Знае ли некој како се движат провизиите што ги наплатуваат банките кога плаќате некоја сметка кај нив? До сега мислев дека пошта е поефтина за плаќање сметки во однос на провизијата, ама најверојатно сум се излажала. Освен тоа слушнав дека провизијата е различна во текот на денот, во стилот дека претпладне е помала провизијата за разлика од тоа ако плаќате попладне. Знае некој нешто повеќе во однос на ова прашање?
Провизија во банка (кога плаќате сметки) Хмм, за сметки конкретно не знам, ама обично во пошта за секоја уплатница зимаат 1,5% од сумата, освен овие за факултет што ги плаќаме. ТТК земаат 20 денари провизија без разлика во која банка е сметката на која што плаќаш, Стопанска 15 ама имаат они некои други провизии за другите банки, конкретно за Авон некаде околу 80 денари е провизијата. централна кооперативна 30 денари земаат. Другите не знам.
Општи прашања Во пошта ја поскапеа. За таксена марка од 50ден. плаќаш провизија 35ден. А, пак во Комерцијална за таксена од 50ден. плаќаш провизија уште 50ден. Јас за Стопанска знам дека е најевтина - 15ден.
Девојки, Ве молам за помош. Денеска ми пуштија пари преку банка, меѓутоа службеничката што ја правела трансакцијата била нова, и го погрешила бројот на сметка, и наместо во ТТК банка ги префрлила парите во Тутунска банка, на лице со истото име и презиме како моето и од истиот град. Лицето што ми ги пушташе парите отиде во банката од каде што се правеше трансакцијата, и службеничката му кажала дека парите се префрлени на друго лице, дека не може ништо да направи, и советот кој го даде беше барајте го лицето низ град, ако сака да ви ги врати парите.Ќе ве молам доколку некој може даа ми помогне, да ме посоветува што да правам, бидејќи не се работи за малку пари! Ви благодарам однапред
Некој во скоро што има вршено плаќање преку уплатница (за НБРМ), дали знае каде има пониска провизија? Во Комерцијална б. последно ми земаа 35 денари по уплатница.
black-angel ова е за таксени марки или уплатници (уплата на сметка на нбрм)? Јас како што реков пред скоро плаќав во Комерцијална и ми земаа 35 денари за таква уплата за нбрм, а во Тутунска сега ми кажаа дека била 50 денари. Ако сум платела од моја сметка во Тутунска ќе ми земеле дупло помалку т.е. 25 денари, а пред една недела од моја сметка од Тутунска уплаќав на сметка на Комерцијална банка (не за нбрм) и 35 денари ми земаа. Можеби попаметно ќе беше тогаш директно да си платам во Комерцијална. Конкретно сега ме интересира за провизија кон НБРМ, зошто изгледа се разликува провизијата во зависност од тоа за која банка е наменета уплатата и каде плаќаш.. Не знам веќе како им оди тоа по банкиве и поштиве ама како и да е ме одраа со провизииве..аман !
Треба да уплаќам повеќе уплатници, па да ве прашам знаете ли каде има најниска провизија? Највисоката сума за уплаќање ми е 1000 денари.
моментално во ТТК е најниска провизијата, 29 ден до 5000 ден уплата, и 50 ден над 5000 ден уплата. Сегде е многу поскапо, особен за повисоки суми. Проверено.
Дали некој знае во која банка моментално е најниска провизијата за уплата на административна такса во износ од 100 ден. и 50 ден на сметка на НБРМ?
Јас би си платила и електронски, арно ама административците се бог да чува, може и да не ти ја признае уплатата. Највеќе ми е заради тоа.
Ај пишете кaј имa нaјнискa прoвизијa Нa другaр требa дa му зaверaм семестaр Имaм 4 уплaтници, еднa oд 50, еднa oд 300, еднa oд 750 и еднa oд 4920