За хемоглобин и железо џабе сите суплементи. Само месо јадење и витамин Ц, ама не обичен. Liposomal Vitamin C е подобра форма, следам многу доктори и самата се едуцирам. Син ми беше слабокрвен, не знам колку аронија, калинки, спанаќ изеде. Ништо од тоа не се апсорбира доволно, само кога почнав 3 пати неделно телешко месо да го хранам се подобри. Самата јадам многу месо и еве железо над граница, слабокрвна никогаш не сум била.
Нормално е да е благо покачен ама не е во ред и да е претерано. Исто и триглицеридите. Во бременост се таложат повеќе маснотии кои ќе му се потребни на бебето ама во граница Повеќе физичка активност и јадење балансирана храна.
Нема врска со исхраната, пред бременоста никогаш не сум имала проблем со холестеролот и триглицеридите. На првата лаб од бременоста вредностите беа уредни, веќе на втората лаб, 3 месец почнаа да се качуваат, секоја наредна лаб вредностите беа повисоки, холестеролот ми стигна до 9. Внимавам на исхраната, во текот на бременоста не вежбав, но постојано бев во движење, пешачење.
Се исконсултирав со гинекологот кажа во бременост не се испитува и до 10 се кажувал. И пак истото здрава храна пешачење колку се може
31 недела и кај мене 9 холестеролот, и лдл и хдл се покачени. На секоја контрола се покачуваат, така и се очекува.
Кај мене 7.2 холестерол денеска и триглицериди 2.12 ама овие дена наместо добро утро да му речам на мажот ми кога ќе станам, купи ми муцка бурече му велам, и така
Здраво дали имаше проблем со тромбоцитите при породувањето дали користеше некој лек.Јас сум 30 недела и ми се намалија на 115 ? Докторката вели дека не е страшно да ги следиме сепак да те прашам тебе од искуство
Здраво Правев крвна слика денес,знам дека холестерол и триглицериди може да се покачат во бременост,ама треба пак да се контролираат.Холестерол,22 недела ми е 8.3, триглецириди исто покачени.Дали некој имал слично искуство,кој знае колку ќе се качи холестеролот до крај,ќе одам овие денови кај матичниот со резултатите.
Кај имав холестерол над 9 при крај на бременоста. Гинекологот ми рече до 10 можело да се дојде и дека сепак не се мери. После пораѓај да се следам а во бременоста сепак да пазам на исхрана. Но да бидам искрена воопшто не пазев многу ми се јадеше калорична храна додека бев бремена
Жени хелп. 27ма недела. Предходниот месец железото 15, на денешната 29, немам променето ни витамини ниту па внесувам нешто плус преку исхрана. Имала некоја вакво искуство?
Дали проверуваше во иста лабораторија? Не е ништо загрижувачки вредноста, баш напротив добро е што е високо.
Во иста лаборатoроја, да. Се ок, само ме ми е јасно како дупло повисока вредност за еден месец со ништо непроменето... Чудно...