Имам високо црп 63. 9та гестациска недела, но претпоставувам дека од утрогестанот ми започна уртикарија. Целата сум црвена со брумчиња, чешање, и оток на дланките и стапалата. Бев на кожен, денес ми се јави, можело да земам пеницилинска терапија, исто ми даде и лоратадин 7дена. Има ли некој сличен со ваква ситуација.
Здраво друштво. Покачени гранулоцити во бременост. Се движат околу 70-80%. Леукоцитите се во ред. Црп некогаш помало од 2.5, некогаш 3, некогаш 3.5. Мокрача и уринокултура чисти. Мислење?
Олабави. Докторите не ја гледаат вредноста што е во проценти. Ете баш прашај матичен, ќе ти каже да занемариш. За гранулоцити има две вредности нели, оваа во проценти мислам дека е небитна.
Ако си пиела лекови или си била на кортикостероидна терапија може да е од тоа штом сите други параметри се во ред.
во бременост нормално е да се качат леукоцитите, и гранулоцитите нели се вид леукоцити. И кај мене се секогаш на граница ниедна докторка не ми забележала ништо. Сепак носиш нешто што на твоето тело не му е секојдневно..не се грижи и ако немаш никакви симптоми црп и седиментација нема потреба да проверуваш.
Се борам со анксиозност и тоа дополнително ми прави притисок. Ќе пробам да се смирам, благодарам за одговорот.
Моите леукоцити покачени малку носеа инфекција, која ми ја намали плодовата вода и за малку ќе ме породеа предвреме. Се беше чисто од брисеви урина и слично, а тоа покачено. Не треба да се покачени во бременост. Црпто е многу битно исто, ако е покачено нешто има.
не знам дали треба или не ама и нормално е да се покачат, тоа што си имала инфекција е веќе друго, не значи дека сите имаат иако треба да се внимава..верувам дека членката оди и на ехо и се прегледува..мене леукоцитите ми се 10.08 граница е 10.
Колку ви беа Вас леукоцитите? Бидејќи мене ми се околу 8-9 накај горна граница ама сепак во граница, ама гранулоцитете ми се повисоки ..
И јас одев и на ехо и се прегледував. Па на крај и бебето примаше антибиотик, зашто не се откри од што е инфекцијата. Може нешто е моментално па се покачуваат.
Не ти се значи високи, едно е накај горна граница, друго е да ја поминуваат границата. Немаш причина за грижа .
добро се завршило..мене и со првата бременост ми беа поткачени цело време еве и сега ама незначително , ок беше се на крај.
Mene leukocitite mi se 15.2 a granulocitite 10.6 , pravam urinokultura na sekoj 2 nedeli poradi abdomenalniot serklaz zaradi pretpazlivost od infekcija , brisevite mi se uredni .. neznam zosto mi se pokaceni a se e vo red