Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Провизија во банка

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од flowergarden, 21 јануари 2013.

  1. Luciferka

    Luciferka Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2020
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    Сега со другарка бев во УНИ БАНКА и земаа 60 денари провизија за повлекување на средства од сопствена сметка.
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Халк е многу лошо после 14 часот 200 денари им е провизија за уплатница
     
    На simoncelicius, Arjanit2021 и Luciferka им се допаѓа ова.
  3. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    СТБ: месечна провизија за водење сметка 30 ден., префрлање на друго лице пари/уплата ПРЕКУ е-банкарство зависи од сумата. За помали суми, па се' до 6.000 денари ми земаат 9 денари провизија, на пример, за 24.000 денари трансакција ми наплаќаат 12 ден. провизија.
    За режиски трошоци преку електронско банкарство мислам исто е 9 денари. Има готови подготвени налози за режиски трошоци, само пополнуваш сума и плаќаш. Се потврдуваат налозите со токен, кој го даваат бесплатно.
    Мој предлог е сметките да ги плаќате онлајн со картичка директно на веб страните на Водовод, БЕГ, Телеком, ЕВН....Телекабел...бидејќи во тој случај не плаќате ниту денар провизија.
     
    Последна измена: 30 март 2022
    На Justicija и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  4. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.797
    Пол:
    Женски
    Стопанска 250 денари.
     
    На simoncelicius и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Земаат и другите банки, само не толку. Ама затоа нека има дебитна картичка за да не плаќа провизија за повлекување на шалтер.
     
    На Снегулк@23 и Luciferka им се допаѓа ова.
  6. ivanamackica

    ivanamackica Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2018
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    1.046
    Пол:
    Женски
    Колку е провизија во Комерцијална?
     
  7. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Зависи за што
     
  8. Dandra

    Dandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2020
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    765
    Kolku e provizija ako od banka Silk povlecam preku bankomat na Halk banka?
     
  9. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Да нема да плаќа провизија за повлекување на шалтер, но и дебитната картичка има провизија, таканаречена „годишна членарина“.
     
    На ЀѐЍѝ и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  10. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.297
    Пол:
    Женски
    Ги гледам мислењата од лани и гледам дека провизиите уште повеќе се покачиле.
    Реално е премногу како за постара нација и дел од таа нација која не е во можност да има паметен телефон, а не пак да работат со апликација.
    Ако немаш во момент батерија на телефонот или си заборавил лк во папка или кола е невозможно да завршиш работа. Мизерно е ова што е направено со банките. Уште и ако треба да завршиш работа после 14 часот, дури и да имаш лк има да те изгорат со провизија. Порано имаше опција да се уплати наредниот ден ама сега изгледа и тоа не постои.

    И немојте со „ама ќе научат“. Не е секој во можност да научи, ниту пак да си дозволи. Не живеат сите во исти услови и некој одвај има за струја, а не пак за телефон. Во други држави не е вака да мора да оди све преку апликација инаку ќе те изгорат провизии.

    Во стопанска пак бараа да се регистрира за да може да уплати најобична уплатница! Во цела таа гужва уште тоа фали. Во 3 филијали 3 различни информации ми дадоа и на крај фатија да се расправаат и си заминав. Дури не ми се веруваше дека во странство поедноставно и побрзо завршувам работа отколку во Македонија.

    Банките се огромни грабатори!
     
    На poi, boomsleng и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  11. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    И не само што се покачени туку и се најавуваат и нови каде што немаше. Комерцијална банка А.Д. Скопје најави провизија и за „користење на интернет банката“.
    Сѐ уште постои, но во реалноста само преку интернет банката. Еднаш во НЛБ банка А.Д. Скопје вработениот одби да ми уплати наредниот ден, може ќе ми ја блокирале сметката.
     
    На NoirSerpentine и ЀѐЍѝ им се допаѓа ова.
  12. NoirSerpentine

    NoirSerpentine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2021
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    2.297
    Пол:
    Женски
    Како што пишав - грабатори. Услови ги сите да мораат да користат интернет банкарство па после некое време почни да го наплаќаш и него.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Леле не, немам бре одвишок пари и тоа да им плаќам :@
     
    На RockinIt и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  14. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Така е.
     
    На ЀѐЍѝ и NoirSerpentine им се допаѓа ова.
  15. Snowflake99

    Snowflake99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2022
    Пораки:
    1.447
    Допаѓања:
    5.721
    Пол:
    Женски
    Во комерцијална за плаќање сума од 1500 преку уплатница колку провизија ќе ми земат?
     
  16. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Не ми е јасно баш ова... станува збор за детско штедење орочено ... како на калкулаторов излегува толку каматата нели на 6000 ден 3.5% е 210 ден
    а тука покажува 1050, тоа значи 3.5 е годишно? А орочени се на 60 месеци ...
     

    Прикачени фајлови:

  17. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Да, 3,5% е годишно.
    (6.000 * 3,5%) ÷ 12 × 60 = 1.050
     
    На Снегулк@23 и ЀѐЍѝ им се допаѓа ова.
  18. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.768
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Фала ти мислев 3.5 е за 5 години
     
  19. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.210
    Допаѓања:
    2.150
    Пол:
    Машки
    Нема на што.
     
    На ЀѐЍѝ му/ѝ се допаѓа ова.
  20. truffles

    truffles Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2017
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Ха кој лоповлук. Чим се рекламираат со 3.5% камата годишно треба да биде 6000*1.035^5= 7126, ама не, балканскиот лоповлук нема граници.
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.