Земам аронија, мед и лимон. Па, ќе видиме наредна контрола. За семе ми е страв имам проблеми со хемороиди да ме не дразни Тука негде сме и со недели и со резултати. Јас па не сум искрено многу од моите. Нагло ми се намалија за краток период затоа, инаку ок се не е страшно. Ама повеќе здрава храна и ќе се одржава.
Девојки денес правев крвна слика, прв пат по кизне колку год. да ми земат крв од прстот хехе плус и новина имало јас не бев информирана си чекав ред, ко на шалтер ми рекоја за трудници и за деца не се чека ред туку веднаш на шалтер за листи и веданаш ќе ми земат крв јас останав пријатно изненадена стварно. Ги зедов резултатите шекерот 5 , хемоглобинот ми е 137, ама леукоцитите покачени дури до 16,2 ( над горна граница) и др што ме загрижи пиши протеини 1 во урина и леукоцити позитивно. Петок сум кај докторката ве молам да не ми е во мисла некоја ако знае да ми објасни што значи ваков резултат. Поздрав
Мала уринарна инфекција, веројатно некоја бактерија и затоа се покачени леукоцитите. Ќе си направиш уринокултура да видиш за која бактерија станува збор. Ќе ти објасни др нишш страшно.
Zenski,strasno li e da se namaleni leukocitite?mene mi se 20,a granica e od 25 do 40? Greskalimfociti
Јас правев на последната контрола. Тогаш бев 13+2. Железото ми беше паднато на 4.9 и си добив терапија. Тромбоцитите ми беа качени многу малку за само 5 бројки од горна граница и ми даде др аспирин протект по едно дневно. Оваа недела сум пак на контрола, сега веќе со полна 18-та ќе бидам па ќе видиме. Јас јадев многу цвекло морков пред да останам,ама за жал сега од него повраќам. Пијам само какао. Голема мисла ми е,и за железото и тромбоцитите. Следна контрола др рече за д димери упат ќе ми даде
Девојки за хемоглобинот ми препорачаа Фортикс, но во нашата аптека ги немаа, па зедов Биоферил на Др. Витон..ама не прашав дали се безбедни за трудници. Сега се мислам дали да ги пијам, во кутијата немаат упатство. Дали некоја од вас има искуство со овие таблети.
Ништо страшно, нормално е во бременост да се намалуваат. Се регулира, пр. со хеферол таблети, но тоа секако во консултација со гинеколог. Собери урина сабајле и потоа стави го утрогестанот. Може и да се испие, но јас немам такво искуство за да ти споделам.
Може и да се пие Утрогестанот само ако го пиеш може да имаш вртоглавица. Ако го испиеш полежи пола час или еден час.
Пак јас тука. Се загрижив малце. Вкупен холестерол граница до5.2 мене ми е 6.15, а триглицериди до 2 мене ми се 2.33. Да напоменам вечерта во 21:00 каснав сладолед, перек, пуканки.. Се заборавив скроз. Има место за паника или да си ја чекам матичната да се врати од одмор?
Холестерол не се проверува во бременост. Секако е покачен. Се намалува липидниот метаболизам и очекувај уште да ти расти. Кај мене денес 8 во 26 недела излезе. И мене ми е шубе кога ќе ги видам резултатите, ама никој не реагира на тоа.
Дали некоја ги има земано Сидерал фолико денес ми ги препиша мат гинеколог, за крвта дека ми е ослабена. 20 кесички се и се земаат по едно во денот.
Може ли некој да ми објасни што значи ретки аморфни урати, кај седимент на урина во уринарниот статус? Прв пат ова го среќавам
Девојки да споделам искуство во врска со крвната слика во бременоста, имав супер хемоглобин од 137 на почеток на бременоста, наредните месеци вредностите постепено опаѓаа и на крај пред 2 месеци стигнав до хемоглобин од 113, докторката ми рече дека не сум сеуште за терапија меѓутоа да внимавам повеќе во исхраната, препорача јајце барем едно секој ден, и 2 лажици мед измешан со семе од коприва, наредна проверка на крвта по само нецели 2 недели од користењето на мед со семе од коприва вредноста се покачи на 115, а овј месец ( значи после месец и пол користење) вредноста се покачи на 124. Кај мене семето од коприва со мед даде резултати, истовремено секој ден конзумирам 1-2 јајциња тврдо варени и неколку пати неделно месо пилешко.
Женски што се разбирате од резултати на крвна слика дали се во ред и дали се комплетни? Не треба и железо и хемоглобин? Не се разбирам па да си прашам