1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проверка на крвта во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Sonce77, 25 февруари 2012.

  1. ЕлкичкаА

    ЕлкичкаА Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Здраво, сакам една консултација со вас, бремена сум 25 недела резултатите од крвна слика денес се леукоцити 12.6 гранулоцити 9.4 а CRP 19.48. Во урина има протеини во трагови и 2-3 леукоцити во седимент. Правев и уринокултура па чекам резултати. Дали се многу загрижувачки овие резултати? Ви благодарам
     
    На Hurikanke20 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    јас цела бременост терав со 14 леукоцити, и 3 антибиотика сменив, не паѓаа ни ЦРП ни леуко. и на се откажав. Општата ми рече во бременост е нормално да се покачени до 16 леукоцитите, а ЦРП и седимент. на еритроцити ако не осеќаш мака нема потреба да се проверува зошто се секогаш покачени во бременост. А извини ако не е тајна каде е правена крвната слика?
     
  3. ЕлкичкаА

    ЕлкичкаА Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Благодарам многу Frosty, малку да се смирам, претходната бременост немав вакви резултати па ова е ново за мене. Правено е во приватна лабораторија.
     
  4. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Зошто испитуваше ЦРП? Имаш некаква мака? И седиментација не се испитува, холестерол и триглицериди исто. Овие параметри најчесто во бременост се покачени и Др не им обрнуваат многу внимание.
     
    На tulip-K и Frosty! им се допаѓа ова.
  5. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    зависи кои доктори..гинекологот матичен 3 пати ме праќаше да проверувам и ЦРП ради покачени леукоцоти и ми менуваше антибиотици
     
  6. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Сигурно ти биле драстично покачени штом те праќала да испитуваш ЦРП али има и многу ретки случаеви каде што иако леукоцитите се доста покачени нема никаква инфекција и не мора да примаш антибиотици, али тоа се многу ретки случаи
     
  7. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    леукоцотите 14, само леукоцоти, и црп 9
     
  8. ЕлкичкаА

    ЕлкичкаА Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Имав покачени леукоцити и гранулоцити и претходниот месец, но имав и болки во бубрегот. Па правевме уринокултура излезе многу контаминирана бараа одново да се достави. Пиев антибиотик 10 дена, па после 7от ден од завршувањето правев крвна слики и резултатите се овие. Болката ја снема ама резултатите од крвта беа горе-долу исти затоа докторот бараше и CRP.
     
  9. ЕлкичкаА

    ЕлкичкаА Нов член

    Се зачлени на:
    16 јули 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Исто сум и јас, крвна слика црп па антибиотик.
     
  10. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Кај мене цела бременост 12 се леукоцитите а црп не сум ни испитувала искрено
     
  11. Frosty!

    Frosty! Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2018
    Пораки:
    1.112
    Допаѓања:
    3.641
    Пол:
    Женски
    па не ни треба ако не осеќаш некој проблем..и јас не осеќав али мојава матична е дибидус..ама тоа е веќе друга тема
     
    На Brpbrp му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Izzy_0504

    Izzy_0504 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2020
    Пораки:
    1.296
    Допаѓања:
    3.866
    Пол:
    Женски
    Женски, на редовна крвна слика во испитувањето на урина ми покажа ‘++’ за бактерии. Направив уринокултура за да видиме кои се тие бактерии, но уринокултурата е чиста - нема бактерии. Имате вакво искуство? Можно е првично да не е точно увидено? Или ќе треба да повторам уринокултура?
    Тек во понеделник можам со докторката да зборам, па ако имате слично искуство ќе ми значи.
    Фала ви :)
     
  13. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Нема гајле, и кај мене беше во резултат од мокрача-седимент ретко бактерии, а уринокултура чиста. И други пати ми се има случувано. Да не ти е на мисла, можеш пак да си испиташ уринокултура ама често се случува и на други што знам вакви резултати.
     
    На Izzy_0504 и Frosty! им се допаѓа ова.
  14. Catlover17

    Catlover17 Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали некоја од вас имала покачени кетони во урина ? Дали тоа мора да значи дека имам скриен шеќер? Се консултирав со гинеколог ми рече дека е можно и од повраќање и изгладување да се појават. Какви се вашите искуства?
     
  15. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Може да си била гладна периодов, која недела си? Гестациски имам и имав претходната бременост. Тогаш при една анализа ми покажа кетони и дијабетологот баш ме праша да не сум гладна со диетата. Тогаш уште не бев влезена во шема колку што да јадам па стварно бев гладна. Само еднаш ми покажа така.
     
  16. Catlover17

    Catlover17 Активен член

    Се зачлени на:
    23 април 2020
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    За 2 дена 12 недели. Малку и ретко јадам, од се ми се гади..
     
  17. K7M10J

    K7M10J Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    1.305
    Допаѓања:
    3.368
    Пол:
    Женски
    Епа може да ти е од тоа. Рано ти е за да испитуваш шеќер освен ако имаш некаква индикација. За лошењето ми помогна кога ќе станам од спиење прво да каснам нешто суво како бисквита, крекер, лепче па да полежам малку и после да станам. И ден денес ми се лоши ако сум гладна па и вода на гладно ако се напијам. Не се оставај да огладнеш и не се прејадувај. Од манџи ми се лоши и од салата цвекло, морков. Од јогурт, кисело млеко, банана, сокови тетрапак. Ги избегнувам овие работи. Избегнувај месени работи, тестенини, пици, торти, слатки...се надевам нешто помогнав....
     
    На Krofna* и Catlover17 им се допаѓа ова.
  18. Krofna*

    Krofna* Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    2.330
    Пол:
    Женски

    Ова ко јас да сум го пишала од истите работи и мене ми се лоши :(
     
    На K7M10J му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lulugirl

    Lulugirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2020
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    32
    Пол:
    Женски
    Здраво на сите :)
    Прва бременоста и цела сум збунка :) 12+4 сум, досега се е во ред освен крвната слика. Имам покачени аст и алт. Дали некоја од вас има вакво искуство за совет да ми даде. Докторката ми рече хепатит б и ц да проверам, а искрено мене тоа ме уплаши малку. На сликата може убаво да се види колку се покачени 20200721_193932.jpg 20200721_193932.jpg
     
  20. Lovebug01

    Lovebug01 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2020
    Пораки:
    3.440
    Допаѓања:
    8.822
    Пол:
    Женски
    Нема место за паника, за хепатит вредностите треба да се дупло, тродупло повисоки од референтната вредност. Нормално е ензимите (АСТ АЛТ) маснотиите и седиментацијата да се покачени во бременост, затоа и матичните гинеколози не ги ни ставаат во упатите за крвни анализи. Ензимите ти се покачени нормално зошто пиеш витамини/апчиња и џигерот си има екстра работа да ги метаболизира :) А хепатит секако мора да провериш тоа даваат со ХИВ заедно, некои на почеток на бременост некои и на крај, а ќе ти бараат и во болницата кај што ќе се пораѓаш.
     
    На Lulugirl му/ѝ се допаѓа ова.