и јас пијам хеферол моментално и со нив имам подобрување на железото и хемоглобинот Иначе од почеток на бременост сум со препарати за железо, ги купив и GlobiFer по препорака од матичната и воопшто не ми помогнаа а се 1200 МКД Решив да си продолжам со хеферолот со витамин ц комбинација Дополнително за слабо железо и хемоглобин ми препорачаа мед со семе од коприва да јадам, мислам дека и тоа доста ми помага. Со лесно
Женски, се разбирате во крвна слика/крвни елементи? Вака. Последниве пати хемоглобинот ми е намален, денес покажа вредност од 106 (110 е долна граница), а пак серумско железо ми е 25, нешто пред горна граница. Значи, серумското го одржувам високо постојано, ама хемохлобинот ми се намалува. Знаете зошто е така? И нели референтните вредности не се исти за во бременост и без бременост? Јас не осеќам некој замор, вртење или потреба за лежење, ама еве сега каква е работава. Дали ако пијам препарат (што не сакам) може да го крене уште повеќе железото, а хемоглобинот да не реагира? Знам дека железото не смее многу да е високо во бременост. Или пак да пробам со семе од коприва во тегла мед.
Мене ми нема логика железото да е толку високо а хемоглобинот на долна граница. Како ти се другите крвни елементи од црвена крвна лоза? Htc, Rbc, Mch, Mchc…? @RumShtangla за што тест? За бременост? Може, зошто да не
Зависи што ќе ти дадат. Од хемовит за 2 месеци место да се качи хемоглобинот, ми опадна на 108 а железото, кое и така не беше лошо, ми се покачи на 23. Ги сменивме со тотхема, по 2 на ден, и за 2 недели хемоглобинот на 117 а железото си остана скроз исто. Ми кажа да продолжам со тотхема па баш ќе видам за некој ден дали пак железото ќе биде исто.
Другите елементи се еритроцити 3,44 (3,8 долна), хцт е 30 од 37 почнува, а Мцв, Мцх, МцХц се на средина, во границите, таман. Да, и минатите пати железото ми беше високо а хгб намален во оваа бременост. Пример, во претходната имав убав хгб и високо железо, а останатите крвни елементи како еритроцити хцт секогаш ми беа под. Ама докторот не ги гледаше нив, бидејќи и супер се осеќав а и останатото беше во ред. Исто и на породување бев со висок хгб и железо и направив крвна слика две недели по породување, и ми беше железото намалено до 8 од 26 шо ми беше, а хгб не беше чепнат, супер беше. Значи, нема правило. Организмот си зема од кајшто е вишокот Е сега сигурно ќе ми даде препарат, а нејќам
Стварно? А видов низ темава трудници со високо железо а намален хгб. Една имаше пишано докторот ѝ рекол витамин Ц да зголеми. А јас не земам редовно. И тоа од 500 на ден. Ај да видам б12 кај има. Зш хранава повеќе од ова сега што земам... мислам мало морген
Витамин ц од 1000 нека ти стане навика секој ден да пиеш. Јас некогаш кога ме боли глава и до 2000мг пијам. Има многу бенефити од него, периодов штити од настинки, а железото полесно се врзува со витамин ц.
Zdravo jmam edno prasanje , zenami e bremena veke 7 nedela bevme na genikolog istiot potvrdi deka e bremena fala mu na boga, denes bevme da napravi krvna slika i sedimentacijata bese 5/12 na doktorkara ne i kazavme deka e bremena i taa vika sedimentaciajata e niska ne e bremena, kako sto sum slusnal na bremenite zeni sedimentacijata im e pokacena mnogu i leukociti bese pokaceno i vo urina i krv . Odgovor ?
Гранулоцитите дека се повеќе, лимфоцитите помалку, не се разбирам мн а гледам не се во граници на нормала. Ти благодарам на одговорот.
Dali nekoj imal problem so visoko zelezo i toa vo 9 ti mesec koga bi trebalo najvekje da se trosi kaj mene e obratna situacija.Od gorna granica 28 mene mi e 34?
Здраво. Направив крвна слика денеска, холестеролот ми е 7.5. Инаку сум скоро 22ра недела од бременост. Ме интересира дали има некој искуство со покачен холестерол во бременост и до која граница истиот е нормален? Малку се загрижив па да се исконсултирам тука, додека не го добијам матичниот гинеколог?