Не знам, и јас го имам и продолжив да пијам, изгледа тахикардијата не ми е од него. Ама се плашам ептен да не ми се крене железото. Дека јадам и мед со семе од коприва и спирулина. Сакам и јас да се проверам ама си седам дома
Не би требало нешто мнооогу да се крене. Ги имам пиено пред година дена исто, од 7 на 15 го качив серумското а хемоглонинот во граница ми беше. Е сега не јадев мед и спирулина ни ништо друго само вит ц со капсулата. А сега покрај капсулата и вит ц нели, секое сабајле сок од цвекло морков јаболко и лимон, па ќе видиме. Нека пројде ситуацијава побрзо па ке одам здравје од дома не ми се мрда со коронова На пола саат мијам раце, дезинфицирам рачки, кваки, тоалет и што џабе маж ми е во движење постојано ..
Нормално е во бременост маснотиите да се малку покачени. Не се грижи, не е страшно, само внимавај на исхрана.
Мене железото ми е 15 со 4 ја стартував бременоста ,а хемоглобонот 115 отсекогаш сум била слабокрвна пиев Фероев капсули, а сега само Фероглобин сабајле и навечер
Секогаш сум имала високо железо 30 ..28..дури и се чудев како бремена 7 месец железото 28. Еее во 30 недела веќе падна на 20,денес 32 недела железо 12 , а хемоглобинот ми беше 12,1 ,денес 12. Два месеци си го правам семето од коприва со мед и пијам вит ц 1000. Една недела веќе земам по едно зрно какао , ќе земам по 3 од денес, пијам какао , јадам повремено спањак , цвекло, аронија по 10 зрна дневно. Губам надеж дека преку исхрана ќе го качам, беби изгледа 8 и 9 месец највеќе зема од мама Наредни две недели ќе зголемам внес на железо преку исхрана па пак ќе проверам, и на контрола сум тогаш па ќе видиме како ќе биде Што земате вие за подобрување на железо?
Женски дс ве прашам дали по качување на железото и хемоглобинот ви ја прекинаа терапијата? Јас сум 34 недела железото ми беше ниско пиев еден месец Сируп Флорадикс и го доведов до 15, исто и хемоглобинот ми е ок. Матичната ми рече да прекинам да пијам, но ми е страв да не ми падни повторно до пораѓај зш имам уште време.
Ќе ве молам ако може да споделите како ви се леукоцитите во трето тромесечие малку се вознемирив... граница е 10 а кај мене се нешто над таа вредност 12 ....дали е нормално...сега добив резултат па неможам да консултирам во моментот лекар.
Мене ми беа 13/14/15 зависи. Пиев 2 пати антибиотик и паднаа на 10. Нормално е да се покачат во бременост, некои пијат антибиотици, некои не.
Дали само врз база на овие вредности ти даваа антибиотик или имаше некој утврден проблем..извини што вака упаѓам ако сакаш да споделиш.
Не сум имала никаков проблем. Не сум била болна или нешто да ме болело. Мислам дека баш ради тоа дека не ја знаеше причината ми даде антибиотик.
Zdravo zenskii, sledna nedela treba da idam na pregled da mi potvrdat bremenost i zdravje srcence da vidime pa sakav da otidam i so krvna slika, i rezultat za tiroidnata bidejki pijam terapija pa moram da ja proveram i reguliram. Koj mi dava upat za krvna slila, kade treba da idam, sto da ispitam, i kolku se naplakja ?
Два месеци немам појма каква ми е крвната слика. Си уживам ( Ради ситуацијата од вирусот а кај нас два случаеви па има можност и да ме пратат во соседното градче кај што нема случаеви ) Па нели е ова срамота веќе. Правите ли вие проверка на крвна слика и каде ?
Битно е да си добро заштитена, не е битно кај ќе одиш. Маска, ракавици, коса врзана скроз, после земање крв сите алишта за перење и ти ќе се бањаш. Чевлите, телефонот, новчаник дезинфекција обавезно. Нема зошто да се шеташ до Ск.
Срцка така ми беше само зборот бидејќи овде во источна Мк кај нас што нема корона не одбиваат за нормални контроли.