Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Проверка на крвта во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Sonce77, 25 февруари 2012.

  1. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    ^ Се е испробано, додуша од медот со семе од коприва само 2 пати пробав и двата пати за малку ќе :puke: и решив тоа не е за мене. Чај од коприва не да пијам, се давам во него (искрено многу ми е убав :lol: ), ама ништо фајде и од тоа. Барем железото ми беше 34 до пред месец ипол, па некако тоа ме тешеше за до пред 15 дена да дојде до 9. Го пијам Флорадикс сирупот, некоко ми е страв Хемовит Ц да пијам, не ми ја покачува крвта, ама барем не ми се врти сега и веќе 4 месеци вредностите се исти. Ајде уште малце остана до породување, па после месец дена онесвестување :worried: и на крај опоравување.
     
  2. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    мене почна да ми се намалува хемоглобинот и докторот ми даде фероглобин капсули ги пијав никаково подобруванје дури и намален ми беше наредната контрола
    си зедов мед семе од коприва му исцедив лимон и му ставив 100 грама орев
    а фероглобинот ги баталив си земав од медот по една лажица(обавезно дрвена или пластична) на сабајле на гладно и понекогаш и кроз дента знаев да си сркнам за рок од две недели хемоглобинот ми се подобри
    многу вазно е да се зема витамин ц за сврзување на железото во организмот затоа обавезно и лимон
    па кој мози да конзумира многу е поубаво него ли вештачки суплементи од искуство кажувам
    :) :) :)
     
  3. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Јас денес купив се што ми треба за рецептот со семе од корпива и мед.
    Може да ми кажете точно по колку се става од што.
    Внимавам ептен, затоа што отсекогаш сум анемична, и сега железото ми е доста високо 7.6.
    Пак е под границата ама верувајте оддамна не ми било толку високо. Еден период ми беше 3.
    А хемоглобинит никако да ми се подобри. Цело време надоле оди. Од минатиот месец до сега за 10 е паднат, сега ми е 87. :(
    Се надевам дека ќе имам и јас брзо позитивни резлутати.
     
  4. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.528
    Ме зезнаа леукоцитите, 21... Кај се најдоа толку?! Се надевам дека ќе паднат од антибиотикот кој моооооооооооорам да го пијам, во петок ќе правам контрола пак па ќе видиме... :(
     
  5. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    јас направив пола тегла мед во неа еден цеден лимон 100 грама сецкани ореви и пола пакетче семе од коприва толку собра во теглата
    а и нема некое правило по колку што ако сакас да ти е покрасато можиш да исцедиши два лимони не е проблем
     
  6. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    А да го исечкам лимонот на кругчиња и така цел да го ставам?
    И онака би ставила и од кората ако го цедам.
    Се надевам ќе помогне :worried:
    Знае ли колку низок треба да бидат хемоглобинот и железото за да мора да се прима трансфузија?
    Ми се увртело во глава сега ова,како паѓа хемолобинот по 10 секој месец, ако не се подобри ќе ми биде кај 70 и ме загрижува затоа што не сакам да примам трансфузија.
     
  7. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    јас само го исцедив лимонот и го турив сокот а не ставив парчина нити кора ама ако сакаш така можи зошто да не
    а колку треба да биде хемоглобинот незнам мене ми слезе до 10 кога пијав фероглобин а сега на контрола со само две до три недели откако поцнав со медот хемоглобинот ми беше 12 а за железото незнам јас на приватно испитувам крв и мокрача и железо никогаш не ми проверват само хемоглобинит валда се водат по тоа незнам
     
  8. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Како не ти испитуваат железо? А шеќер? Во бременост мора да се испитуваат крв, мокрача, шеќер и железо.Инаку неможат да се водат по хемоглобинот за железото.Мене хемоглобинот ми е 12 веќе 4 месеци (не мрднал нагоре што и да пијам), а железото ми варираше од 34 до 37. Ужасно ми е жал што толку многу се спушти на последната контрола пред 2 недели (9 ми е). Ама тоа е. :| Мислам дека сама можеш да си напоменеш дека сакаш и тоа да ти се проверува, затоа што за пораѓај железото е исто толку важно како и хемоглобинот.
     
  9. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Мене денес ми дадоа да пијам од тие ампулите тотхема 20 дена па потоа да продолжам со Легофер , бидејќи хемоглобинот ми е 9.9. Значи мора да биде 11 хемоглобинот минимум за да не добиваме трансфузија. Може да ми кажете од каде купивте семе од коприва :^) .
     
  10. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    741
    Допаѓања:
    762
    незнам и мене понекогаш ме чуди
    одам во плодност бт и таму кога одам крв и мокрача ми земват железо нема на листата и баш прашав и ми викат штом тие хемоглобинот добар нема потреба да испитуваме дополнително железо
    а за шекерот појма немам ништо ми немат спомнато и колку мозам да видам нема испитано шекер а и како му е кратенката на шекерот кога ви испитуват баш да видам
    а семе од коприва има во аптеките околу 60 денари е
     
  11. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Благодарм за информација, за шекер треба да пишува гликемија , или гликоза серум.
     
  12. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    ^За шеќерот гликоза, а за железото Fe или Ferene, или железо серум. Мислам дека и шеќерот е исто така многу битен и мене до сега ми варираше од 3,3 до 5,2. Матичниот требало да ти каже. Мојов матичен е опседнат со тоа шеќерот никако благо, чоколади итн. Додуша јас не јадам благо, а сега кога ми падна на 3,3 ми вика па можеш да си каснеш малце, не е до толку опасно, гледаш на детето му се јаде. А тоа сирото, мислам дека ќе излезе од стомак кога ќе пробам благо. И ај сега оди разбери ги. :^)
     
  13. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Гледам дека хемоглобинот сите го пишувате со мали броеви.
    Во амбулантата каде што прегледувам рачунаат во G/l а вообичено рачунаат G/dl.
    Затоа се бунам јас цело време :)
    Значи сега пресметав, хемоглобинот ми е 8.7.
    И мене докторката ми рече да пијам тотема по 1 во тек на 20 дена.
    Тоа мене ми е многу малце. Претходно имам пиено 2х2, и другарка ми кога беше трудна и таа толку пиеше.
    А и онака не ми прави разлика, никако не се качува.
    Сега да видиме со семево од коприва :^)
    Го има ви билна аптека во СК, и во сите продавници за здрава исхрана (кои сега ги има и на некои од пазарите) 700ден е кг. ама најчесто се продава во по 100гр.
     
  14. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    Деее бе, мислам дека ова ми е трет пат како пишувам 2 мислења едно по друго :D
    Знае ли некој колку низок треба да биде хемоглобинот за да мора да се прима трансфузија?
    И дали ја испитуваат крвта кога одиш да се пораѓаш? (како иначе знаат дали треба трнсфузија пред пораѓај?)
     
  15. Melinara

    Melinara Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2013
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    304
    Доколку е хемоглобинот под 11 се дава трансфузија
     
  16. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Само што ќе стигнеш во болница одма ќе ти проверат крв и притисок, мене крвта супер ми беше ама затоа притисокот ми рипна до 170 од возбуда :D , па апчиња ми дадоа за притисок, инаку цела бременост пиев чај од брусница и има едно детско какао панди као се вика, тоа многу ми помогна за серумското железо кога ми се симна :D
     
  17. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    [​IMG]
    На ова мислиш?
    Нели ова се пие со млеко? Млечни производи го спречуваат абсорбирањето на железо. Па не знам баш колку е доборо.
    Ти како го приготвуваше?
     
  18. Mravce

    Mravce Популарен член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    802
    Со млеко си го правев и мене ми помогна многу за серумското железо од 11 до 18/19 го качив и така ми остана цела бременост :D
     
  19. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    мене пред порагај не ми ја проверија или бар јас мислам дека не ми ја провериле. инаку мене ми падна под 6 и примав крв. така да внимавај пиј витамини тотема и регулирај си ја пред порагај. јас прв пат одбив да примаш можеш и тоа да го направиш но потоа ај некако ме убедија и примав и да ти кажам се зезнав ај што немаше кој да внимава додека ми течеше па таму и на второто кесе кренав температура и срека докторите од гинекологија затоа што собата веднаш ми беше до боксовите истрчаа веднаш две инекции и инфузија и ми ја симнаа температурата е да кај нас никогаш незнаеш каква крв ке примиш. ете едното кесе ми беше супер на другото покажав реакција. ете јас пак со моите хорор приказни од пораѓај али тоа е :tmi: па 7 дена седев имам што да раскажувам :fubar:
     
  20. captivating

    captivating Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2013
    Пораки:
    865
    Допаѓања:
    476
    ^
    Значи можам да одбијам, тоа е добро. И така ќе направам. Не сакам да речам гад ми е, ама шубе ми е многу. Искрено, имам сомнежи за тоа скринингот што го прават, ќе се мислам цел живот.
    Ај земав се што треба, го направив рецептот со семе од коприва, пијам тотема, свежо цедени сокови од цвекло, купив и аронија.
    Сега ми е тешко и напорно, морам да си признаам дека не отчекував вака да ми биде бременоста, како неспособна се чувствувам, и најмала ситница ми е огромен напор овие денови, една сестра се чудеше како воопшто функционирам со толку низок хемоглобин. Ама ќе биде. Бог ме чува и мене и ова бебече.