Во периодов разгледував кои понуди и какви има во банките на Шпаркасе и на стопанска банка за сопствени потреби, па во стопанска банка дознав дека воопшто не земаат провизија, дали е некој на стопанска за да го потврди тоа ? Сега јас сум студент , сметка од Шпаркасе имам таму незнаев дека задржуваат кога проверуваш на банкомат па така кога проверував заприметив дека доста земаат.Затоа па и ги подигам средствата кои ми се испраќаат на таа банка ама како што видов ми имале задржувано. Сега размислувам да отворам сметка на стопанска па да ми кажете дали е точно дека не земаат провизија или е ниска провизијата?
Провизија за што? Многу е широк поимот- сопствени потреби. Ако мислиш за проверување состојба на банкомат, да, нема провизија ако проверуваш состојба на сметка.
Конкретно за кредит и за на банкомат ме интересираше. На сопствени потреби мислам на моите потреби од банка, на пример кога планирам кредит да земам ако земаат провизија и дали е ниска и на сметка кога имам да уплатам исто и на банкомат кога проверувам. Ако знаеш тогаш колку земаат? Јас ако штедам во банката пари на книшка ќе ми задржуваат ли провизија? Бидејќи тоа знам дека се случува во други банки. Иначе, почетник сум во искуствата со банките па само знам за Шпаркасе, а ме интересира за други банки во случај да имам план да отворам сметка на друга банка и да знам повеќе податоци за да не земам на ризик па да се случи некаква штета на моја сметка, да не испадне грешка моја ако го оставам кешот таму. Па јас да се осигурам во ова.
Зимаат стопанска, како не зимаат. Членство 90ден (не знам колку пати годишно), 40ден провизија за водење сметка месечно, 20 ден за повлекување готовина на шалтер, 20ден за повлекување готовина од штедна книшка, 100ден ако префрлаш пари на лице со сметка во друга банка, 100ден уплата на правно лице до 14.30, после 14.30 255ден! Од банкомат немаш провизии, за кредити каматната стапка зависи од типот на кредитот и време на исплаќање, кредитна картичка корнат провизии, едвај ја затворив. За фирмата имаме сметки во Цкб и Нлб. За нијанса се подобри ама ништо посебно.
Мислам дека секаде задржуваат. Мене за "Студентски оброк" што ни исплаќаат ми задржуваат по 30 денари во Комерцијална.
Шпаркасе најмногу дерат бегај од кај нив, поглупо нешто од земање провизија за проверка на банкомат нема а тие на секое проверување земаат
Нлб многу зимаат И Пошта во МТВ По 70-90 денари. За глупости У Пошта за 210 ден на уплатница ми зема 70 ден провизија, 280 ми зема И плус други 280 шо се плаќаат, многу се паметни маме им ебам лоповско.
Komercijalna imas 3 pati vo mesec besplatna proverka na niven bankomat. A inaku site Banki imaat internet bankarstvo, aplikacii kade moze da se proveruva sostojba i sl..
Ne. Elektronskoto bankarstvo vo Komercijalna e besplatno, i plakjanjeto so kodovi koi se izdavaat e besplatno. https://kb.mk/internet-banka_fizicki.nspx Vo NLB elektronsko bankarstvo e besplatno, no tokenot za plakjanje se naplakja.