1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Провинцијалци и Граѓани на метрополата

Дискусија во 'Канта' започната од LivingGlam, 4 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Затоа што ако не си од Скопје автоматски си од село?

    Е, барам јас, провинцијалката, да инајмам станче. Господинот Скопјанец во води во една рушевина од гарсониера, со прастар мебел, рѓосан туш, без машина за перење алишта. Кога примети дека не сум воодушевена дрго ми проговори: "Ау, од селото кај што идеш понов мебел да не имате?"
    Што си мислат бе тие? Дека ние во штали сме растени?

    Друг случај, запознавам дечко, прво прашање од каде сум. На одговорот дека сум од провинција почна да се дере, како не ми е срам, сум дошла овде да се мажам, да земам работа на некоја поштена Скопјанка, курва, расипана, ваква таква.

    Трет случај, бившиот со кој си одела 5 години после раскинување да ти каже дека си го користела затоа што е Скопјанец, да те шетал додека да го запознаеш градот. Fun Fact: Јас него го шетав, не тој мене. Бензинот што го потроши на мене го платив и преплатив.

    Четврти, пишувам во Ѕид на сообраќајниот срам за еден кретен што помина на црвено на семафор. Коентарите од доле се "Само што изашла од калта, уште не научила по тротоар да оди ќе ни кажува како се вози"

    И јас не би во Скопје, и мене ми е поубаво кога сум во куќа од 180 квадрати со двор, наместо во стан од 40 квадрати. И ме фаќа депресија кога се вратам во Скопје. Ама јас во родното место не можам да добијам ни половина од платата што ја земам во Скопје, плус никако нема да работам на струка. Значи не сум овде од помодарство, овде сум да градам кариера, да напредувам, да успеам. Во овие 4 години факултет и 3 години работно искуство, вие што седите дома и чекате пари од мама за кафе можете да ми се фатите за малото прсте.
     
    На Platysma, Elen4e_sonce, Dust и 42 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.264
    Ви се молам, немојте до толку да бидете политички коректни...

    Сите ги знаеме оние провинцијалци кои сега се доселие у Скопје, имаат пари, па ајде ќе газат по сиротињата скопска, оти иако биле од ,, село ,, имале повеќе пари, па нека пукнат Скопјаништата.
    Па ќе искачаат по сите фенси места, ќе се чекираат на секоја минута, ќе одат по дуќани и ќе ги понижуваат вработените, ќе купуваат само марки, ќе се дужат само со елитата, па постепено ќе почнат да зборат Скопски, ќе се пикнат државно со врски, и наместо да се аклиматизираат со околината, ќе паламудат како требало, па така немало кај нив во строто место, они не ранеле и такви ми ти си работи, па Скопјанки биле курви...

    т.е. исто како скопскиве селјачишта, кои мразат провинцијалци, па они ги ранеле, работата им ја земале, па провинцијалкиве биле курви, и слично...

    Не ми сметаат провинцијалци, нит Скопјани, него луѓе кои си лечат комплекси на пониска вредност и мало куре...да не речам сељачаана...
     
    Последна измена: 15 јуни 2017
    На Yipman2, CameliaMiller, *Amethyst* и 14 други им се допаѓа ова.
  3. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Провинција не е село, ама оние кои прават поделба на провинцијалци и граѓани на метрополата, останатите градови, а особено оние помалите ги сметаат за села.
    Јас не направив таква поделба (поделба на провинцијалци и граѓани на метрополата), направив само споредба меѓу провинцијалците како најдискутирана категорија, сакав само да кажам дека не сите провинцијалци се исти.
     
  4. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Не сте ми јасни со ова провинција, или провинцијалци во наводници. Што мислите дека значи кога ги ставате? Јас мислам дека тоа е зборот и без наводници се користи, ако може да ми објасни некоја што ги употребува.
    Јас пак ќе речам. Има луѓе во сите градови во Мкд кои живеат во палати и можат цело Ск да ви го купат. Има села во Мкд многу поарно уредени од Ск. Јас не знам зашо навредувате дека некој бил од село. Ко во село да не знаат култура што е, па во селата да се врателе. Дали така си ги лечите фрустрациите, или самото јадење трици ве прави попозитивни во денот, тоа не знам. :D

    Со мебелот од после втора светска војна, ти треба да бидеш задоволна, што се замислуваш, он тебе човече услуга ти прави, не е взаемна корист тоа. Од овие копилињата што вадат по минимум една минимална плата, а изнајмуваат мизерија од 30 квадрати, не треба да зуцнат ништо против било кого. Први на тапет ми се овие газдите утепани, само пари да се собира, а ниеден нејќе да потпише договор за изнајмување. Па од селата ние сме биле, он крши закони.
     
    Последна измена: 15 јуни 2017
    На *Amethyst*, Momichka, kikin и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.566
    Пол:
    Женски
    Поделбава ми е малку повеќе глупава. Не е важно човекот каде е роден туку во што ќе израсне со тек на времето. Ако некое дете се родило во село од 20 жители зарем тоа дете треба да е осудено цел живот да биде таму или да го етикираме како просто поради тоа што ете среќата му била таква да се роди таму.
    Сељачки е некогу да го навредуваш поради местото на живеење без разлика дали се родил во Скопје, некој друг град или село. Да кажеш дека секоја девојка која студира во Скопје има животна желба да се мажи таму е врв на глупоста. Да навредуваш некој бидејќи се занимава со земјоделие или сточарство е исто така знак за голем простотилок.
    За однесувањето на потстанарите - се е до карактерот на децата. Ако некои од нив прават штета, сметаат на соседите, не значи дека сите се такви. Нема тинејџери од Скопје кои го прават истото пример кога ќе отидат во Охрид на одмор?
    Пак ќе кажам бегајте од искомлексирани луѓе!
     
    На Yipman2, jacqueline.s, bella.s и 8 други им се допаѓа ова.
  6. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    „Провинција“ или „провинцијалци“, не ми е некако соодветен зборот, бидејќи некој тој назив го измислил во негативна конотација за сите кои не се од Скопје, а јас во мојата споредба не ги ставив сите што не се од Скопје во ист кош, кажав дека има и воспитани кои заслужуваат да живеат во Скопје, но дека има и такви од кои ми се крева косата.
     
    На kukla21 и jacqueline.s им се допаѓа ова.
  7. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Затоа што да живееш во Скопје е по заслуга и награда :rofl:

    А што правиме со Скопјаните кои не заслужиле да живеат во Скопје. Во провинција ќе ги праќаме или на Голи Оток?
     
    На Platysma, *Amethyst*, mila89 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Леле болдираниов дел. :x
    Заслужувале да живеат во Скопје, мислиш некој престиж е тоа, па треба да заслужиш за да живееш овде.
    И после јас ли треба да се чувствувам глупо дека сум од провинција дојдена?
    Туѓ срам ме јаде.
     
    На Platysma, Chanell*, Lella и 19 други им се допаѓа ова.
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Па види, ти или некој не може да каже кој заслужува или не да живее во Ск. Џабе се правдаш, утнуваш по некој збор кога се правиш коректна, излегува што уствари мислиш. Не дека мене ми е гајле.
    Провинцијалци се и оние што се преселени од Радовиш во Прилеп, да речеме, не се однесува само на ценетото Ск. Јас не го гледам ко навреда, зборот зависи од намерата со кој е кажан. Подобро ќе изгледа ако престанеш да ги користиш.
     
    На Momichka и kikin им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Нам една така ни млатеше муабети демек ако дојде инспекција да речеме дека сме и' внуки.
    На прашањето зошто, одговори дека многу и' било да плаќа трошоци за договори и не знам што.
    А како да ти кажам, дека бевме 4 и од нас имаше заработка 400е секој први во месецот. Добро ни имаше укажано колку заработува и каков ќар има од станарите, само не знам со кој образ рече дека прескапо било да се прави договор. Виц на годината.
    Срамота.
     
    На CameliaMiller и Momichka им се допаѓа ова.
  11. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Па престиж е на некој начин, да беше мед и млеко во другите градови, никој немаше да се бори да дојде во Скопје и тука да остане.
     
    На kukla21, wanderlust, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Какво скапо, жити се, скоцкуваш една страна со членови (има и на нет), со лични карти на нотар, се плаќа не знам колку, али не е повеќе од 1000 најверојатно. Правници, во право сум? :^)
    Нејзе не и се давале тие 10 проценти данок што треба секој месец да ги плаќа, или во превод, жената била скржава за мочани 40 евра од 400 евра заработка. :D Која циција, која мизерија од луѓе. Внуки сте и биле. :D
     
    На *Amethyst*, Annath и Mishela им се допаѓа ова.
  13. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.998
    Леле девојко доста се брукаш.
    Која црна метропола кој престиж?
    Твоите од кои села и градови се дојдени? Или стари скопјанци сте?
    Сигурно не, ваквите ко тебе ми се најсмешни.
    Свесна ли си дека се брукаш, подобро ништно веќе не пишувај на темава зашто во шок сум како модератор смее да прави такви поделби и да пишува толкави глупости.
     
    На Platysma, bibiiii, CameliaMiller и 13 други им се допаѓа ова.
  14. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Вака сега,најпрво да кажам и јас сум растена во Тетово,што значи провинцијалка.
    Сплет на околности фатив дечко од Скопје, инаку студирав во мојот град(да не испадне дека како студенрка сум трчала по дечко од тука за да останам во "метрополата").
    Е сега,без навреди ама стварно некои работи се сменија од кога Скопје стана преполн со доселени од други места.
    Прво,според мене почна да се работи за ефтина работна рака,оти во помалите места тешко е да се најде работа и кога ќе им понудат да работаат за 10 000 прифаќаат. Си викаат поарно толку,отколку ич во мојот град.
    Овоа не ми се допаѓа зошто безразлика од каде сме треба да си го цениме својот труд и интелектуален капацитет.
    Не мора да сум во право,но зошто сите бегаат во СК ? Мислат тука мед и млеко?
    Пренатрупано е од згради,сообраќај,метеж,значи премногу е.....
    Јас ги разбирам луѓето,секој бара подобра егзистенција,но во тој поглед и Скопје не е тоа што беше.
     
    На kukla21 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  15. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.584
    Допаѓања:
    80.671
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е правник, го знаев јас тоа и така функционира, ама кога и ја направив математиката, почна да го куди Грујо. Немало шанси она да му го полни џебот. Кралица, признавам. :D
     
    На moonlight-girl.55 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.502
    Допаѓања:
    2.746
    Не се бориме бе жено, фучат станови за изнајмување на сите страни, виза не ни треба, која борба кои бакрачи. :D

    Душо, евтина работна рака не е од вчера во државава. Во другите градови жени работат за 100 евра месечно, за 300 денари дневница. Скопје се оправи после 95та таму, пред тоа во ГТЦ магариња паселе. Во право си, не е тоа што беше.
     
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Моите мислења, се како мислења на член, а не на модератор. Па и ние имаме право да напишеме свое мислење.
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  18. melnicanecot

    melnicanecot Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    787
    Пол:
    Машки
    абе на село е најубаво :D
     
    На buba4e89 и kikin им се допаѓа ова.
  19. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Мајка ми е родена и израсната во село, а татко ми е роден и израснат во Скопје,но неговите родители се родени и израснати во село. А тоа значи дека јас сум половина „провинцијалка“ , ако не и целосно „провинцијалка“. И зошто да ги нарекуваме провинцијалци тие што доаѓаат од друг град или од село кога не сме нешто повеќе од нив? Немаме никаква причина да ги нарекуваме провинцијалци, зашто и ние што сме од Скопје реално потекнуваме од каде што потекнуваат „провинцијалците“. А на наперчените Скопјани како луѓето од примерите на @DAngel и како жената што им рекла на две девојки што потекнуваат од помал град дека ќерка и’ седела дома без дечко зашто „провинцијалките“ ги краделе скопските момчиња, би им рекла „Ако тие се провинцијалци, вие сте сељаци“ . Зошто баш така? Затоа што токму тие ги заслужуваат тие два називи, а не оние што потекнуваат од помалите градови.
     
    Последна измена: 15 јуни 2017
    На Rama, kikin и theowndemon им се допаѓа ова.
  20. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Абе комично беше, ми вика тука одма Латас живее, комшија ќе ти биде. Јас ќутам, не коментирам. Ми го покажува тушот, Вика не знам што да му правиме, го фарбавме ама се лупи тоа пак, јас викам нема зошто да го фарбаме, пак ќе ти се излупи. Викам а машина нема, вика де бе шо ќе ти ем ќе си носиш дома мајка ти да те пере :x

    А една баба пак, со една гаража што ја правила демек "гарсониера". Внатре смрди, труне, ништо нема, еден кауч прастар и едно столче без потпиралка. И импровизирана кујна. Јас културна, и викам добро да размислам. И ми вика ама за цената да си знаеш, не ја спуштам :rofl: Абе ајде.

    Една пак, секој месец ни ја ставаше и сметката за радиодифузна да и ја плаќаме. За колку пари се брукаше еј :x Станот беше убаво уреден, и договор имавме потпишано, и се. Ама кога стигнав јас не беше исчистен. Беше толку нечист да дури после 3 чистења успеа да дојде некако до нормала. После, кога се иселувавме, госпоѓата една недела покасно ни пиша дека е згрозена од колку неуреден сме го оставиле станот, таа ќе најмела служба за чистење, да сме плателе ние. А јас лично бев да го чистам една недела пред тоа.
    Девојчињата кои се беа вселиле после летото кажуваа дека го нашле станот воопшто неисчистен, дека некое машко седело цело лето во него, а и тие, како и ние, беа плаќале сметки преку летото, за да им го чува.
     
    На YoungandBeautiful, theowndemon, 1209 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.