Cacuvche Јас летото ги пиев нив, ама не видов никакво подобрување, многу се слаби Навистина тебе ти ги дале како превентива, ама железо се дава доколку има недостаток
Ми ги даде оти мене железото не ми е паднато ниту ми е на граница затоа не ми даде појаки туку овие за секој случај. Јас ја прашав за појаки ама ми рече дека не ми се потребни сега, тие ги давале во случај на опаднато железо.
Втор пат правам контрола на крвта во полни шест месеци, и нормално, повторно е слаба, железото за никаде А многу ги мразам природните препарати за подобрување крв, посебно цвеклото, ми се блуе од него. Овој пат докторот ми даде Хеферол капсули, но некако ми се чини дека крвта моја како што цел живот не се оправала, нема да се оправи ни овој пат и по малку ме плаши.
Јас пошто цел живот имам проблем со анемија, имам се пробано, од апчина, а најбрзо резултат ми дале тотхема, Ме чуди што ти дал хеферол, зошто се слаби, а ако гледат докторот дека крвта ти е константно слаба па и дозата треба да ти ја зголеми Мене пошто не ми е многу слаба крвта, докторот ми препорача хеферол, а за до душа дека и на рецепт одат, ама јас сама си побарав тотхема Навистина се гадни ама знам зошто ги пијам Cacuvche железото не треба да се дава како превентива, не е тоа б комплекс, па ќе си пиеме ко ќе ни текне, колку ти беше хемоглобинот и серумското
Епа да го испијам хеферолот ќе направам уште една контрола на крвта, па ако нема подобрување ќе прејдам на тотхемата штом толку е ефикасна. Тие одат без рецепт? Која им е цената?
Тотхемата е ефикасна доста, некои имаат проблеми со нејзиниот вкус. Мене лично не ми сметаше ја пиев после 2 часа откако ке доручував измешана со густ сок и немав мака, и ми помогна многу. Чини околу 250 денари 20 ампули.
Правев крвна слика. Со фоливит феро 2 пакетчиња одлично ми се покачи железото а ги пиев какоо превентива за во случај да ми се снижи, а ми се покачи и тоа значително.
Правам крвна слика и уринарен статус секој месец, важно ми е многу затоа што крвната слика преку ден може да изненади. До сега е се супер, хемоглобин, леукоцити, железо се е нормално и до сега еве 5 месеци не пијам никакви апчиња за тоа. Освен фолната , на последната контрола, матичната само ми препиша Јод+Фолат таблети за поддршка и развој на плодот.
^Со оглед на тоа што кај нас на дијагноза го вадат пр ХГБ 132 г/л (значи пресметуваат грам во литар, по она што ти го пиша да, 13.2 г/дл ми е. Еве најдв нешто и на нет, за нас трудниците. http://www.perinatology.com/Reference/R ... globin.htm
Баш вчера ми земаа крв и правев проверка на урина. Хемоглобинот ми е 9.2 (12 - 15). Како што гледам ова LaDyDoLl што го објавила веќе влезена сум во трет триместар т.е 7 месец и границата е од 9.5 -15. Па ќе одам деновиве до кај матичната да ми ги види резултатите и да ми каже дали треба нешто да земам да пијам. Минатиот пат исто ми беше и тогаш ми рече матичната земи повќе цвекло свежо, цедени сокови, боровница, спанаќ...
како ме зезнаа од работа треба да одам на систематски во четврток а не сакав да кажам дека сум бремена сеуште, многу е рано кажете ми што да правам, матичниот ми рече да не проверувам крв, ќе ми дадел упат следната недела... Мразам земање крв па сакам барем на еднаш месечно да го скратам, не сакам два пати во една недела Кажете ми дали да им кажам кај што земаат крв дека сум бремена и да ми ги направат сите испитувања па да не одам пак другата недела, можам ли да скријам некако?
Мислам дека нормална крвна слика и урина како што земаат на систематски треба да е доволно. Евентуално мислам дека „серумско железо“ и „гликемија“ треба да се испита (незнам дали тоа редовно секако го испитуваат)...можеш да им кажеш да ти го испитаат и тоа. Таман резултатите ќе си ги земеш и ќе си ги искористиш кога ќе одиш на прв преглед, да не те боцкаат пак. Ама припреми се, зошто секој месец ќе треба да правиш крвна слика
Фала baby2014 на објаснувањето, се распрашав и ми кажаа дека не може да се види бременост освен ако не испитаат HCG хормон Од тоа ми беше најмногу страв, не сакам да кажам уште на работа многу е рано... Баш ќе прашам што е вклучено во проверката и ако ги нема овие вредности ќе си побарам да ги испитаат
За систематски никој не проверува железо. Ја имав таа среќа да работам во многу фирми и да ги испробам скоро сите амбуланти што се задолжени за систематски прегледи. Истите резултати искористи си ги за контрола кај матичен гинеколог, само можеби ќе ги почекаш 1 недела дури да ти стигнат во фирма. За железо ќе доплатиш макс. 150 денари. На формуларот за крвна слика има посебно место кај се бара тест за бременост со проверка на хцг. Јас дури ни урина не давам на систематски. Кажи кај матичниот дека си правела на работа и нема потреба да се боцкаш повеќе од 2 пати во месец. Мене гинекологот за следење на железо ми препорача и следење со крвна слика на 2 недели.
Девојки од премногу читање на интернет се преплашив ве молам ако знае некоја нека ми каже... Седиментацијата ми е 2, а сум петта недела??? Секаде прочитав дека бремени жени имаат вредност од 4 нагоре? Има ли место за паника?
Па 5 недела е многу рано за да се покачи вредноста на седиментацијата. Инаку да, ќе се покачи нормално и наредниот пат напоменувај да ти испитуваат само крвна слика, мокрача, шеќер и серумско железо. Другите вредности нормално ќе ти бидат покачени. И совет до сите трудници. Земајте нешто превентивно за крвната слика, не чекајте да ви ослабе па тогаш директно со лекови. Земајте цвекло, спанаќ, мед со семе од коприва... (која што може, нели )