Провинцијалци и Граѓани на метрополата

Дискусија во 'Канта' започната од LivingGlam, 4 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Ако се вратат сите од кај што потекнуваат, во Скопје нема живо пиле да остане.

    За 5-6 саати цела држва може човек со кола да ја помине, ама ете уште постоеле провинцијалци.
    Од Куманово и Тетово побрзо се стигнува во центар отколку од Драчево...Ама првите се провинцијалци.

    Абе срамото е ова што го зборувате.
    Еден грст народ сме.
    Плус сте виделе еден човек од Неготино и не може да викате дека сите се сељаци прости.
    Или си видел некој од Крушево, па ајде одма заклучок дека сите се ко од село дојдени без култура.

    :smoke:

    Баш од провинција човек може повеќе да се снајде во животот, пошто од мали се самостојни и пуштени во друг град.
     
    На Platysma, Tajnaotrovna, Rama и 18 други им се допаѓа ова.
  2. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    3.365
    Со машина за перење станот вреди 50 евра плус. :D
    Ццц, еден туш и црево од Бит не е повеќе од 500 денари. Јасно ми е се ова што зборуваш, секакви станови и газди сум гледала и јас. Сите земаат пари, ниеден не ги користи за да инвестира во станот.

    Во Аеродром еднаш гледавме стан порано, тоа барака, немаш ни пола скала за да влезеш внатре. Внатре, два кревета веројатно од пред 70 години, тие најнајстарите, покриени со јамболии. Парно бараш, нема мајката парно. :D Подот земјен, покриен со некои теписи исфлекани. Еден шкаф, пред распаѓање. Ме фати филм ко оние депресивните руски студентски домови каде царува тагата. Газдарицата облечена во розево, трајна фризура и шминка ко транвестит. Ко кошмар. Цена - 150 евра, блиску било до се. :D
    Не ми се погодиле лоши газди досега, само за жал, скржави. Може и тоа е полошо. :D И јас иам плаќано радиодифузна, веројатно почна практика да им е тоа.
     
    На Gosh, CameliaMiller, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  3. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    930
    Допаѓања:
    2.577
    Не ми сметаат луѓето што доаѓаат од други градови да живеат во Скопје, само ми сметаат оние, а ги има такви што постојано го вреѓаат градот како не би седеле ни еден ден ако не мораат поради работата, како било ужасно, како во нивните градови/села било три пати поубаво. Па човече никој не те тера да седиш некаде каде што го мразиш местото, ете оди во странство па сигурна сум дека ружи ќе ти процветаат. Значи замислете како би било сега да отидам јас еве во Прилеп и да почнам како нема пошироки улици, како нема ниеден трговски центар, па плоштадот колку е за никаде па зградите колку се стари итн. (чисто како пример, да не ме сфатите погрешно). Секој град си има и убавини и маани и не треба толку да придаваме значење на вакви поделби на скопјани и останати.. ете јас не ги оправдувам ни оние кои глумат стари скопјани и го дигнале носот, ниту па овие дојдени од другиве градови без нималку култура и воспитување.
     
    На Alisa22, ivi1987, Gosh и 7 други им се допаѓа ова.
  4. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Оние стари скопјани не би работеле за 10 000 доколку од другиве градови не почнаа да прифаќаат,како што кажав погоре. И да,глупаво е кога потенцираат и се перчат стари скопјани као демек од центарот на Париз се,а има и од нив стварно прости луѓе,но и од дргиве градови ,да не се лажеме , има многу добри и културни луѓе,ама не е мал бројот и на оние без манири, од далеку ќе познаеш од каде се.
     
    На celineparis му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Туку ќе седат без пари и ќе чекаат на мама и тато. И тоа сум го видела. И за фалење е?
     
    На Rama и kikin им се допаѓа ова.
  6. aleksandrajaneska

    aleksandrajaneska Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    51
    Факт е дека Ск е најголем избор за студирање и секако за кариера и финансии кај нас зошто цел капитал се истури во Ск.....затоа тие провинцијалци дошле во Ск..заради интереси и да си го подобрат животот зошто без финансии денеска си никој и ништо....а за долго живеење богами 10 градови како Ск не можат да заменат живот покрај езеро и воздух.
     
    На LaCHICALATINA и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  7. simonka93

    simonka93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 март 2012
    Пораки:
    3.227
    Допаѓања:
    70.692
    Старите скопјани не би работеле, оти нели, стари :D
    А чекајте малце другари, Маџари на пр не е провинција? Или Трубарево?? Во светов провинција е се' што е надвор од центар,само кај нас се' што не е под Скопје
     
    На GirlLove, Gosh, Tajnaotrovna и 10 други им се допаѓа ова.
  8. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Секако дека не,но не е за фалење што дозволуваат да им се експлоатира трудот и интелектуалноста,не малку од "провинцијалците" се вредни,работливи и мошне мудри и образовани. Јас стојам на тоа дека од кога Скопје почна масовно да се полни со народ од помалите градови почнаа и горенаведенитее ситуации.
     
  9. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    3.365
    Јас ти пишав, но ти не ме читаш. Скопје во претходен век имал инфраструктура на село. Значи, село. Мостот од железничка преку Вардар тогаш е изграден. Значи, во такво село сигурна сум дека платите не цутеле. И најсигурна сум дека платите секаде не ни се ниски зашо провинцијалците иделе и не си ценеле труд.
    Платите се ниски зашо имаме експлоататори ко газди, отсекогаш сме имале. И тоа нема веза кој работи, туку кој е газда.
     
    На Gosh, Rama, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    А претходно цветало во Скопје и сите плати до небесата земале? Со 10000 се почнува, ако имаш желба да растеш - ќе растеш. И ако имаш кој да те издржава нема да расботиш, ако немаш и за 100 евра ќе ги запрчиш ракавите, Не можеш да бараш прва плата да ти биде 50000. Знам луѓе што почнале со 7-8000, па сега земаат натпросечни плати. со 10000 во Скопје, посебно ако плаќаш кирија, не можеш ни да се сликаш.
     
  11. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    221.724
    Пол:
    Женски
    (facepalm)(facepalm)(facepalm)
    Дај бе сериозни сте со темава?
    Па уште и дискусија опнале :!:.
    Скопјани и провинцијалци(facepalm)
    Граѓани и селани(facepalm)
    Аууу!!

    А што има врска ако некој дошол од село или живее во село дај ви се молам?!
    Луѓето што живеат во село не заслужуваат почит или зборот "село" или "селан" е навреда и од кога?

    Темава сама по себе е од вреѓачки карактер а што останува да да се каже за коментарите па одозгора и за модераторите!!
    Дно дна.
     
    На jacqueline.s, Tajnaotrovna, Rama и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.193
    Допаѓања:
    91.668
    Пол:
    Женски
    А пак во Скопје мед и млеко на секоја страна па сите уживаат и се среќни.
    Борба за да дојдеш и останеш во Скопје,оф Боже.
    Каде со вакво размислување,каде не ми е јасно?!

    Секој се бори за денар плус и подобро утре,и тие што одат на печалби и не се враќаат дома со месеци и годими не сакаат да е така ама мораат па исто и за провинцијалците кои доаѓаат и бараат работа во Ск.
     
    На Rama, CameliaMiller, *Amethyst* и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Мене до ден денес ми остана нејасно прашањето зашто се вреѓаат кога ќе се каже провинција, провинцијалец, провинцијалка? Што е тука навредливо? Не знам зашто се сфаќа во негативен контекст, тоа е факт, ко белото што е бело, а црното црно, и нема што да се дискутира околу тоа. Ко јас да се вреѓам ако ми кажат Скопјанка. Стварно ми е нон сенс.

    За Скопјанец не признавам никој што не е роден и растен тука, па колку сака години нека има како е доселен. Едноставно не е тоа тоа. Не во смисла да се мава во гради јас кој сум што сум, туку ќе го нема тој скопски шмек, скопски жаргон, скопски начин на размислување. Да не се сфатиме погрешно, секој град си има свои карактеристики и обележја, сега конкретно збориме за Скопје.

    Како конкуренција никогаш не сум ги гледала доселените ни за дечковци ни за работа ни за ништо, зашто од тука си, и си ги знаеш луѓето, и си имаш контакти. Дури ми е смешна наводната `загрозеност`.
    Смешни се оние што плукаат а дошле тука по нивни избор. Значи сам себе се плукаш, што да ти кажам. Ко јас да си фатам дечко, сама сум го бирала, али лајам наоколу за него. Не иде.
     
    На pravnicka_2604 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. ушко

    ушко Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    2.277
    Пол:
    Машки
    А Париз од колку општини е?Прашање за екстерно :)
     
  15. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Се те разбирам,ама сум милион посто сигурна дека стар скопјанец/ка не би работела за тие пари,сум разговарала со многу од нив баш на оваа тема и истово го зборат. Еве ако има некоја членка или член кои со генерации игенерации се од Ск нека каже што мисли по ова прашање.
     
  16. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    @Jason123 Не ме навредува воопшто. Но, како што ти сакаш да те нарекуваат Скопјанец и јас сакам да ме нарекуваат Кумановка а не провинцијалка.
    Оти се прават споредби едните се Скопјанци а сите останати се провинцијалци, ко тие да немаат град од кој потекнуваат.
    Во Македонија народот е поделен на овие две, а смешно е зошто државата сама по себе ни е големо село, со се Скопје, и со се секој друг град.
    Која црна провинција, која црна метропола, само тоа се чудам.
     
    На Chanell*, Lella, Rama и 22 други им се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Секој би работел кога му требаат пари. А такви што седат дома и за едно кафе земаат од родителите затоа што "не би се мачеле за тие пари", такви има и во секое село, верувај. Ама има затоа што родителите даваат :)
     
    На YoungandBeautiful му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    News flash од Сунчица Китановска: Културата, интелигенцијата и добрината на поединец не е одредена од местото од каде доаѓа ^_^ :D
    Али муабетот е, колку што и Скопје е метропола :rofl:
    :d::drunk:
     
    На Rama, YoungandBeautiful, Annath и 8 други им се допаѓа ова.
  19. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.437
    Пол:
    Женски
    Ги има секаде и во другите градови и во Скопје , тоа е факт.
     
  20. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.713
    Пол:
    Женски
    Некој се најде увреџен и повреџен? Интересно, особено за народ кој до пред некој ден бил под окупација која траела V века.

    Уште не ми е јасна поделбата на провинцијалец и Скопјанец. Ајде некој нека ми објасни, по кој основ Скопјанецот од Раштак или Визбегово е поголем граѓанин од старите граѓани на Битола или Куманово?

    Небитен е фактот што опинокот уште му стои во визба, битно он Скопјанец бил, за греота.

    А најлош облик се Скопјаните кои се родени во Скопје, а не го споменуваат фактот дека родителите или бабите и дедовците им се од Нежилово.
     
    На jacqueline.s, Gosh, Rama и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.