1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Провинцијалци и Граѓани на метрополата

Дискусија во 'Канта' започната од LivingGlam, 4 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Momichka

    Momichka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 март 2012
    Пораки:
    2.002
    Допаѓања:
    6.490
    Пол:
    Женски
    Јас сум од источна Македонија, т.е. провинцијалка.
    Од кога завршив со студирањето до сега, кога и да одам за Скопје градов станува се пожален и пожален. Доаѓам зошто морам, државни клиники, министерства, амбасади се во Скопје... Ако ми е за шетање или купување, Солун ми е поблиско и не мора ни патарини да плаќам.

    Сепак жал ми е за Скопје и сите затворени локали, за сите високо изградени згради на секое коше. Ново изградените трговски центри го запустија градот :( Уште чаршијата да ја унифицират :worried:

    А за нас провинцијалците, Пмг Колектив ни имаат посветено песна, и баш ми е топ :D

    Кога и да дојдат овде, одам за поддршка, ама чудно не ја свираат песната :lol:
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Смешна ми е малце темава а и самиот наслов но ајде ќе пишам мое мислење како "граѓанка на метрополата, родена и растена во Скопје".

    Во основно никогаш немав контакт со "провинцијалци" пошто нели сите одиме во маалските основни школи кај што сите ни се комшии што се вика. Дури и немав поим што е тоа и зашто е така.

    Кога дојдов во средно, прв пат стапив во контакт со нив. Учев во Караѓозов кај што е познато по ученичкиот интернат во дворот и дека многу деца доаѓаат од "провинција" за да учат тука. Искрено никогаш не ја сфатив нивната цел на дури 14 години да се двојат од дома, да живеат сами кога може да си завршат било кое средно ете и медицинско во многу поблиски градови до својот или во него како што има и онака не влијае врз изборот за факултет тоа средно. Имаше разни карактери низ генерација иако во мојот клас немаше такви деца но сепак сум имала контакт со нив. Има мирни и стабилни кои се секогаш тука да ти помогнат, кафе едно да пиете едноставно фини и културни. А има и такви што се со носот у воздух мислиш ако дошле у Скопје, животна цел оствариле и Париз го освоиле. На таквите не можеш да им се приближиш, мислат дека се над секого и едноставно се многу антипатични и вообразени суштества. Е таквите не можам да ги поднесам и нема никад да се потрудам да ги разберам или да иам контакт со истите.

    На мојот факултет 90 % од студентите се "провинцијалци", а другите 10 Скопјани да кажам. Сите со кои што се дружам и се почитуваме меѓусебе се баш такви. И за нив не би рекла дека се од вториот тип на сељанки у мозокот, вообразени што не почитуваат никого и што дошле тука за да се изебат што се вика иако има доста и такви но не сакам да иам контакт со нив. Баш напротив има многу такви кои се фини, културни и воспитани кои што многу ги сакам и уживам во дружбата со нив на факултет па и приватно.

    Имаме многу пати разговарано на оваа тема на факултет и еве мене лично ми имаат кажано истиве колеги за Скопјаните, мислам на двеве поделби. Исто и они ги избегаваат скопските сељанки и се дружат со другите. Јас лично не ми сметаат ништо, баш напротив тие фините ги сакам, им го сакам и дијалектот на кој зборуваат, се сретнав со различни типови, различни места, дијалекти и сл и многу е интересно да ги запознааеш. Истото го велат и за мене и многу ми е мило ради тоа. Затоа викам дека факултет е место кај што другарствата остануваат засекогаш. Се пред тоа е гола вода.

    Провинцијалците им сметаат само на скопските сељандури и обратно.
     
    На Dream-Girl, Gosh, okcenzi и 5 други им се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.407
    Еве јас сум од друг град и студирам во Скопје. Од свое сопствено искусто можам да кажам дека не треба да правиме вакви поделби.. И од Скопје има и сељаци и луѓе, исто и од другите градови. Има дигноглави Скопјани кои не се дружат со луѓе од други места, и има и Скопјани кои си се баш фини и се супер за дружба. Наш избор е во кој круг ќе се вдружиме и врз основа на тоа какво мислење ќе оформиме во врска со оваа работа. Јас ги одбирам по карактер пријателите, без разлика дали се од село некои или од Скопје или од било каде. А за тие што не ми одговараат ама баш ич не се замарам, па ако сакат нека бидат и од Париз.
     
    На bibiiii му/ѝ се допаѓа ова.
  4. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Видете, цела држава сме 2 милиони на едно парче земја, каква провинција, какви бакрачи. На прсти можат да се избројат старите градски фамилии, па ајде да не се лажеме.


    Град Скопје, ајде да видиме вака. Ѓорче или Драчево се дел од општина Скопје, а од таму до Центар има по 15тина км. Иронично нели? Дебар маало не џабе е наречено така, оти му текнало на некого. Зградите во Аеродром кога се градени, знаете?

    Колку е фамозно тоа што некоја девојка или дечко кои потекнуваат од стара Битолска фамилија се провинцијалци, во споредба со некој роден во Скопје, една генерација од неговата фамилија живее во метрополата, а по потекло е од Подржи Коњ.

    Во целата таа драма на "Скопјани", и нивното потценување на придојдените, интересно ми е што ни самите не знаат од каде всушност потекнуваат.
    Си лечат комплекси, ете тоа е проблемот. Изгледа забораваат дека и околу Скопје има приградски населби и села.
     
    На bibiiii, theowndemon, mami blue и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Sanjichka007

    Sanjichka007 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2012
    Пораки:
    1.544
    Допаѓања:
    11.928
    Пол:
    Женски
    А ние од друга земја шо сме а живееме у Скопје, за провинцијалци или за граѓани на метропола се рачунаме? :D
     
    На Someonespecial, Yipman2, fallenangel и 5 други им се допаѓа ова.
  6. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    @Sanjichka007 вие сте во поткатегорија "увоз", од категорија "провинцијалци". Не сте од Скопје, што не е јасно? :rofl:
     
    На Someonespecial, kankus, fallenangel и 5 други им се допаѓа ова.
  7. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Ако си од главен град, во случајов Скопје, не значи дека со тоа си нешто повеќе од некој што е од Велес, да речеме. Исто и мене, ако сум од Кочани, пример, не ме прави ништо повеќе од некој што е од Облешево. Други фактори да, можат да те направат, а местото на раѓање/живеење не. Толку :) Инаку скопјани ми се баш кул, барем тие што ги знам.
     
    На bibiiii, fallenangel и Marick14 им се допаѓа ова.
  8. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Многу мои другари, пријатели од Скопје земаа или имаат девојки од провинција. Веројатно затоа што во Скопје многу повеќе е изразено тоа женско лудило и его, а на се повеќето машки тоа ужасно им смета. Не дека сите девојки од провинција се татини ќерки ( има и курви што Џена Џејмисон може да им позавиди), но факт е дека се потрадиционално воспитани, повеќето не се “растурени“, почитуваат и возљубуваат машко-женска улога во семејството, а тоа на машките ужасно им одговара.
     
  9. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.325
    Vakvo prasanje ne e dosega postaveno na forumov i za taa cel ke treba da pocekate da se sostane odgovornata grupa za da go razgleda "problemov". Naknadno ke bidete obavesteni:rofl:. Zasega moze da se custvuvate kako "ministri bez resursi" ili vo prevod gragani vo metropolata do objavuvanjeto na rezultatite od komisijata.:rofl:
    Malku sega.

    Temava treba da bide zatvorena i so zakon zabraneta povtorno da se otvori.:nod:
    Sto ima veze koj od kade e?
    Namesto taa visok na energija sto ja imate da ja investirate vo licni uspesi vie bespotrebno se rasfrlate so omraza.
     
    На theowndemon и Sanjichka007 им се допаѓа ова.
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.190
    Пол:
    Женски
    Мигранти :D
     
    На elimkd, theowndemon и fallenangel им се допаѓа ова.
  11. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    На оваа тема излегува најголемата малограѓанштина меѓу ликови за кои сметаме дека се паметни и влијателни на форумов.
    Само ме чуди темава што е многу малку активна, порано чинам имаше ваква слична ама неславно заврши во канта затоа што имаше страшни препукувања.
    А само во Македонија народот се дели на Скопјани и провинцијалци, иако пола од тие што се нарекуваат Скопјанци се всушност од провинција дојдени, но по сплет на околности израснати таму.
    Сега ќе почнат со тажачки дека сите во Скопје се преселиле, не се дишело, работа немало па дури и мажите сме им ги земале.
     
    Последна измена: 14 јуни 2017
    На bibiiii, augustd, Gea и 12 други им се допаѓа ова.
  12. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Мене воопшто не ме навредува ако ме наречат провинцијалка. Ми смета тоа што баш тие што го креваат носот им треба повеќе време да стигнат до центар отколку јас од провинција.
     
    На bibiiii, Momichka, kikin и 2 други им се допаѓа ова.
  13. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.535
    Допаѓања:
    3.062
    Јас знам дека имаш лоши луѓе од двете страни. Прокондурени сељаци. И бегам и од едните и од другите, без разлика на која багра припаѓаат.
    Скопје е најголемо село што постои. Оние од Драчево подоцна стигаат со автобус од центар до таму отколку јас до дома. Па, мислам оти се што е до Велес се смета за Скопје. :D Мала шала и зафрканција, ајде, не ги дигајте носевите одма. Малце ми е иронично тоа што скопјаните мислат дека сите од страна ниви имаме. А имаш богати луѓе, она апла богати без или со ниви кои можат цело Ск да го купат.
    Мене скопјани не ми сметале, али ваљда не сум нагазила на некој затуцан, па да потспомне дека му сметам. Ме заболе дали им сметам, работа дали им земам итн. Слободна земја сме сеуште драги мои. :D Мислам дека се полигави од нас и несамостојни (со исклучоци) зашо не е исто дома да си студираш со години и на друго место. И тоа. Немам некое мислење за глупавава поделба инаку.
     
    На bibiiii, Esmeralda-MD, Anna-Banana и 4 други им се допаѓа ова.
  14. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ги почитувам оние така наречени „провинцијалци“ кои дошле во Скопје да учат и потоа со знаење да бараат работа. Имам колешки од провинција, кои дошле да учат, а не само да им помине времето и да им ги потрошат парите на родителите. За таквите немам ни еден лош збор.

    Но, ми се крева коса од оние кои дошле во Скопје со намера само да ги заменат опинците со кондури, а не можат да се навикнат на кондурите па ги стега, ги жуља. Ај да бидам поотворена. Живеам во зграда во која над мене има секоја година различни студенти и женски и машки под кирија. Па по тешки сељачишта не сум видела, не може бе секој академски граѓанин да биде. Не знам од каде да почнам: од тоа што не знаат како треба да се однесуваат во град, во зграда во која живеат и други станари, па во било кое време од денот урлаат, трчаат во зградата и во станот, често прибираат разно разни другари и другарки па прават забави, дворот го третираат како депонија, па фрлаат најразлично ѓубре (пикавци, загорени тенџериња и тави, гаќи, чорапи, улошки, пластични шишиња и што уште не), дури сега ја запушија и канализаторската цевка со влажни марамчиња, улошки, тампони и што уште не, мислат сѐ може да фрлат во ве-цето.
    Во овогодинешните кираџии има еден што е прва година на медицина. Гледајќи го неговото однесување и по сто пати во денот ќе го видиш (или ќе го начекаш во зграда или случајно од прозор ќе го видиш) како со другари и со останатите цимери само шета, не е седнат да учи. Јас се чудам како го примиле на медицина и сигурно „утре“ со врски ќе земе диплома. Само таков „доктор“ наместо да ги лечи пациентите, ќе ги доуништи, ќе ги умре. Тешко на луѓето кои си имаат мака, а ќе треба да ги лекуваат вакви неписмени и тешки сељаци „доктори“.
     
    На kukla21, SuperGirl24, wanderlust и 2 други им се допаѓа ова.
  15. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    @cresa-jagoda А ваквите ко што ги опиша се само студенти дојдени од провинција ли? Они се разуздани кои безвезно трошат пари од родители а во Скопје само се пијанчат и без осет расфрлаат улошки и ѓубре.
    Оти секогаш ваквите разуздани студенти по некое непишано правило се оние од околните градови.
    Инаку скопските тинејџери не, никогаш не се напиле, никогаш не оделе по студентски правејќи глупости, ѓубре они не фрлаат,
    Се деца на место, ама градот го упропастија овие дојденциве. |(
    Каде со вакво размислување, каде?
     
    На Platysma, peperutka87, Lella и 27 други им се допаѓа ова.
  16. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.884
    Допаѓања:
    11.275
    Пол:
    Женски
    Тинејџери кај и да оставиш без надзор, ќе се собираат, пијанчат и ќе урлаат.
    Бруцошите се по 18-19 години и живеат сами, што очекувате? Дека не се од Скопје се такви? Или дека се на слобода без надзор.:D
     
    На Momichka, kim.k, Anna-Banana и 13 други им се допаѓа ова.
  17. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.457
    Допаѓања:
    54.927
    Пол:
    Женски
    Македонија е минијатурна земјичка,дури сама по себе една голема провинција да не речам.
    Па така да,не ми се веродостојни поделбите на провинцијалци и граѓани од метрополата,ова од мој аспект.
    А дека сељаци тешки и тоа на голем куп ги има низ цела територија на земјава-ги има.
    А не дека се што не е од "великата метропола" е провинција.
    Можеби Скопје е половина Македонија,но тоа не го рамни со светските метрополи во никој поглед ни во уредување ни култура,ни разно разни стандарди.
    Ако јас лично се прашувам попрво би била провинцијалка во наводници во Лондон и некаде низ Германија,Франција отколку Скопје :D
     
    На elimkd, YoungandBeautiful, christinnn и 3 други им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.190
    Пол:
    Женски
    Скопје е некропола.
     
    На bibiiii и Црна Ружа им се допаѓа ова.
  19. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Јас само пишав споредба меѓу провинцијалците, не напишав споредба меѓу провинцијалците и оние од Скопје.
    Има такви тешки сељаци и од Скопје, но нив не ги коментирав.
    А не може да ги ставате во ист кош сите оние тинејџери, бруцоши кои живеат сами дека се сите исти, дека така се однесуваат кога се сами.
    Убаво кажав дека има млади од провинција кои дошле да учат, а дошле пред сѐ со домашно воспитување и за таквите немам ни еден лош збор, па што дека се од „провинција“, ако знаат како да се однесуваат во град. Но, кажав дека за жал има многу кои нивните родители ги пратиле во град, за да учат и да станат нешто во животот, а не заслужуваат да мрднат од селото од кај што се.
     
    На kukla21 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.784
    Допаѓања:
    81.012
    Пол:
    Женски
    Провинција не е село.
     
    На Platysma, bittersweet, buba4e89 и 19 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.