исто така може да се покаченки затоа што ко што гледам и триглицеридите и холестеролот ти се малце над граница. Повеќе движење и некое омегиче сигурно..од тоа што јас знам од минато искуство. каде бараат? јас пред 5 месеци се породив на ГАК, освен крвна група, ништо не ми побараа
Ти имаат направено таму сигурно, може не ти кажале, пред секоја хируршка интервенција мислам дека прават. Во приватните болници сигурно прават пред било која операција и тоа си е во цената урачунато, а би требало и во државна да прават.
Само малце хемоглобинот ти е низок али за некои доктори и 110 хемоглобин е добар али превентивно можат да ти дадат нешто да пиеш еден месец да не падне ептен и јади повеќе зеленчук,месо
Девојки, фероглобинот ми е при крај ама по едно апче дневно немаше баш ефект. Афродита во средата на скринингот рече сум можела и по две да пијам дневно. Сакам да го сменам. Што пиете друго, освен тотема ? Мед со коприва не смеам ради шеќерот, од цвекло повраќам.
Чај од коприва да пробаш,месото доста помага, направи си сарми со блитва и таа е добра за вакви работи искрено ја ништо не пијам ни за железо ни за хемоглобин еднаш пиев сидерал форте 20 капсули и се оправив како нова бев, можеби тие што ти ги дала не делуваат кај тебе
Хеферол имам пиено во првата бременост, од старт слаба ми беше крвта. Имав вртоглавици со таa бременост многу, а и утрогестан пиев. Со спонтан ми заврши и некако потсвеста не ми дава да ги купам, знам дека нема врска тоа со спонтаниот ама ете ги избегнувам. Ме потсеќаат едноставно. Може овие сидерал форте да ги пробам што вика @Brpbrp
Не дека тие нешто имале врска, ама да не ти е мисла тогаш пробај со сидерал. Јас еден месец ги пиев хеферол и од 10,9 на 11,9 го качив хемоглобинот со нив, и железото од 9,9 на 19,9. Заради опстипација морав да го сменам. Сега сум со фероглобин па ќе видиме за неколку дена како ми се резултатите и со него. Штом ти е шубе, не ги земај хеферолот
Јас имав многу слични резултати како твоиве, не ми дадоа ништо да пијам. Не е анемија, железото ти е во граници на нормала. Можеш преку исхрана да внесуваш повеќе храна богата со железо за да не падне: месо, брокула, спанаќ, аронија, какао...
Здраво, ве молам совет како да го регулирам холестеролот покачен ми е, 7 месец сум. Дали има начин без да земам апчиња, мн препарати ми се собраа. Позз фала
Кога испитував крв и мокрача даде високи вредности, па матичната ми даде апчиња, но ми е смачено веќе од апчиња еден куп лекарства пијам.
Не се веродостојни вредностите за да препише лекарства...ти си знаеш али побарај и второ мислење или пак боцкај се и види вредности јас до сега немам слушнато на некого да му дадат апчиња за маснотии во текот на бременоста
Мене во ниеден упат за крвна слика не ми беа штиклирани триглицериди и холестерол, поима немав колкави ми беа.
Јас пред два дена ги зедов резултатите и холестеролот ми беше 6 а максимум треба да е 5,9 и матичната ми рече нормално е за трудници, на некои им е и до 8. Колку беше твојот?
Нема врска тоа сепак се зависи што имаш јадено предходно кога си ја правела крвната слика и пак ќе кажам не е веродостоен резултатот
Мамички здраво Јас денес правев крвна слика во ред ми серезултатите само железото ми епокачено...референтните вредности се 6.6-28.5 кај мене е 34.1 го прашав докторот што ми ја води бременоста вика не е страшно, само да ја повторам за три недели. Дали некоја имала вакво искуство? Мислење?