Гледам дека имаат фолна, фолат е фолна така? Значи ако пијам вакви не треба дополнително фолна? И дали железото ти е покачено плус?
Не го проверив железото денес.. Само рутински од прсте колку да го видиме хемоглубинот...тој е покачен,зедов уште 6..таман до 39 недела да ги пијам... Па ќе видиме после пораѓај колку ќе падни... Доволно е ова @mariz да.. Јас не пијам ништо друго сега.. Ама претходно ги пиев провен за трудници и еднаш од фарма витал Pregnancy care...преку цела бременост имам солидна крвна слика
Скоро сите продукти и природни, па и апчиња и се се за покачување и железо и хемоглобин. Потребно е повеќе железо за да се создаде повеќе хемоглобин, пробај на природна база со природни состојки, барај рецепти по интернет
zdravo na site,jas samo sto gi dobiv rezulatite od krvna slika,hemoglobin 10.9,holesterol 6.3,glikoza 3.6,e sega mnogu me zagrizuva holesterolot,maticnata mi vika normalno e kaj bremeni zeni,a mene ne mi e normalno ....nikogas do sega ne mi bil holesterolot poveke od 4.5-inaku sum 17nedela aj iskustvo od vas.pls poz do site
Холестеролот во бременост е од 25% до 50% повисок од нормалните референтни вредности. Самиот организам ствара повеќе бидејќи холестеролот му помага во правилно стварање на хормоните естроген и прогестерон. Затоа ако отвориш да пребараш ќе видиш дека не постојат конкретни референтни вредности во бременост.
@gabimama2 мила не се секирај за холестеролот нормално е на бремена жена да се накачува така ми рече гинекологот и на последната крвна слика ми немат испитано за непотребно да не се грижиме.. Позз
Здраво, ме интересира колку е важноста на упатот за лабараторија? До пред некое време знам дека важеше за тековниот месец без разлика кој ден е даден, гинекологот нешто ме убедува дека важи 30 дена од денот на издавање. Да не има некои измени у меѓувреме што не ги знам?
Ај некоја мама ако знае што е ова да ми објасни гинеколог ми e во друг град а во понеделник имам закажано ова се од брис и крв
Јас сега ги земав резултатите од крвта и се разочарав малку. Хемоглобин скоро до долна граница, а ми беше многу повисок пред еден месец, шеќер исто долна граница, а железо многу ниско 4.6 Моноцити зголемени, којзнае од што. Не сум имала проблеми до сега и баш се разочарав. Ќе одам во понеделник кај матичниот да ми даде за железото нешто.
Моноцитите може настинка, вирусче нешто да те потфаќа, што можеби нема и да манифестира. Јас па се изначудив 18ка железото денес, а веќе месец не пијам ништо. Тотхема, фероглобин успеваше малку да ми качи и ако качеше тоа беше моментално но малку. Феррум лек по доза од 10мл ми качи 16 пред еден месец, а еве сега сеуште без ништо ми е супер и хемоглобин и железо... но пијам цедени сокови секој втор ден каде обавезно ставам цвекло.