Провинцијалци и Граѓани на метрополата

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од LivingGlam, 4 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    42.338
    Пол:
    Женски
    Е вака: Забележав и на форумов, а и на многу групи на Фб дека ние уствари не си се сакаме... На Скопјаните им пречат "провинцијалците", им го посељачиле градот, им ги земале работните места и што ли уште не. Имаше една група на ФБ во смисла „тато дај продај нивата да одам во Ск да студирам“ - па добро кому му е смешно тоа?!?!?! За мене ова е чиста глупост, и не знам како ние од периферијата станавме сељаци и што ги прави нив подобри од нас.
    На лето кога ќе дојдат туристи, Охриѓаниве само се бунат, а од друга страна ги бараат... А има и "старограѓани" во Охрид што не сакаат да дишат ист воздух со луѓево што се доселиле.
    Ајде бе, во кој век живееме, до кога ќе се мразиме меѓу себе? Ај што сме поделени партиски и очи си копаме, уште оваа поделба ни фалеше.
    Јас ова не го сфаќам и затоа ја отворив темава, можеби некој ќе даде прифатлива причина.
    Не забележав ваква тема на форумов, ама ако има, упатете ме да ја посетам.
    И еве еден јавен повик за помирување :D
     
    На ♡BuBaLe♡, fallenangel, mode-kristina и 10 други им се допаѓа ова.
  2. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    539
    Пол:
    Женски
    imase vakva ista tema,skopje vs provincija mislam deka se vikase,ne se sekavam dali bese zaklucena ili taka neso,znam deka imase mnogu prepukavanja na nea,i mozebi e podobro voopsto da ne se otvara vakva tema povtorno,zaso i"skopjanite"i "provincijalcite"ke si tezat na svoeto,samo mozat da padnat teski zborovi,zaso site sme si custvitelni i si go branime"naseto'neli.a posto nie makedoncite sme si glupicki malce :) ,mesto da se drzime site zaedno samo gledame da se delime i karame po nekoja osnova,taka i na skopjani i provincijalci a site sme vprocem edno isto,i sekade ne ima i dobri i losi.diskusijata na vakvi temi e bezcelna,a e podloga za konflikti.da ne me svatis livinglam pogresno,temava ti e dobra ama narodot ne go biva.vednas nekoj so nekogo ke se zdavi. :)
     
    На theowndemon, tessie и LivingGlam им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.648
    Допаѓања:
    9.667
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тања6.
    Тема ваква имаше и беше заклучена поради тоа што настана хаос, препукувања и навреди.
    Не знам колку е паметно пак да се отвара темава... зошто ни јас сама не сакам да дискутирам за ова.
     
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    42.338
    Пол:
    Женски
    Не не, воопшто не те сфатив погрешно. Баш како тебе сакав да кажам дека некако не сфаќаме дека сме исти и не ги гледаме работите што не’ поврзуваат, туку самите правиме нови и нови разлики меѓу нас. Не би сакала да развивам нова жолчна дискусија и мило ми е што не ја видов претходната што се водела.
     
  5. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.333
    Глупости. Сите исти го*на сме, Македончиња и галје ни е за се :rock:
    Не е ни место ни време за меренје машки полови органи, кој е појак, или кој ке нападне повеке. Вакви теми навистина не се за тука. На кој му е до расправија има тема "Испукај се" мислам дека се викаше.
     
  6. didija

    didija Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    100
    Секоја чест за ова !!! Колку е само вистина, :clap: за жал :x
    Поздрав :*
     
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    4.158
    Допаѓања:
    42.338
    Пол:
    Женски
    Во право сте сите, не знам кај ми беше паметот што отворив ваква тема, само не знаев за претходната, и намерата не ми беше да се почнуваат расправии (кои за среќа не почнаа барем засега).
    Финтата е дека треба да заборавиме на разликите, и да си се сакаме меѓу себе, зашто друг никој не не’ сака :)
     
  8. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    Мислам дека на темава може да се дискутира,но секако доколку тоа се прави на културин начин без навреди.Секој има право да си го каже своето мислење..
    Ме чуди нашиот народ..и тоа многу.Наместо да се држиме цврсти и да си помагаме,ние правиме дискриминација меѓу самите себе и тоа без потреба.Секој се бори за подобар живот и има право на тоа.
    Мислам дека ваква поделба може да прават луѓето кои имаат се на готово,кои не наишле на некој проблем или криза во животот,затоа што има кој за нив да мисли.А се запрашалели некогаш тие луѓе колку е само тешко да се опстане во Скопје,Битола,Охрид...ќирија.сметки,трошоци колку сакаш.Тешко е за луѓето од провинција да снајдат,посебно ако немаат помош.Баш испаѓа така, тато продај ја нивата да студирам во Скопје... и тоа воопшто не е смешно,тоа е суровата реалност.Но не ја барам вината во луѓето,туку во власта.Треба да се инвестира и во помалите градчиња,да се отворат нови работни места.Се отвараат само факултети,а работа нажалост никаде нема...но ова е веќе друга тема..
     
    На Victorian, JustFun и LivingGlam им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    7.312
    Допаѓања:
    33.500
    Пол:
    Женски
    Точно е, луѓето самите се делат, ние Македонциве тоа го правиме меѓусебе наместо да бидеме сплотени и посилни, затоа секој може буквално да не уништи. Самите очи ќе си извадиме меѓусебе. Јас не го разбирам и не го одобрувам тоа. која е потребата од тоа? Што ако некој од источна Македонија дошол во Скопје да студира и да работи? Секој има право на живот, таму немал соодветни услови па дошол тука. Не секој град нуди еднакви можности па нормално е луѓето да се движат таму каде што ги има. А тоа што Скопјани се жалат деа провинцијалци лебот им го земале, тие се луѓе кои уствари излегле поспособни од нив и си нашле работа. Безврска е такво осудување. Но од друга страна, не го одобрувам ниту тоа што некои луѓе од провинција се дигаат себеси и се прават којзнае што кога ќе појдат во некој голем град, во нашиов случај Скопје. Биди тоа што си, не мора да збеснуваш.
     
    На theowndemon и Eli23 им се допаѓа ова.
  10. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.256
    Македонија се протега 200 километри од граница со Србија до граница со нашиот сакан сосед Грција :) и 300 километри од граница со Бугарија до граница со Албанија, односно со кола се поминува цела земја за 4/5 часа со правење паузи за одмор , за која провинција или внатрешност збориме кога сите сме едни до други :) ?
     
    На jacqueline.s, Teya., Victorian и 3 други им се допаѓа ова.
  11. JustFun

    JustFun Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2014
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    2.750
    Јас сум од провинција и не се срамам за тоа, ама се ежам кога некој ќе ме навреде, некој што не е стар Скопјанин си дава право да ме навредува мене а нема никакво право за тоа. Што ти е бе брат? Ако ти пречам не мораш да зборуваш со мене, одмини ме и мирна ти глава. Секоја чест за одреден исклучок али не сакам некој да ме навредува од чиста мира затоа што " Скопјето му е загадено и упропастено од провинцијалци.":^)
    Значи ги почитувам Скопјани, очекувам и тие мене да ме почитуваат, ако ме навредат враќам со иста мера. Немам намера да трпам некој да си лечи комплекси со мене.
    А ние наместо да се држиме се делиме, цел свет ни се смее. Ама ако.. Нека ни биде. Ќе ни дојде некогаш паметот и нам.
     
    На Victorian, theowndemon и Rama им се допаѓа ова.
  12. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    8.044
    Допаѓања:
    199.933
    Каква провинција, какви баркачи...
    Се додека има ваква поделба КЕ НЕ ЈАДЕ МЕЧКАТА (знаете што сакам да кажам а да не навредам никого)
    Свестете се еднаш...некои дома ни дојдоа а ние уште провинции расправаме.
    Недај Боже да дојде до нешто, како сите во тие провинции ке се напикаме како глуфци

    Ајт сеа...зборете си, ама нека нема гадости
     
    На theowndemon, samovila.red. и mila25ve им се допаѓа ова.
  13. macedonec15

    macedonec15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2015
    Пораки:
    224
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Машки
    Ало каква провинција градовите во светот се поголеми од нашата државичка секоја чест за граѓаните од албанска националност како се држат заедно не гледаат ни провинција ни ништо
     
  14. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.926
    Допаѓања:
    23.543
    Пол:
    Женски
    Факт е дека многу млади дојдоа во последните години за тука да студираат. Подобри можности ете да речеме има во Скопје.
    Наеднаш почнаа да ни сметаат затоа што биле дојдени од ваму од таму ( а се е тоа Македонија патем ), а ги гледаш петок сабота киснат скопјаните пред студентски дом, надевајќи се дека нешто ќе бркнат. Лицемерие. Тогаш не сметаат така?
    Друго, пола од сегашните скопјани, еве и јас сум во оваа категорија, се родени и растени тука, нивните родители се доселиле кога биле деца. Ние шо сме, провинцијалци или скопјани? Да ви кажам, пред се сме луѓе со вредности и морал, чувства и потреби.
    Како што рекоа погоре, уште да е голема државичкава па да се делиме. Некои народи се толку сплотени, човек да им завиди.
    Секој се раѓа со еднакви можности, па нека повели нека се бори за своето место дали во Скопје, дали во друг град, не е битно.
    Мене искрено ми смета гласно зборење на телефон во автобус, довикување, понашање како да е некој над тебе...ама тоа не зависи дали си од провинција или од Скопје, зависи од домашно воспитање и културата.
     
    На okcenzi, Victorian, Momichka и 3 други им се допаѓа ова.
  15. irenadaniel

    irenadaniel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    887
    Допаѓања:
    1.322
    Пол:
    Женски
    што сме една држава голема пак уште и да се делиме ама таков ни е менталитетот
     
    На referentka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    3.199
    Допаѓања:
    29.649
    Пол:
    Женски
    Судејќи според проектот Скопје 2014-2015 какво ви го направија Скопјето,имате право да не гледате од високо нас "провинцијалците":P ви се опростува само покрај денешниот Барок и незнам какви други примеси:rofl::rofl::rofl:ајкули,бродови...се зезам,искрено не ги делам луѓето на провинцијалци и граѓани на метропола,вака или така сите живееме во оваа наша мала кутра напатена МАКЕДОНИЈА,разлика има секогаш и секаде во поединци,не сите провинцијалци се глупи,некултурни,необразовани,и не сите метрополчани се репер за култура ,добро однесување и слично;)
     
    На 2212 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. s&s

    s&s Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2015
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    1.064
    Пол:
    Женски
    Сакав да отворам ваква тема, но еве имало веќе... сакав да продискутираме какво мислење имате за терминов „провинцијалци“? Се сложувате да бидат така нарекувани сите кои не се од „Скопје“ или сте против вакво омаловажување? Ме интересираат најразлични мислења :)
     
  18. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.319
    Допаѓања:
    14.795
    Пол:
    Женски
    Не ми сметаат тие од внатрешноста, доколку се фини со мене. Да имав поинакви сфаќања немаше да земам маж “провинцијалец“.
     
  19. theowndemon

    theowndemon Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    4.795
    Допаѓања:
    63.565
    Пол:
    Женски
    А чекај, уште постои оваа поделба на провинцијалци и граѓани на метрополата? :|
    Јас како провинцијалец, сите луѓе ми се исти, безразлика од каде потекнуваат, шо се или било како. Едни и исти :l: :hug:
     
    На joy1, Victorian, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  20. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.100
    Допаѓања:
    12.042
    Факт е дека на вас "скопјаните" ви се крева коса од провинцијалци.Но да имало подобри можности во другите градови сигурно немало да биде вака.Сега се изгради се во Скопје па ајде сите тука.Па прочитав и дека дечковците ви ги краделе.Може на некој и животна желба му е да се омажи тука не викам не.Ама некои ваши "манири" се многу полоши од тие на провинцијалците.Е од тоа што го видов ми се згади животот едноставно.Потценување до толку како вие сте најдобри,односно понижување на другиот за да се издигнете.Не комуницирате со секој,оти не е ваше ниво,љубомора,злоба,некултура,скапа облека и парфем, а евтини луѓе итн.Секако ова не важи за сите како што има провинцијалци што се понашаат недолично има и скопјани.Ајде за нив ќе речеш што знаат тие,што виделе од животот не растеле во големиот град,ама па што стана за вас?Од каде толку комплекси и сељачко понашање.Еве не знам.
     
    На mode-kristina, Rama и s&s им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.