Во синлаб носам за 300ден без упат да не чекаш до петок, дека ако има бактерија два дена ќе треба за антибиограмот да го изработат
Не сум од Скопје. Не знам до колку Авицена работат денеска? Јас после сум на преглед така да секако ќе доаѓам до Скопје ама секако треба прва мокрача од сабајле. Инаку да, во петок да однесам во вторник ќе бидат. Ќе видам после што ќе ми каже др на преглед. Гледам дека уринарните инфекции се чести во бременост. Дали се ризични? Некаде пишува не се, некаде па ептен дека се ризични
Не мисли одма најлошо.. се знае за бактерија, антибиотик и толку е приказната. Еве и ја утре ќе носам сабајле, кај мене па протеини и кетони во урина искочија
Здраво. Сакам да проверам уринокултура во Рамус. Не сум од Скопје а тука кај матичниот доаѓаат само од Рамус. Ама ви еден разговор прочитав дека не им биле соодветно направени испитувањата. Дали е точно? Правев на микробиологија минатата недела и денес ми стигна резултат не бил соодветно земен примерок. Треба до петок да чекам за ново испитување па ми текна дека може во Рамус да направам
Јас во рамус имам правено тест за бременост и крвна слика ок ми биле рез.Нсправи за да видиш ако има нешто да почнеш со антибиотик дека пак 2 дена треба за уринокултура.
Здраво девојки, јас сум 21ва недела и денес правев крвна слика и испадна дека хемоглобинот ми е низок (90), а железото е во ред (16ка). Матичниот ѓи препиша Хеферол. Дали сте имале ваква ситуација и што ви помогна ?
Матичниот, греши, не се дава 300 мг железо на 16ка слободно железо. За хемоглобин да се зголеми потребни се Метилфолат, метил б12, вит Ц и бакар. Сите ги имаш како засебни витамини појака концентрација и бакарот го има во темно чоколадо и какао.
Утре ќе правам крвна слика. Планирам некаде кај 10 да одам, ама во 7 пијам Аспирин. Претходниот пат така направив, во ординацијата ми рекоја дека нема влијание на резултатот, искуства ?
Обично викаат дека освен вода, ништо друго не е дозволено пред анализа на крв. Не можеш да одиш порано, а по боцкање да го испиеш аспиринот?
Слободно пиј си Аспирин нема штета.Ти кажувам затоа што го пијам цело време и кога не сум бремена заради тромбофилија.Аспирин не се пие само кога имаш менструација тогаш се прекинува.
Во урината ми пиши доста леукоцити, нема вредности туку со печатни букви е напишано, еве го резултатот
Е ајде де, и за железото се нервирам, се отепав од суплементи пиење пак се намалило, не значително ама се намалило. Се глобифер пијам + витамин ц, се пукнав од спанаќ јадење, чај од коприва, зеленчук, авокадо, мед и пак се намалува. Креатинин низок а обично имаат проблем со висок, матичниот не ми крева на телефон, абе за мерак Сега гледам прошлиот месец на тоа поле за леукоцити ми пишале од 8-10 Аморфни урати + А сега доста леукоцити.
Не знам ова со матичните навистина е стресно А инаку железо знае да си варира Битно е да го следиш и хемоглобинот и другите параметри И претставувам можеби знаеш Млечни производи не во исто време Ц вит ја земам липосомал многу ефикасен ми се покажа го пиев на сабајле пред појадок па нешто ќе каснев па ферофолик Од оваа недела ќе пијам само прегнатол дха па ќе видиме како ќе биде железото Инаку ми беше 2-3(пред да видам поз тест) па се качи полека на 8 и како останав и времена варираше на крвните слики Последниот пат за чудо беше 18 тоа со години го немав видено поради миомот Освен тоа што јадеш плус треба џигер ама и јас ретко тоа јадам еден период не јадев месо никакво сега во бременост барем еднаш неделно може и тоа го качило
Дури да ми врати матичниот ми врати друг доктор од на болница, вика не е страшно нема потреба од уринокултура, ама јас сакам за мирна глава. Знам дека има различни вредности за трудници, ама овие со печатни букви напишале и мисли ти колку ти се Од сега на болница ќе си правам анализи, најпрецизни се со резултатите
Цветче глобифер има 18 мг железо и не тоа висока доза за да качи , само да одржува е, не ти е под граница секако, океј е железото сепак во однос на овие референтни вредности. Не се оптоварувај да биде 20 , секоја единка е различна. Ако сакаш повисока доза тотхема е 50 мг, пробај еден месец и б12 1000мг на ден со ц витамин. Не земај млечни производи напоредно со нив. за урината консултирај се секако. чсј од коприва не пиј, диуретик е јак, можеш семе само.
Се консултирав со матичниот истото и тој ми го рече за железото, дека крвната слика ми е засега океј, битно е да не паѓа нагло. За урината ми рече дека штом не пиши за бактерии не е страшно, мртви тела биле тие а јас згрешив што се истушира вечерта пред да легнам, утрото не, можи и тоа да има врска, ама јас пак ќе си напрам една уринокултура за мирна глава.
Само што правев крва слика Леукоцити 13 (Се друго нормално) Леукоцити во урина 8-10 ( се деуго негативо) Ph 6.5 Црп 1.33 Дддимер 616 30 недела и некој ден Наредна недела имам преглед. Чекам за уринокултура резултат во четврток. Ме загрижуваат леукоцитите дека се 13 мада викаат во трет триместар природно се зголемуваат
Здраво, знам дека одамна има поминато време ама како го репи проблемот со резултатите на трансфузиологија? Вчера ме боцнаа, уште немам резултати на мое здравје. Ги исконтактира или беше до таму?