Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проверка на крвта во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Sonce77, 25 февруари 2012.

  1. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Токсоплазмата може да се добие и во текот на бременоста. Знам дека предизвикува спонтани, но тоа ако е претходно добиена, а ако се добие во текот на бременост може да предизвика мртвородено дете или слепило (доколку стигне до плодот). Но, тие случаи се многу, многу, многу ретки. Јас за секој случај си проверив не дека нешто посебно некој доктор ми рекол.

    Се проверив во ПЗУ Павлина, 400 денари ме кошташе само тоа (крвна слика со урина 180 денари + 400 за токсоплазма). Со упат и плави картончиња.
     
  2. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    денес проверував последна крвна слика, и се ок фала богу, но ме загрижи мокрачата, пишува доста слуз и кетони + ! све друго е негативно и ок, и сеа што значат овие кетони и слуз? сте имале ли ваков наод во мокрача ?

    пс. може да се смени насловот на темава, да се додаде и мокрача- „Проверка на крв и мокрача.....“
     
  3. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Mamicki, be molam za promos. Koja laboratorija raboti vo sabota go Skopje? Nemozam da izlagam od rabota, I mesec I pol krv nemam provereno...

    Izvinete za latinicava, nemam mak. Poddrska na tabletov.
     
  4. azelea

    azelea Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    3.576
    Допаѓања:
    15.608
    срцка,во сабота со сигурност работи Авицена до 14 часот мислам,имаш и во Аеродром ако ти е поблиску
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.025
    Пол:
    Женски
    ^ И Адриалаб работи во сабота, со плаво картонче и упат - 175 ден.
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Дали матичните ви кажаа кога, или сами бевте иницијатори за проверка на крвна слика?
    Јас освен за Даунов синдром, докторката не ми спомна вадење крв.
     
  7. kaja11

    kaja11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2013
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    131

    Мене ми кажаа од 11 недела т.е. кога бев на скринингот за даунов ми кажаа дека секој месец треба да проверувам крв и урина. Можеш сама да си земаш упат од матичниот општ доктор секој месец, проверка на крв и урина оди преку фонд, а уринокултура приватно и е околу 400-450денн во зависност од установата кај проверуваш.
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Во ред, тогаш ќе се чујам со матичната утре или во понеделник, да видам што и како, па ако не ене авицена ми е на 5мин. ќе си отидам да си проверам.
     
  9. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    Комплетна крвна слика и урина со плаво картонче е 175 ден ,потребен е упат од општ лекар до пример Адриалаб.
    Не ме потсетува гинекологот туку пред секоја контрола 2-3 дена порано си правамкрвна слика и урино.
    Но нема потреб аод целосна крвна слика,зошто некои вредности е нормално да се зголемени во бременоста,туку општите лекари нзаат побарајте си крвна слика за трудница.
    Во превод без седиментација,ензими,холестерол и уште едно.Оваа трудничка варијатна во Адриалаб чини 94 денари заедно со испитување на урина
     
  10. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Трудничката варијанта во Авицена е околу 70 денари со упут :)
     
  11. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    А ти сама напоменуваш дека си трудна? :?:
     
  12. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Јас се забезекнав од мојата крвна слика. Железото ми е на горна граница, ХОЛЕСТЕРОЛОТ ми е покачен! Од каде по ѓаволите покачен холестерол?! Не сум информирана дали бременоста носи ваква работа, бидејќи исхраната ми е од здрава-поздрава. Внимавам на секој залак. Еритроцитите намалени, леукоцити зголемени. За малку, ама значи има некој процес. Брисевите ќе ми бидат понеделник-вторник, па ќе видиме заедно со тоа што ќе биде тоа чудо... :worried:
     
  13. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    холестерол не се проверува во бременост од причина што е зголемен и тоа е сосема нормално ;) :)
    уживај со високото железо- топ си :clap:
     
    На elena.mak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. auroraa

    auroraa Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    843
    Не , не матичниот гиниколог ми го даде упутот.
     
    На Beautiful-Princess му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mala-volsebnicka

    Mala-volsebnicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    35
    Затоа холестерол не се испитува во бременост :) еве на предходна страна тоа го пишав,нормално е да е покачен ,а исто и седиментацијата
    Важна е урината,шеќерот,железото,електроцити,леукоцити,хемоглобинот
     
  16. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.698
    Допаѓања:
    19.879
    Пол:
    Женски
    јас секој месец проверувам крв :) од гинеколог кажуват па земам упут и крв :)
     
  17. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    :( Јас веќе незнам што да направам крвта да си ја опоравам.
     
  18. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Ништо. Јас незнам што не пробав од природни лекови, до цвекло :puke: , сирупи. Ништо не ми ја покачи, само ми ја држи на граница. Ајде уште малце па после ќе си се нормализира самата. ;)
     
  19. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Мене ми препорачаа чај од коприва по 2 чаши на ден, и да јадам цвекло многуууу 1 тегла на 2дена :D. Ке видам колку ке помогне :D
     
  20. Azzra

    Azzra Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 мај 2013
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    60
    исто и мед со семе од коприва е доста ефикасно, еве еден месец го конзумирам за да се покачи железото па да видиме како ќе излезат следните резултати, а таблетите за железо не ми помогнаа.