1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Провинцијалци и Граѓани на метрополата

Дискусија во 'Канта' започната од LivingGlam, 4 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.429
    Пол:
    Женски
    Не ги извртувајте зборовите на Џејсон , впрочем таа не рече дека треба да се именуваат со провинцијалци ,туку според градот од каде што се,а не да се срамат да кажат од каде се и да се прават Скопјани. Исто како таа да се срами дека е скопјанка и да отиде во Париз и да се прави дека е парижанка. Јас барем вака ја сфатив....
     
    На celineparis и Jason123 им се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Jason123 Е арно де, остави ги. Немаш потреба да се спушташ на исто ниво, без разлика каков е контекстот на ситуацијата. Ако почнеш и ти со навреди и мислења како нивните, значи не си ништо поразлична. Толку едноставно е :D
    Целиот муабет е, да не се генерализира и културата на поединецот стереотипно да не се поврзува со потеклото :)
    :d::drunk:
     
    На YoungandBeautiful и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168

    Не е за спуштање на исто ниво муабетов, туку ако некоја доаѓа во Скопје по нејзина желба и го сере градот тука, тоа ти е исто ко јас да се омажам и идам по комшии и за мажов дома што ми е да јадам бурек. Сама себе се погазувам. И испаѓа дека не се почитувам. Како тогаш сакаш и очекуваш другите да те почитуваат...
     
    На ivi1987, celineparis и ilyan им се допаѓа ова.
  4. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.708
    Пол:
    Женски
    Ај одлучи се, се обраќаш така или не? Сега велиш дека некои личности се подсмевале дека Скопје не е метропола и ти соодветно си им одговорила, а пред тоа велиш дека никаде не си пишала дека ти некому си се обратила така. :drunk:

    Еве јас никогаш не сум имала таква ситуација и таква дискусија. Ме занима како доаѓа до тоа? Еве сум имала јас колешки и од поголемите градови како Куманово, Битола, Тетово и од помали места како Неготино, Ресен, Македонски Брод. Ниту тие мене ми имаат кажано дека Скопје не е ништо посебно, ниту пак јас ним им имам посочено дека се провинцијалки. Освен муабет дека Скопје нуди повеќе опции и е голем град кај што секој може да најде работа или партнер што му одговарал, друга споредба немаме направено.
     
    На Rama, YoungandBeautiful, crimson и 6 други им се допаѓа ова.
  5. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    @Jason123 И како е тоа твој проблем? :D Чилекс, секој со своите постапки :D
    :d::drunk:
     
  6. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168

    Најмалце е мој проблем, дискутираме. :)
    Проблем е кога некоја плука по Скопје и Скопјани во едно друштво, а во друштво кај што не ја знаат лаже дека е од Скопје, или горделиво истакнува дека студира, работи во Скопје, тоа е проблем.
    Сами си го прават проблемот, тоа е целиот муабет.
     
  7. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Скопје не е метропола, прво тоа треба да се разбере.
    Ако Кравари да кажеме, се помножи 60 пати ќе се добие поголема припиздина како Битола.
    А ако Битола се помножи 10 пати ќе се добие вукојебина као Скопје.
    Во основа нема разлика во менталитетот помеѓу Кравари и Скопје.
    Во Скопје не постои некоја си автентична градска култура а како што видовме со случајот Ск-2014, нема ни автентични скопјани. Да се случеше такво нешто во Берлин или Токио, да посегнеше власта по центарот на тие места со цел да ги претвори во кич паради ќе имаше крв по улици.
    Но на жителите на Скопје им беше сеедно.
    Тоа е затоа што немаат сенс за граѓанство, за цивилизација, за наследство, за градско јадро.

    Тоа што е административен центар на РМ не го прави метропола. Метрополи не се ни Приштина ни Тирана ни Подгорица ни Белград...тоа се безначајни населени места кои се само поголеми од останатите во соодветните држави.
    Скопје е на ниво на значај со Бања Лука, Ниш, Подгорица, Пловдив. Солун веќе е надвор од било каква споредба со Скопје по значење, недостижен.
    На глобален план има значење исто колку и Ресен. Што значи нема никакво.
     
    На jacqueline.s, Rama и theowndemon им се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Нормално дека нема да зборуваш скопски, ама постојат места и прилики каде е во најмала рака културно да зборуваш стандарден (литературен) македонски јазик. На факултет, на работно место, кога му одиш некому на работното место па го замараш (макар и чисто во продавница да е).
    Еве, дечко ти е скопјанец, ќе се омажиш. Ќе им збори на децата тетовски? Деца кои се растени во Скопје ќе ги учиш тетовски дијалект? Кога тие оотидат во градинка сите другарчиња ќе ги гледаат чудно, во најмала рака. Имам и јас во градот едно девојче што зборува кавадаречки, затоа што мајка и е од Кавадарци. Чудно е, не е соодветно.
     
    Последна измена: 15 јуни 2017
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  9. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.373
    Допаѓања:
    317.586
    Пол:
    Женски
    Како за граѓани од метропола кои треба да бидат повеќе open mind баш прости испаднавте со мислењава :rofl:
     
    На Platysma, MamacitaBuena, Victorian и 25 други им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Ела да ги видиш Скопјаните на одмор во Охрид. :D

    Тоа пијанчење е ќе го идентификуваш со младост лудост, а не со провинција. Зашто истото се случува и со младите од Скопје кога се без родителски надзор. Ѓубре, викање, некултура. Сељачана, што да ти кажувам. :D

    УПС, извини Мања, требаше Цреша-Јагода да ја цитирам.
     
    На jacqueline.s, eli25, BoaVista и 14 други им се допаѓа ова.
  11. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.976
    Пол:
    Женски
    Не сакам да ги далам луѓето и избегнувам да го употребувам зборот провинцијалец. Наместо тоа, велам луѓе од друг град/село/место. Немам ништо против оние квалитетни кадри кои навистина имаат што да понудат и дошле да работат во Скопје. Меѓутоа, згрозена сум од две ситуации на кои сум личен сведок.
    Една познаничка која е од помал град работи во Скопје за 200 евра и постојано се жали дека не и стигале што е и нормално ако се соберат сите трошоци. Вели дека во нејзиниот град имала понуди за повисока плата но ако требало и стар леб ќе јадела само да била во Скопје затоа што тука имало повеќе кај да се шета и имало повеќе дечковци за бркање. (facepalm) Ако така гледаме, надвор од државава има многу поинтересни, поголеми и поразвиени градови каде има супер провод и каде може да се работи за попристојна плата.
    Втора ситуација е кога аплицирав на оглас за работа. Ме викнаа на интервју кое помина во најдобар ред. Кога ме прашаа за плата, си кажав една најнормална сума како за моето образование и за моето дотогашно искуство. Бидејќи имам познаничка во таа компанија ми откри дека подоцна на интервју бил некој од друг град кој се понудил да работи за минимална плата. Стануваше збор за одговорна инженерска позиција. Молел и убедувал да го примат затоа што му биле потребни финансиите за престојот. Навистина не ми е јасно како некој е во состојба толку да се омаловажи себеси. Заради ваквите се снижува цената на трудот поради што страдаме сите. Тука не се виновни газди и работодавци, ако им се нуди прилика секако дека не би имале против некој да им работи скоро за џабе.
    Само сакам да кажам дека оние со вакво размислување како во примерите не ни заслужуваат нешто повеќе и токму заради таквите се создава една генерално лоша слика за секој оној кој дошол од друго место на работа во главниот град . За некој да те цени треба пред се и сам да си се цениш себеси и трудот што си го вложил.
    Секоја честа за сите оние кои нудат квалитет и знаење а притоа соодветно си го вреднуваат она кое го стекнале.
     
    На ivi1987, Rama, celineparis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Мнoгу држaви си имaaт еден збoр или пoвеќе зa иселеници или кoн oние зa привременa рaбoтa дoјдени oд туѓинa. И тие збoрoви имaaт нaвредливa (не мнoгу aмa сепaк) кoнoтaцијa зaтoa штo oзнaчувaaт пoинaквa (пoпримитивнa) културa нa живеење и oднесувaње oд нивнaтa. Вистински културни луѓе не ги упoтребувaaт тие збoрoви и вистински културни дoјденци oд стрaнa се трудaт дa се прилaгoдaт нa нoвaтa срединa. Лoгички, без oвa имaш еднa некултурнa срединa. Кoј е крив нa крaј небитнo е, и едните и другите ќе требa дa живеaт вo еднa тaквa срединa oти мoжнoсти зa делби кoнкретни бaш немa a и не требa дa имa зa дa некoј си лечи кoмплекси.
     
    На Nausicaa, Rama, An-na и 7 други им се допаѓа ова.
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.595
    Допаѓања:
    155.804
    Пол:
    Женски
    Тие кои ја користат оваа поделба забораваат дека местото на живеење не ја прави личноста, туку домашното воспитување. И тие кои ја користат оваа поделба треба да знаат дека тие го немаат ова второто. :)

    Толку се лоши опишаните ситуации низ страните, што дури тешко ми е да верувам дека воопшто постојат такви, невоспитани, егоистични луѓе. Не, не сте кул ако речите дека луѓе од провинција живеат во село и дека Скопје му е добивка. Има луѓе кои одат од желба, ама и луѓе кои мораат. Колку луѓе во Битола има од Крушево на пример, дури и мои роднини. Не сакаат да бидат тука, но ако сте добро запознаени, Крушево скоро и да нема работни места. Тие луѓе не плукаат по Битола, само велат дека неможат да преживеат во Крушево и мораат да си бараат работа тука некаде, и отворено кажуваат дека си го сакаат својот град и дека не би сакале да бидат каде што се. Секаде го има овој проблем во помалите места, недоволно отворени работни места, бизниси кои брзо пропаѓаат и слично, па работа се бара на едно ниво погоре, и под погоре мислам поголем град каде има повеќе избор. Ако некогаш јас стигнам да идам од Скопје, еве од сега кажувам, нема да биди зошто сакам, туку зошто морам. Се надевам нема да дојди до тоа, не сакам пренатрупани градови, ме гушат.

    И за крај, не сум провинцијална, јас сум Битолчанка. Ако не сакате некој да ви зборува иронично за вашето место на потекло и да ви плука по местото од каде доаѓате - не го правете истото. И за крај, за минимално платена работа, ние од другите градови можиме да најдиме и во местото каде што живееме, така да се сомневам дека некој од „провинција“ работел на минималец. :) Сем ако бил избркан од работа, а сметките му стигаат како улави па мора да најди нова, па да се нафати повремено да работи за пониска плата, поинаку не гледам на ситуацијава.
     
    На Rama, christinnn, YoungandBeautiful и 2 други им се допаѓа ова.
  14. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.330
    Пол:
    Женски
    Па кој е проблемот тука? Ако е од ептен мал град без никаков живот, ко Пехчево на пример, и отишла Скопје зашто и’ го нуди животот што го сака, кој е проблемот? И за дечковци да е, шо ако? Возрасна девојка, во нејзиниот град сите се знаат меѓу себе, ноќниот живот е пропаднат и никој не и’ се допаѓа. Па нормално дека ќе се пресели и нема да самува.
    Зошто се замараш со нејзините избори и причини?

    Во врска со платата, сопственикот на фирмата би требало да си одреди една плата и да се движи од тоа, па да го вработи оној чии квалификации се соодветни, а и посакуваната плата е блиска до таа што ја има на ум. Ако тој не бил квалификуван за работното место, тешко дека некој нормален работодавец би го вработил, па колку сака нека моли и нека спушта цена. Бизнисот му зависи од успешно вработување. Ако е нормален работодавец, значи го проценил кандидатот не само по побарувањето за плата, туку и по тоа дали е соодветен. Ако не е нормален, ете провинцијалецот ти направил услуга.
     
    На Platysma, Giovanna, Bozica1980 и 21 други им се допаѓа ова.
  15. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.925
    Не ми го вреѓај градот :rofl: :wasntme:
    Берово-Пехчево-Делчево, бермудски триаголник. Кој излегол од таму не се вратил никогаш :rofl:
    Или попознатата: "Не плачи мајко ако оди во Америка, од таму ќе се врати. Плачи ако оди во Скопје"
     
    На Bozica1980, Victorian, eli25 и 12 други им се допаѓа ова.
  16. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.399
    Пол:
    Женски
    Мој коментар на темава:
    Жива глупост.
    Прво ретко кој е Скопјанец по колено од баба и дедо и на даље и тие биле стааари Скопјани од Маџир Маало и сл населби. Скопје било колку едно село да не речам се ниви со неколку згради и куќи.
    Да, Скопјанка сум, ама имам потекло од Русија и пола Маледонија. Сите скоро (чест исклучоци) се од некаде. Нема потреба од препуцавање. Јас делам луѓе на - човек и нечовек. Толку.
    Бтв сум имала дечковци "скопски фраери" и биле невидени идиоти. Додека не го упознав мм а не е од Ск не знаев како е некој да те чува како капка роса. И тоа не е мерило, ама познавам од секаде народ и дефинитивно се машките покултурни од провинција ( мое искуство) него овие "нашиве". И таму и таму има племиња и недозреани. Факт е и Скопјани да студираат вон градот ќе бидат како куче пуштено од јаже.
     
    На MamacitaBuena, Victorian, Rama и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.215
    Допаѓања:
    30.976
    Пол:
    Женски
    Не станува збор за толку мал град без никаков живот и мене и не ми е гајле многу за нејзиниот избор само ми е чудно кога луѓето не знаат да си го ценат сопствениот труд. Јас лично кога би потекнувала од мал град без живот и би се одлучила да го напуштам, Скопје би ми бил последниот избор. Ќе ги вложам сите напори да заминам од државата во друг многу поразвиен град каде покрај добрата забава, провод и дечковци веројатно ќе добијам и посолидно платена работа. Секој си знае, како му одговара така нека си прави. Тука сме да си го дадеме мислењето.
    Што се однесува до работодавецот, тој имаше зацртано една сума која приближно одговараше со мојата. Тој кој бил на интервјуто свесно се понудил да работи за многу пониска плата за да ја добие работата со сигурност оти ако ја побараше и тој реалната сума, шансите да биде одбран ќе беа 50:50 а вака си ги зголеми. И двајцата си ги имавме соодветните квалификации. Нема врска, сега имам уште поплатена и подобра работа а типот си работи за минималец. Ама ако еден ден од некој причина даде одказ не верувам дека работодавецот веќе ќе ја понуди првично предвидената плата имајќи на ум дека ќе се најде некој кој ќе работи за многу помалку како овој.
     
  18. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    47.812
    Пол:
    Женски
    Е многу си грешка да ти кажам.
    Никогаш,ама никогаш не паселе магариња во ГТЦ.Да ни се измешала со местото од кое доаѓаш?

    Не сакам да навлегувам во вакви остри дискусии,го ценам човек заради тоа што е,а не од местото каде потекнува,но на вакви констатации,едноставно не можам да останам неутрална.Посебно заради тонот со кој е напишано,а е навредлив кон одредена група на луѓе.
    Скопје имало отсекогаш инфраструктура,сега е хаос,од новите градби и непланираното постојано силување на градот.
    Поголемиот дел на Скопје е изграден после земјотресот,плански.Нормално е постојано да расте како град.

    Верувам дека никому не му е лесно да си го напушти родителскиот дом и да дојде во Скопје да студира,работи и да се бори за подобар живот,затоа што тука е најдобриот универзитет,тука има повеќе можности за да најде подобра платена работа и тоа го почитувам и воопшто не ми смета.Се додека не го обезвреднува она за што дошол.
     
    Последна измена: 15 јуни 2017
    На Giovanna, Bozica1980, kukla21 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.389
    Пол:
    Женски
    И така случајно ќе се најде некоја тема од порано, и така уште послучајно ќе им го видиш гневот на некои.

    Наместо да си гледаат за себе, застанале да делат правдини како да ги нарекуваме луѓето родени во Битола или Штип.

    Ете и во Македонија провинција имало :wasntme:
    Ако не знаевте.
     
    На Bozica1980, Victorian, Rama и 5 други им се допаѓа ова.
  20. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.948
    Допаѓања:
    51.307
    Пол:
    Женски
    Па нормално дека ако е некој од мало место и не може да си најде работа во родниот град, ќе дојде во Скопје по подобар живот.
    И јас би го направила истото.

    Не ми се верува што читам.
     
    На Victorian, sparklie, Rama и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.