Здраво влегов во трет месец. Направив крвна слика и ова ме насекира, АLAT ми е 85 IU/L , a референтни вредности се 10-59. Примам фраксипарин. Читав на интернет нешто било асоцирано со зголемен ризик за гестациски дијабет/прееклампсија.. се извадив од памет.
благо покачен алт, според мене не е страшно. Да не пиеше и некој антибиотик? може и од тоа да се качи алт е за замастување на црн дроп како е поврзано со скриен шеќер и дијабет? само размислувам..
прочитај од повеќе страници, прашај го матичниот и не се секирај за се има решение. Пак ќе кажам не мислам дека е нешто сериозно може се покачиле моментално од нешто, провери пак за 10дена. Притисокот како ти е?
Здраво феминки, пред 15 дена испитував крвна слика на ГАК и леукоцитите ми беа 19.5, црп 1.9, докторката ми даде панцеф во случај на бактерија. После 10 дена правам контрола во лабараторија во моојот град леукоцитите се 21.Ми продолжија антибиотик, матичната ми зема брисеви и уринокултура па понеделник резултат. Се плашам да од што може да биде и дали влијае на бебето, иначе не осеќам никаков проблем. Дали некоја се соочила со вака високи леукоцити во бременост?
Mislam deka e greška što prvo ne ti zemale brisevi i ne si ostavila urinokultura, pa tek posle antibiotik, trebalo i bris od nos, grlo pa duri togaš, ne vaka preventivno. Sega i da ima bilo kade nekoja bakterija, može da ne dade rezultat, t.e da e negativno, a toa da ne e točno. Inače kaj mene se malku pokačeni, 12 ka, a nemam ništo nikade, se e čisto, sterilno Važno e i crp to kolkavo e, kaj mene e 1
Еден месец пред да почнам со панцефот ми беа чисти брисевите и уринокултурата и тогаш ми беа 15 леукоцитите и оставивме на тоа дека е нормално, а за брис од нос и грло вчера и спомнав на матичната и вика ајде наредна недела, што си во право дека може нема да покаже чим пијам антибиотик
Trebalo pak pred antibiotikot sekako, mada može i da se pokačeni od bremenosta, ako crp e mirno, ja mislam ok e, ne ti treba antibiotik valjda
Мое мислење, направи си детална лабараториска крвна слика. Секој сегмент кој ќе е покачен или намален иницира каде ти е проблемот во телото... Е сега незнам ама можно е вредностите да ти бидат дисбалансирани во бременост, но вреди да пробаш и да не клукаш со антибиотици за џабе. Може е нешто скроз различно од бактерија.
Висок ти е шеќерот, зборни со гинекологот и би ти рекла да се видиш со ендокринолог. Треба да ти е 4.8-5.1 највеќе. Кај мене за крвта помогна телешко, какао такви работи. Зборни си и со општ матичен
Полека мила, прв пат ти е вака? Колку време не беше јадена пред да испиташ. Ако си каднала нешто може и од тоа да е. Не е многу. Намали на тесто периодов и благо и испитај пак ако не за две недели. Може и сега да е така.
Да. Вчера во 21ч јадев сладолед, а дента кока кола и кајсии ќе направам нова крвна слика деновиве. Пред тоа ми беше 5 шеќерот.
Од тоа е изгледа, јас после 6 ништо не јадам кога одам за крвна слика. Ако пак ти е исто тогаш консултирај се. Сигурно и матичниот ќе ти каже не е страшно.
Колку и да си јадела благо шеќерот после два, три часа треба да си дојде во нормала . Повтори си ја крвната слика посекако, ама мене ми беше 6.1 кога веќе ми се разви гестациски- а ми беше 4,8