Значи вака. Не знам дали има ваква тема, ако има извинете. •СИГУРНО по нет сте виделе вакви чизми. Ги носи Ким, Кендал, Карлеуша.. •Што мислите вие девојки за овие чизми?..
Прво не би ги носела ради мојата висина, следно ... едноставно не ми се убави. Ама воопшто. А и се соменвам дека се комотно, а алиштата кои ги носам ми е поважно да се комотни.
Јас и гумени чизми ич не сакам, а овие ми се нешто ко екстремна верзија на истите Ич не ми се допаѓаат, идат во категорија - нешто што никогаш не би облекла
Како да ви речам, ама кога и да се спомнат овие чизми, само на ова ми бега умот и си бљуцкам по малку:
Иу, ова е најгрдото нешто што постои од обувки според мене. Замисли да ти се испоти ногата и да се замагли пластиката... Ми изгледаат многу безобразно.
Можеби на нечија нога (не на моја) и во даден момент, на пример во Модната недела во Милано. НИКАДЕ на друго место. П.С. Се прашувам - што ако ти се испоти ногата ?!....ќе се замаглат ?
Многу грди. Изгледа како околу ногата да имаат замотано од оние провидните мушами. Поготово најдолу кај стапалото се посебно одвратни. Во глобала даваат ефтин и вулгарен изглед.
Вака необлечени ми изгледаат како стаклени. Ама кога се облечени се прават нерамнини и изгледаат како најлонска вреќа.