Тука пишува за фибриноген за бремени граница е 6 а кај тебе е 7 тоа не е голема разлика ама сепак консултирај се со доктор , ја мислам дека тоа не сум проверувала никогаш .. https://mk.unistica.com/зголемен-фибриноген-во-бременоста/
Да читав и ја дека е дозволено до 6 за трудници. Разговарав со трансфузиологот ми кажа само да исклучам клексанот до 30та недела да земам само аспирин секој втор ден(ама некако не дека глумам Доктор туку не ми е логично на покачен фибриноген да се намалува терапија, по логика би требало да се зголеми)
Уф стварно не знам , и мене ми го прекинаа Клексанот иако имам покачени д димери прво се чудев зошто ама ми објаснија дека може да дојде до крварење од него а ја бројам ситно до пораѓајај , да се консултираш и со матичниот?
Мажми крена температура пред една недела јас не пројавив ништо освен што носот и очите повремено ми течеа, ама си мислив дане е труднички ринитис и не обрнав внимание, а уште ме држи повремено да кивам многу да ми течат носот и очите. Ќе видиме ггинекологот што ќе каже утре.
Чекам утре да дојде и да се исконсултирам. Ама неможев да не прашам тука ги мислам резултатите од вчера.
Друштво абе јас сум 5 ти месец, прележав ковид втор пат без некои промени во крвна слика. Гинекологот ниту еднаш не ми побара димери во цела бременост, не знам дали да си направам за секој случај некако се ми се на мисла.
Може смета дека немаш индикации, ама јас би то рекла да си провериш за секој случај, короната ги качува димерите.
Јас имав многу високи д димери со короната боцкав клексани така да би ти рекла провери си за секој случај
Можеби и некој друг ќе си има мака како мојата па да споделам можеби ќе помогнам на некој. 1 мислење - матичната вика трансфузиолошки си покриена, малку покачено црп, направи за 7 дена нови ако иде нагоре ќе пиеш антибиотик 2 мислење - трансфузиолог вика не ставај више клексан, само аспирин 100 секој втор ден 3 мислење на докторот во систина што ме води вика продолжи со клексан и пиј аспирин 100 и земај тотхема 1х1(железото и хемоглобинот се во нормални граници), пиј многу увин чај и брусница, и D manoza 2х1.
Јас испитав CRP и ми се 8,56 a granica e do 6. Докторката кај што одам на прегледи и скрининзи во Систина ми препиша панцев пет дена по едно да пијам, па пак да испитам штом ги испијам. А пак матичниот ми вика нема потреба од антибиотик не де многу покачени. Штетен ли е антибиотикот панцев за плодот?
Антибиотик обично не се дава под 40 црп, 8 е ништо. Не знам зошто ти дала, да не имаш некој друг проблем? Да не се правиме ние тука доктори ама јас не би пиела антибиотик само заради 8 црп, плус па Панцеф. Мислам дека е безбеден во бременост.
Не немам ништо друго проблеми, ми кажа не е убаво да имаш таква инфркција во организам може да се префрли на плодот, а вика не е штетно да го пиеш и од 10 аплиња кажа 5 да испијам само. А матичниот ми вика не е страшно не пиј. Јас ги завршив испив 5 дена по едно па ќе испитам наредна недела црп па ќе видиме дали е намален. Инаку бев позитивна во јануари и тогаш ми беше црп 16 ништо не ми дадоа дека бев 2ипол месеци од бременост.
Здраво, дали некоја имала ниски тромбоцити за време на бременоста? Моите се 126. Дали сте примале некоја терапија? Инаку сум 20та недела.
Здраво црп испитав 8,5 ми беше пиев панцеф 5таблети 5дена денес испитав 9,7 ми е.. не се намалил. Која е границата за бремени ?
И јас пиев панцеф пред 2 месеци и пак беше и уште е повисок. Според докториве што ги консултирав било нормално во бременост да е повишен. Е границата не знам.
Jas vo 28ma imav niski trombociti 113 togas ginekologot vo remedika mi kaza deka e ok se dodeka se nad 100 ne se tretiraat, ama sega vo 33 mi padnale na 85 Bev na pregled kaj transfuziolog isto vo remedika i mi kaza da probame 10 Dena so bkompleks i ishrana poveke na meso, mleko i vitamin da forsiram pa ako nema podobruvanje ke mi dade poinvanzivna terapija. Mi kaza deka ne saka uste od sega da pocne so takva terapija bidejkji moze da predizzvika me predvremeno sozrevanje na postelkata. Ova e moe iskustvo, spodeli koga ke se konsultiras so lekar.
Ти благодарам, јас сега наредната недела ќе проверам пак пошо матичнава ми рече може да е тоа само моментален резултат и не знам дали има врска ама не проверив од сабајле, дека нели најдобро е крвни анализи да се прават сабајле додека немаме ништо внесено во организам.. Ќе пишам секако што ќе ми каже.