни стресови, сигурно е се во ред ама сакам и вас да ве прашам, сите сте прошле низ тоа...
@cinderella5 не си прави стресови, добро ти вика маж ти. Јас правев обичен преку урина. Па ете го мешко 37 недела.
Можеш да, направи си ја мешавината. Ја правев и јас, но сега ја баталив. Чувај ја во фрижидер да не почне да ферментира. Кај мене почна ферментација и малку и се смени вкусот, па затоа ја оставив.
@cinderella5 Убаво ти викаат и матичен и мм. Чекај си преглед да си видиш точкиче. У меѓувреме одмарај, уживај. И јади месо, цвекло, спањак.... железото ти е катастрофа, може ќе треба екстра суплемент да пиеш, да си прашаш на контрола.
Да, и крвта ми е многу лоша, пред месец испитував се беше во нормала. Читав многу лоши коментари за Авицена, дека не им се точни вредностите, па наредно во Адриа лаб ке одам. Инаку матичниот ми даде да пијам: Фолна, магнезиум, ц витамин, д витамин, тотхема и фероглобин. Рече неможе да се предозираш, се ова ти треба а бебе сега најмногу се развива. Фала ви девојки се смирив малку , цела ноќ не заспав мислејќи. Галиме меше и чекаме контрола
Здраво на сите, до колку е допуштено да бидат покачени леукоцитите во бременост, мене ми се веќе еден месец 14,6. Докторката ми кажа дека во бременост се дозволени до 15. Кои се вашите искуства и вашите информации на оваа тема? Ви благодарам
Pravev pred mesec dena krvna slika i urina vo Bukurest. Krvna slika okej vo urina pokaza bakterii. Odma utredenta pravev preku urina vo Avicena proverka za sto bakterija se raboti i koi antibiotici vlijaat na istata. Mi pokazaa rezultati deka neam nikakva bakterija. Sega posle mesec dena oravam denes pak krvna slika i urina vo Avicena, rezultati od krv pak okej i pak vo urina pozitivno na bakterii. Kaj da pravam sea ispituvanje za sto bakterija se raboti? Pak li Avicena?
Иди во пролеќе направи си проверка До 18:00 часот јадеш а до 22:00 часот можеш течности само вода за да ти покажат точни резултатите .
Neznam dali e za.tuka.prasanjeto.. otidov na carski rez so hemoglobin 100'"... posle.operacijata mi bese 70.. posle.davanne krv.mi stigna.do 85.. pijam.tothema... nogu sum.isplasena... moze li da go podobram.hemoglobinot na dr nacin. Sto.moze da.mi.se.sluc?
Денеска си ги зедов резултатите од крвта. 12 недела сум и вејќе почнал да ми паѓа хемоглобинот од 134 пред 2 мес сега 121. Железото уште е ок, иако ми е малку и тоа намалено 19,7. И седиментацијата ми е 20 ама нормално е во бременост да е покачената така? Инаку не повраќам и здраво се хранам, а ич не сакам тотхема да пијам. Се мислам да почнам перга (ферментиран поленов прав) да почнам да земам. Има ли некој користено. Јас порано си користев и супер ми беше крвта ама сега ми е страв дела е алерген па да не му штети на бебе. Понеделник сум на контрола па ќе се консултирам и со гинекологот.
Да засега е ок, ама сега сум 12 недела, а како што почнал да ми паѓа хемоглобинот за брзо ќе ми биде под граница. Затоа сакам на време да почнам да земам нешто на природна база, за да го одложам колку што можам наглото паѓање.
Не мора да значи. Прави си редовно проверки на крв, еднаш во месецот па ако има потреба ќе почнеш и суплементи, зашто верувам во витамините што ги пиеш има и фолна, тоа колку-толку не дозволува хемоглобинот да оди надоле.
Обрни внимание на исхраната и ќе го држиш во граници. Аронија неколку зрна дневно, можеш да направиш мед со семе од коприва и лимон. И обавезно витамин Ц.
Денес ја проверував крвта, резултатите се во ред Хемоглобин 124, железо 18, др параметри се во граница. Јас сум задоволна со резултатите
Јас сум крш, хемоглобин 10ка, железо 5.1 И тоа сега во 38ма недела. Прашав и во друга тема, па ај и тука...некоја да имала фајде од тие што се за стискање директ во уста Феролин Ц?