Да, навистина е слаба. Мораш малку преку храна спанаќ, цвекло, аронија, боровинка, просо, леќа, какао, телешко месо, жолчка од јајце... Консултирај се со матичниот за терапија. Пиј витамин ц од 1000мг секој ден. Ќе биде подобро.
Два поста над твојов @fana го има дадено одговорот на твоево прашање, читни погоре. И некој лек што доктор ќе го препорача.
Мене ми препишаа Фероглобин и нормално Ц витамин обавезно. Покрај тоа, почнав повеќе месо да јадам, 3-4 зрна какао на ден (во Виталиа може да најдеш), шоља чај од коприва дневно, многу салати (морков и цвекло, зелка и спанаќ комбинации) и вчера направив еден рецепт од докторката: 100гр цвекло 100гр суво грозје 100гр ореви 100гр мед Сок од 1 лимон Се ставаат сите состојки во блендер да се соединат и се јаде 1 лажичка на гладно насабајле (јас си јадам и сабајле и навечер за да ја завршам дозата побрзо). Исто, можеш да си правиш сок од цвекло, морков и лимон. Гарант ќе ја подобриш крвта само биди упорна.
ко што можам да приметам во Авицена ти е правено, гледам и во мокрача ти сугерира на бактерии. Направи и уринокултура ама не кај нив. А за железо исто ефективно е мед тегла измешано со пакетче семе од коприва
Иста крвна слика имам и јас.Последно што земав е феромакс од аптека на здрава храна и тоа почна да делува.
Дечки денес ми стигна резултатов, утре ќе се слушнам со матичната. Ај се што е наопачки, туку железово најмногу ме загрижува. Мислите можам со исхрана да го средам или ќе ми требаат апчиња. 15 недела сум скоро со близнаци. И дали знаете што значи 3-4 леукоцити во поле во мокрача? Фала
Мислам дека 3/4 леукоцити не е страшно воопшто. И јас имав нешто слично, докторката не обрна внимание... Сериозно било за поголем број леукоцоти.
За железо ќе ти даде терапија,и хемоглобинот ти е паднат. Не се секирај ќе се среди,си влечат бебињата
денес проверив крв во четврток сум кај матичниот, месец ипоч пијам Фероглобин, мед со семе од коприва
Колку ти беше хемоглобинот пред месец ипол? Сакам споредба за мене да направам зашо и јас пијам Фероглобин.
98 пред 2 месеци,пред 1 месец 104,и на 04.02.2020 правев пак крвна слика исто ми е 104.Прво ги пиев со сок од портокал на Херба вита ФероЕв,па потоа со Фероглобинот продолжив
Decki denes zedov rezultati od krv i mokraca, 32 nedela sum, utre sekako sum na kontorla kaj maticnata... no me zagrizuva sto leukocitite mi se 1-2 t.e mislam deka se namaleni.... ref. vrednost mislam bese od 3-10....sto bi mozelo da znaci toa?
Дечки, по испиен хеферол поради намалено железо и хемоглобин кога да правам контролна крвна слика? Не ми текнува што кажа докторот мислам рече одма ама не сум сигурна