Провинцијалци и Граѓани на метрополата

Дискусија во 'Канта' започната од LivingGlam, 4 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    А може ли да објасните какво е тоа плукање по Скопје? Зашто се спомнува плукање, плукање, а не ми е јасно што.

    Еве јас сум слушнала од неколку дека не им се допаѓа градот, дека е сив и мрачен. Тоа ли е плукањето? :D
    Тоа е основата на она - па што бараат ако не им се допаѓа?
    Ех...
     
    На Victorian, bella.s, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Вие озбилно не сфаќате дека политиката е крива што ви се доселивме, а не ние? Кажи ми, како дипломиран програмер, во кој мал град да се вработам?
     
    На Victorian, Rama, Summerlover и 3 други им се допаѓа ова.
  3. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    Не ми се верува што све прочитав во темава.
    Скопје како Скопје. Празаситено, презагушено...ама во која држава не е тоа така во главен град!?
    Не ми смета никој од страна дојден. Сите се борат за парче леб, кариера, свое место под сонцето.
    Да беше во Берово најлесно да се вработиш, сите во Берово ќе одеа. Ама не е.
    Мене искрено ми смета на шалтер да чујам дијалект.
    Па да му се сневиди, оставете го дијалектот за дома, никој не ви го зима. Никој не тера никого да збори скопски, се работи за ЛИТЕРАТУРНО. Тоа што мене ми пречи не збори за мене, туку тоа што има вработени кои не зборат литературно е минус во нивното сиви. Пробајте да не ми се спротиставувате за ова зошто реално ако работите во Англија не можете да зборите и таму на дијалект, туку ќе мора да зборите како сите. Епа зашто овде тоа да не е така!? Плус за вас е тоа.
    П.С. Јас сум од Скопје. Цел живот сум овде. Не се фалам, се жалам. Јас сум за помирни места.
     
    На Victorian, Rama, Feminka192 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.391
    Допаѓања:
    87.674
    Еве ќе ти кaжaм кaкo стaрa скoпјaнкa кaде е Гoлoгузицa, денешнo ГЕГЕ (или Дaме Груев), зaтoa штo Белoгузицa и не пoстoи, пa не јa знaaт.
    Oд Ѓoрче Петрoв кoгa се oди нaкaј Вoлкoвo, веднaш пo нaдвoзникoт зaпoчнувa Гoлoгузицa.

    @LivingGlam
    Плукaњетo е истo кaкo нa oние кoи секoјa гoдинa oдaт вo свoјoт стaн вo OхридOН и немoжaт дa ги смислaт OХРИЃАНИНЕ зoштo се вaкви ичи oнaкви, и плaжите се УЖАС и кaфaните се СКАПИ (пoтврденo сo сликa oд сметкa и стaвенa нa ФБ), езерoнo е кoчaн лaднo, немa кaде се пaркирa, пaтoн е ужaс...и СЕКOЈА ГOДИНА ги уживaaт унaвините нa грaдoт.
    Амa битнo дa се јaде гo*нa.
    Е тaкa и дoјдените вo Скoпје.
    Зa мене тoa е плукaње.
    Акo не ти чини, oди си, не јaди вaфли.
    Едит. Не ти, oние кoи плукaaт и вaму и тaму.
     
    На kukla21, CameliaMiller, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  5. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    А после гологузица е кисела јабука... :D
     
    На sanjaeva му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Неможете и неможете да разберете.Кој успех,кои бакрачи во Скопје.Сте дошле да студирате тука со парите на родителите,после студии или у меѓувреме работите за плата од максимум 10000 и тоа е успех.Со тие пари сметки се плаќаат и толку.И демек вие самостални,не зависите од мама и тато,се сами сте створиле и сте успеале.Ајде бе.И сте дошле за подобар живот.Јаооо,во Скопје незнам дал ќе го добиете ама ај.Јас кога бев девојка работев по бутици и имав колешки и од Скопје и од други градови.Зимавме 11000 плата а работевме ко коњи.За на крај да почнат да не задржуваат за пописи,примање роба и други с.... по 24 саати за да на крај неможеме да функционираме.На крај тие што бевме од Скопје почнавме да се буниме,додека другите си ќутеа.Си ја добивме клоцата и чао,со здравје.
    Зошто е тоа така?Демек 11000 е топ плата и 24 саати е ок време работно.Не,не е.
    Башка еве јас каде што живеам,плаќам станбен кредит,додека сите што дошле од другите градови си ги купија без проблем становите.Продаваат се што имаат во родениот град,а имаат доста што да продадат и купуваат тука без проблем.А тие што сме од Скопје или сме под кирија или со стамбен кредит.
    И,не се мавајте у гради дека сте далеку поинтелегентни и поспособни од децата од Скопје зошто мама и тато од Скопје немаат за Фон и останати приватни факултети додека мама и тато од другите градови без проблем ги даваат тие пари.
    И пак ќе кажам,Скопје стана големо с.... и јас кога би можела без око да ми трепне би отишла да живеам Битола или некој друг град и би ми било далеку поубаво.
    И,да се разбереме,не сум против луѓето туку сум против пренаселеноста и пренатрупаноста во градот.Едноставно нема услови за нормален живот,па сакале признале или не.Инаку,и јас имам роднини од друг град,за ништо не би мрднале од таму и да дојдат тука да живеат,Скопје го гледаат ко дупка.Исто и мм има роднини од друг град.Децата да,им студираа тука ама после тоа си се вратија и вработија таму,немаат намера да дишат г.... тука.
     
    На cresa-jagoda, black-angel, nena2010 и 3 други им се допаѓа ова.
  7. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    :bow:Све убаво си кажа само некој никако да свати
     
    На cresa-jagoda и ivi1987 им се допаѓа ова.
  8. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Проблемот е што не постои градско јадро, нема таква раја. Тоа не е проблем само во Скопје него и во остали градови во РМ.
    Битола пример, порано градскиот живот го диктирале власи, евреи, турци па дури и понекој грк и ерменец. Трговија, нешто малку производство, еснаф-раја, ситна буржазија, подоцна и дипломатски кор на разни земји, технолошките новотарии релативно брзо доаѓале...По холокаустот и протерувањето на турците во 1950-те, со програмата село-град, за да се наполнат новите фабрики со раја - во градот се симнале особи на кои не им било место во град.
    Нема ништо лошо во биднувањето селанин или граѓанин, но како што граѓанин би бил изгубен во село така и некој лик кој го симнале во град - би бил изгубен.

    И урбаното и руралното живеење си има своја динамика, свој живот и свои предности и недостатоци.
    Насилното мешање донело крај на градот и крај на селото.

    Денес пак, со концентрацијата на бирократијата во Скопје следствено на тоа и финансиите - истата прича се случува повторно. Само што овој пат нема автентично градско јадро кое би било загрозено во Скопје туку фејк ликови кои живеејќи во Аеродром мислат дека се нешто посебно.
    Не се. Не за друго, Аеродром пред 40 години било језива пустелија и мочвара со комарци. Значи нема традиции, нема ништо.

    Јас инаку планирам да живеам на границата помеѓу двата света, руралниот и урбаниот пошто никаде не ме собира :devil:

    Now, while we are at it...
    [​IMG]

    [​IMG]

    Првото е Инголштат, треторазреден немачки град во Баварија, сепак прекрасно средновековно зачувано јадро кое делува симпатично.
    Второто е Скопје. Језив амалгам на пост-комунистичко сивило и пост-транзиционо лудило на Балканот.
     
    Последна измена: 16 јуни 2017
    На Someonespecial, augustd, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.876
    Допаѓања:
    203.020
    Пол:
    Женски
    За тоа не се виновни провинцијалците. Виновни се сите оние кои Скопје го направија центар на државава и сиот капитал го вложија тука. Сите оние кои даваат дозволи да се гради било каде, било како и било кога, со цел да се пикнат што повеќе пари во џебот без дно.
    Кога би се развиле и останатите градови, по ваше провинцијата, се сомневам дека провинцијалците ќе доаѓаа да ви го земат парчето леб, како што милуваш да кажеш.

    Друго, јас сум од Охрид - а како што знаеме, цела источна Македонија се омажи во Охрид, па ние Охриѓанките без мажи останавме, и што сега? Треба ли јас да плукам и да ги навредувам девојките и момците што среќата си ја нашле во Охрид? Не, животот е борба мила моја, сите се бориме за свое место под сонцето и за нашите неуспеси не треба да ги обвинуваме другите. Некој е задоволен со она што го има, а некој има амбиции за повеќе, па во принцип секаде амбициозните одат во поголемите градови за да напредуваат.
     
    На YoungandBeautiful, Momichka, CameliaMiller и 17 други им се допаѓа ова.
  10. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Живо ме интересира како провинцијалците ги земаат работните места ?! Тоа што можностите во другите градови не се еднакви како во Скопје, е сосема друг проблем. Скопје почнува да достигнува енормна бројка во население. Се тоа влијае на воздухот, на сообраќајот, на градскиот превоз итн. Скопје се гради, но без добар план. Треба да се инвестира и во другите градови. Треба и нив да им се даде шанса. Односно, да почнат и тие да се развиваат на економски, социјален и културен план. Не гледам ништо лошо во тоа што луѓето од провинција се снашле и се вработиле тука. Не гледам во нив ниту вина. Но некој погоре спомна оти на шалтер се зборува на дијалект. Морам да признаам дека и мене тоа ми пречи, но не ми е ниту пресудно. Иако сметам дека треба да се зборува литературно. Иначе, културата, моралните вредности, етиката, доаѓаат пред се од домашното воспитување. Не секој од Скопје е граѓанин на метрополата, а не секој провинцијалец е невоспитан итн. И обратно. Не е тоа до градовите. Недисциплинирани граѓани во секој поглед, има во секој град. И во Париз да ги однесеме, истите ќе останат. Комплекси.

    И зошто навреда за зборот провинцијалец ?! Нема ништо лошо во истиот. Јас по потекло сум од провинција. Никогаш тоа не ме навредило. Тоа е само еден збор со кој се означува внатершноста на една земја. Никогаш не сум го гледала како навреда. Многу е полесно да се каже ова првото, него да се објаснува по дефиниција. Компликации. Не гледам ништо лошо во зборот.
     
    На Momichka, CameliaMiller, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Посвои ме тогаш :D
     
    На Victorian, Someonespecial и fallenangel им се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Ама во Скопје нема напредок,нема живот,тоа ми е поентата.И,никој на никого неможе дечкото/девојката да му ја земе,тоа да се разбереме.Тоа е сосем друга работа и тема.Збориме дека цела Македонија е во Скопје и дека во Скопје нема место за сите,нема работа за сите,нема опстанок,нема воздух веќе.А не дека луѓето ни сметаат,дека се сељаци,вакви,такви.Тоа ниту го мислам,ниту сум го кажала.И од Скопјани има сељаци и од Прилеп пр. има сељаци.Тоа е до човекот,а не до градот.
    А,тврдам дека и по другите градови се живее,работи и функционира многу нормално зошто познавам луѓе од другите градови,имам и роднини кажав од таму,така да градовите во Македонија и те како не се за фрлање.Освен здравството што е за никаде,за останатите работи не се сложувам.
     
    На LBC и elimkd им се допаѓа ова.
  13. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Секаде во светот главните градови се културни, административни, образовни и економски центри, па доаѓаат луѓе од целата држава да студираат, работат и живеат, но во многу развиени земји повеќето луѓе преферираат живот во помалите места.

    Премногу генерализација и драматизација на темата. Секаде има фини, цивилизирани, добронамерни луѓе. Македонија е премала земја со мала популација така да генерално нема никаква разлика во менталитетот и културата на луѓето. Иста храна што се јаде во Скопје се јаде и во другите градови, истата облека што се носи во Скопје се носи и во другите градови, истата музика што се слуша во Скопје се слуша и во другите градови, истите работни и културни навики што ги има во Скопје ги има и во другите градови. Така да смешно е да се зборува за некакви различни културни навики кога секој во Скопје има бар 1-2 членови од семејството коишто се од внатрешноста. Така да кој навредува на таа основа генерално не си го почитува потеклото, своите корени и семејството. Во Македонија нема никаков проблем Скопје vs. внатрешноста, туку има еден генерален проблем, а тоа е македонскиот менталитет на корупција, партизација, нефункционалност. Од Скопје до Гевгелија.
     
    На Momichka, CameliaMiller, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.270
    Допаѓања:
    57.128
    Пол:
    Женски
    Ама нели се во право со фискалните? И јас се бунам за цените, на пример. Доаѓа продолжен викенд, оп, друго мени во истиот ресторан (посебни имаат бе), и чорбата е 70 денари поскапа, бифтекот од 800 на 950 денари. Ги сфаќам и ги поддржувам да искажат револт затоа што ова со цените не е во ред и за нив и за нас. Е сега ако сакаат да јадат во елитен ресторан или да пијат кафе покрај езеро а очекуваат ефтино, нивна е грешката. Има и други опции, поефтини, па често и ги упатувам таму.
    Јас се бунам само кога велат дека во Охрид нема ништо да се види. Тогаш им кажувам дека не знаат кај да бараат, а и се нудам да ги упатам ако имаат желба да ја видат убавината.
    Кај и да одиш на одмор, нешто ќе ти пречи. Нема паркинг, патиштата не чинат, ладно е морето/езерото, нешто нема да се погоди. И ќе се искажеш. На тие што ептен им пречи, веројатно ги издаваат становите и поретко доаѓаат. И тоа е во ред. Ама ако животот и работата им зависи од престојот во друг град, а не одморот, па и нема баш избор за да речеш фак ит, јас си одам од овде.

    Не ми кажа какво е конкретно плукањето. Загаденоста? Нема паркинг? Уништен е градот со барокот? Ама се’ е тоа точно и имаат право да изразат револт. Како е тоа плукање? За тие што дошле да градат живот во Скопје, градот е исто нив колку што е твој. Факт е, дали ви се допаѓал или не, таму живеат и таму се дома. Тие се жители на Скопје и нивното мислење се важи. Како тоа ако не ти чини оди си? :D
    Работат, парите ги трошат таму, имаат право ваљда за нешто да искажат незадоволство? Ако сметаш дека не се во право, понуди се да им ја покажеш убавата страна. Не може да чекаш да се радуваат за загаденоста.
     
    Последна измена: 16 јуни 2017
    На CameliaMiller, flower30, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.876
    Допаѓања:
    203.020
    Пол:
    Женски
    Се функционира нормално, навидум. Ама не е баш така. Еве, јас можам да кажам за Охрид, дека баш и не е нормално. Нема работа, нема можности за напредување, нема ништо за младите. И сигурно е дека ќе си одат од таму, дали во Скопје или во странство, да си бараат чаре.
    Ни јас не сакам што Скопје се гуши, тука живеам и работам, и сакам да биде поубаво место за живеење, оти моите деца се родени и растат тука, сакам да им биде убаво, да имаат можности за убав живот, ама ако сметам дека тоа нема да го добијат, ќе го барам чарето на друго место.
     
    На Momichka, bittersweet, Nine25 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Бидејќи спомна дека си Охриѓанка зошто тогаш ги мразите Скопјани кога ќе дојдат во Охрид, еве искрено за продолжениот викенд бев службено во Охрид и во маркет коментираат две леле пак се напуни градов со Скопјанишчана
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Jacques

    Jacques Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    1.892
    Пол:
    Машки
    Баш поради тоа што македонското население било претежно селско затоа и опстанале со векови под разни ропства, геноциди и асимилации. Да живееле градски живот во градски јадри како што живее поголемиот дел од државата ништо не би останало од овој народ. Исто како што пополека ги снемува сите тие треторазредни германски градови и се заменуваат со имигрантско население кое има исклучиво рурален природен менталитет.
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.025
    Допаѓања:
    48.353
    Пол:
    Женски
    абе зашто правите омраза и идете офтопик, кој ги мрзи скопјани?? Си слушлнала ли да има тепачка во Охрид само затоа што некој е скопјанец? Години фурате со истите муабети, на лето све плажите се на скопјани, станови и куќи купени од скопјани, деца скопјанчиња работат во охридските кафичи и дискотеки, кој ве мрзи??
     
    На YoungandBeautiful, Momichka, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Нема никаква поврзаност на некаков си опстанок со руралното живеење.
    Не живееле во градови затоа што биле сиромашни. Мал дел од нив сепак се населувале во градовите но тоа бил природен и спор процес. До 50-те имало и македонци по градските јадра во сосема солидни цифри.

    Тоа се тие апокалиптични сценарија.
    Последен пат кога проверив, Немачка имаше 83 милиони раја, а РМ...не прави попис за да не излезат на светло погубните и поразителни цифри. Според Фондот за здравство има 1,6 милиони осигуреници а тоа е реалноста. РМ за 26 години независност загуби 1/5 од население и е на праг на депопулација.
    За 50 години Инголштат ќе има повеќе раја него цела РМ.
    Ич не се грижи ти за Немачка :devil:
     
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Кажи ми каде има напредок, таму да идам :)
     
    На Momichka, theowndemon и Mishela им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.