По приватниве не прават често (секој месец) крвна слика? Нешто сум збунета 22 недела уште немам направено (докторка вели ако ќе направиме рано е.) Првата бременост ми беше во корона.
Јас сум си цел живот анемична, железо си седеше околу 7ца сега е 13ка хемоглобинот беше цело време 115 а долна граница 110 е сега прв пат правев во синлаб други вредности се па овде е од 12 мене ми е 11.8 не е многу ама викам да не прави проблем (некаде низ труднички муабети видов дека докторите го контролираат баш пред пораѓај да не е низок ама не памтам за што точно) па додека чекам докторот да каже да прашам овде за искуство. Знам претходниот пат кога ја гледаше крвната слика докторот прво хемоглобинот го провери и рече терај суплементите па ќе видиме.... Фала ви @Malesia мислам не прават толку често еве другарка кај истиот доктор уште нема направено крвна слика а е 24та, јас сама од старт си барам 1 месечно зошто си се знам колку може да ми отиде крвната слика во минус.. матична пример ми бара на 2 месеци максимум
Јас каде што сум воопшто не мерат железо, само хемоглобин контролираат, пијам суплементи не знам дали ги има тие кај нас, но секој ден јадам по 5 зрна аронија, пијам какао, можеш и семе од коприва со мед тоа доста помага јас го избегнувам ради шеќерот, и сок од калинка исто. Цело време хемоглобинот ми беше малку под граница, сега гледам дека ми се покачил, така да ќе го средиш.
Фала мила, какао пијам секој ден сок од калинка ќе земам од денес колку смее да се пие дневно 1чаша или мала доза 30тина мл? Копривава си стои дома никако да ја сомелам со мед многу ми е како песок да јадам ама што мора ќе правам.
Па јас сок од калинка одприлика ставам половина филџан, си додавам и портокал лимон што имам цитрусно и така го пијам.
Здраво, дали знаете дали при проверка на урина, смета утрогестан, дали не треба да ставам ден пред проверката?Фала
Дали некоја од вас се соочила со високо црп во бременост? Моето не сака да се симне од 29 (реф. вр. 5) Поради скратено грло на матка лежам веќе 9та недела. Почна со слаџ во плодова вода и испив 4/5 кутии сумамед, потоа имав ентерокока во урина и пиев амоксиклав и пред две недели имав ешерихија што се среди на последниве контролни брисеви. За неа примав панцеф пет дена орално и пет дена вагиналети. Како може после толку испиени антибиотици од различен спектар црп-то да не мрдне? Како забелешка ќе кажам дека и претходно имав покачено црп (21 во септември, 13та недела бев) и јануари 2023 кога не бев бремена ми беше покачено. Бев и на забар и сите доктори ми викаат дека некои луѓе некогаш така функционираат. Ама па и после толку антибиотици пак да не мрдне, не ми е јасно…
Јас исто имав и црп и леукоцити покачени и тоа без бактерии ниту некакви симптоми. Матичната ми Нада Мама само ме клукаше со антибиотици а ова не паѓаше. На крај отидов кај општата и ми рече тоа е нормално да е покачено во бременост. Не беа вртоглаво вредности ама 9 па 13. Откако се породив се врати се на место.
Направи си, ама не мора да значи дека ќе имаш бактерија, кај бремени има леукоцити во урината често и без бактерија.
Јас на обичната крвна слика 2 пати ми излезе бактерија и покачени леукоцити и еритроцити. Два пати правев уринокултура и државно и во Авицена и излезе чиста урината Ми рекоа дека е нормално во бременост и да си пијам секој ден чај од брусница..
Значи си со воспоставена дијагноза. Консултирај ендокринолог за ако треба да ти се регулира дозата. Останатите резултати како што видов ту се ок, железо, хемоглобин ок ти беа, црп исто, резултати од урина ок
Шеќер 5.7 дали е многу за 8+1 недела Имам 48кг и 167.цм А енк.ми покачи на 125 некако ми е мала доза за волкав тсх
За шеќер ако ти е толку нормалниот и пред да бидеш бремена мислам дека нема причина за грижа. Нормално, како за друга состојба треба да се пренасочиш повеќе на поздрава храна која ќе вклучи намалени шеќери. Консултирај се сепак со лекар, може ќе те испрати на проверка за скриен шеќер порано, инаку се прави после 24 та недела. За тсх немам искуство, претпоставувам ендокринологот сака постепено да ти ја покачува дозата. Дали се договоривте после колку време повторно да провериш тсх?