Женки денес правев крвна слика па дур не дојде понеделник да одам на матичен знае ли некоја дали е во ред крвнава слика и уринава
Ќе треба за железо да пиеш нешто. И шеќерот ти е покачен ама тоа ептен зависи што си јадела пред крвната слика. Мене со 5.7 шеќер на прва крвна слика, матичната ме испрати на ендокринолог. Сеа коа правев втора крвна слика денот пред да ја правам удрив на протеинска исхрана и јадев и овошје и ми искочи 4.9.
Имаш плусче и кај бактерии во мокрача, па убаво би било и една уринокултура да си направиш. Повеќе течности, чајче пиј зашто како малку и да си дехидрирана.
Кетоните се дека не пиеш доволно вода, затоа ти е и заматена, а затоа може и кај бактерии имаш +, а може нема бактерија. Направи за мирна глава, ама пиј повеќе течности. @0ли за тоа незнам. За кетоните со децава научив, кога биле дехидрирани имале и по 2,3 плусчиња.
@Frosty! Сега прочепкав на нет, пишува дека при бременост може да има кетони. Значи само за бактерии провери, ама ако немаш симптоми, сигурно немаш ништо. Која нед си?
Немаш гајле ако немаш симптоми, не се грижи толку. Направи утре уринокултура, во четв ке имаш резз. А меѓувреме чај од брусница, вода, супа, повеќе течности, благо помалку.
Појма неам зошо се појавуваат, јас имав во прво тромесечје, ми рекоа да пиам чај од брусница и исклучиво само флаширана вода (газирано никако, густи сокови исто не...) за еден месец повторно направив преглед и се беше во ред. Само вода флаширана и чај од брусница ме спаси
Здраво Дали сте имале искуство со оставање на втора мокрача при уринокултура? Имав болки, 11+4 сум одма ми рекоа урина и крвна слика. Ама пусто заборавив да измокрам во чашката и втора доставив, денес ми стигнаа резултатите чисти се. Имам покачени леукоцити на крвната слика, па се сомневаше др во бактерија а и дека имав болки...И сега јанза ме јаде дека однесов втора мокрача па да не не е точен резултатот... како и да е денес и брисеви ќе ми земат ама... со уринава незнам дали да ја повторувам
Правев крвна слика и мокрача имав оставено. Имав покачени леукоцити и докторот ми даде таму терапија. Е сеа дали да направам целосна проверка од вена пред да одам кај него пак или не? Бидејќи упатот што ми го даде тогаш беше некако чуден. Од прст ми земаа крв, немаше вредности за железо, шеќер и такви некои побитни работи. Хемоглобин ми беше во ред и докторот вели немало потреба.. Јас малку се плашам за холестерол,шеќер да не случајно тие ми се покачени. Пред два месеци имав супер крвна слика. Се си беше како што треба. Сакам да проверам и друго сега.. Не знам дали да отидам на приватно да си проверам па и тие резултати да му ги носам идната недела..
Во што имаше покачени леукоцити? Холестерол во бременост не проверуваат, како ни седиментација, ензими на црн дроб. Еднаш месечно крвна слика, шеќер, железо. И урина. Јас би ја повторила, да има и шеќер и железо.
Зависи и колку се покачени. Во урина малку ми беа покачени, а истовремено и уринокултура правев, немам бактерии. За леукоцити во крв, ми рекле дека до 15 било нормално да се качат во бременост. Покачени ми се и мене, а вагинални брисеви чисти, нос и грло чисти, немам во урина бактерија. Пиев Оспен 10 дена и не се спуштија.
Во урина имав два плуса.. Не правев ни уринокултура, ниту брис ми зеде. Ми кажа да ставам полигинакс 6 дена, па 7 дена ништо да не ставам и да повторам анализи и кај него да одам.Ако тој осетел потреба ќе ми земел брис тој ден.
јас цела бременост имам покачени леукоцити во крвта и на два пати ме тераше матичниот гин. да правам и ЦРП што нормално ќе е покачено во бременост и ми даваше и Cefalexin и Amoxiclav ама не се спуштија и на крај си отидов кај општ матичен и ми објасни дека се е во ред и ко што кажа Оли до 15 леукоцити е нормално во крв во бременост. На последна контрола па во урина ми пишале бактерија и дур не напраив уринокултура ми рекоа ништо да не земам...а, на уринокултурата се беше чисто, така што подобро прво направи си една уринокултура па после ќе ставаш ако треба.
Фала ти на одговорот, се надевам дека е така. Ми земаа брисеви и ми рекоа заради предпазливост утре нова урина да оставам за уште една уринокултура