1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Провинцијалци и Граѓани на метрополата

Дискусија во 'Канта' започната од LivingGlam, 4 октомври 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Цела Македонија ''се начука'' во Скопје.Нема веќе место за никој,нема ни слободни работни места од што цела Македонија живее и работи во Скопје.Какво црно напредување и успех жити се???
    Насабајле ми се смачува кога ќе ми текне колку гужва има у сообраќај,веќе ни во лето не се диши од што е пренатрупано од народ.Згради фрчат у градба у велико за да нели цела Македонија да има кај да се насели.И после загаден воздухот,мали платите,дрн,дрн.Е од ова си патиме.
    И,дали ти сериозно мислиш дека сите може да живееме во Скопје и да работиме по струка???
    Јас еве неможам детето во школо да си го запишам од што од цела Македонија дојдоа да живеат,работат,учат тука.Неможев помалото во градинка да го запишам од истата причина.Нема место за сите,градовите празни седат,Скопје врие од народ.Грозно стана Скопјево,факт.
    А кога ќе ми текне на некои дешавки од ова ''провинцијалец'' и ''скопјанец'' ми се повраќа.Јас една година одам во Охрид на одмор и седнувам кафе да пијам,келнерката кога слушна дека сме од Скопје водата ни ја тресна на маса,во скут ни се истури и уште мрчење,вие Скопјаништава...
    А друг муабет од жена од Кавадарци дојдена тука да живее и работи вика:Е ова сељачиштава од Сопиште неможам да ги поднесам.
    Немам зборови...
     
    На cresa-jagoda, An-na, wanderlust и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Ginger^

    Ginger^ Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    4.320
    Допаѓања:
    55.367
    Пол:
    Женски
    @Jason123 за Провинцијалец етнонимот, ти кажаа дека значи некој кој е културно заостанат. Самиот збор има пежоративна смисла, или означува потсмевање. Инаку сите сме хибрид од ваму и таму, затоа почни да размислуваш со главата.

    А дофрлањата кои ги слушам, како немало место за паркингот од луѓето што сме дошле од села, ме потсетува само од кое глобално село е истиот.
    И други кои велат: "Ти како да не си од таму и таму, туку од Париз":?:...
    По дифолт има очекување дека се што не е Скопје, смрди и е некултурно.Па и не се срами тоа да го каже.
     
    На YoungandBeautiful, simonka93 и theowndemon им се допаѓа ова.
  3. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Дојди кај мене во фирма да работиш, секогаш има отворено работно место ;)
    Имаш и шанса да напредуваш, да се надградуваш, се на сметка на фирмата.
    Ако си ја утнала струката, јас "провинцијалката" сум ти најмалку крива.
    Градоначалникот на една скопска општина секој ден на улица паркира, да не нема место случајно или така му годи?
     
    На Victorian, crimson, *Amethyst* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    5.653
    Пол:
    Женски
    Ако сите си ја гледате својата работа и неуспехот во животот не го препишувате на други ќе живеете многу посреќно и нема да ви смета никој и ништо! Никој не е крив за тоа што вие не се успеале во животот да постигнете нешто, освен вие самите.

    Ќе живеам каде и како јас сакам, а не како на некој друг му одговара.
     
    На Victorian, Rama, ♣ Alba Viduam ♣ и 8 други им се допаѓа ова.
  5. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    3.366
    Види, јас само си правев муабет со постари колеги кои се погодиле да студираат во 90ти во Ск, па ми опишуваа како и што се сменило, да напоменам дека тоа им е и струка. Магариња во ГТЦ ми е цитиран дел, не го измислив јас, може не паселе, може само си врвеле. :D
    Посвеж пример за магариња ми е Маџир маало. Кога и да поминував покрај железничка, а ние сме провинција па постојано гледаме каква е, за разлика од вас кои ви е огромно искуство возење со воз :D, постојано имаше цигани со магариња. Дали личи во сред град, на 100 метри од НБРМ, од иста оддалеченост од Џамбо (исто делот беше пустелија пред да го изградат пред 8-9 год) да има магаренца кои си шеткаат? Кај мене во центар дома немаме таква работа па да се смешам. :D Ај го потсредивте и тој дел, една две згради уште ќе никнат, ќе се решите и вие од магарињата во центар.
     
    На Rama, theowndemon и DAngel им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    А да не има случајно место секој на паркинг да паркира???Си ги видела новите згради што се прават у Козле пример или Дебар маало?На улица паркираат сите...
     
  7. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    145.280
    Жално колку исфрустрирани ликови има на темава.
    Во Скопје луѓе/студенти доаѓаат по подобар живот не од што многу сакаат да си го напуштат родниот дом или да ви земат работно место или партнер.
    Маж ми имаше понуда за работа во Ск ама категорична ја одби. Сега тука ни е добро. Ама ако треба да тргнеме во подобра иднина би тргнале без размислување.

    И да зградите за провинциите ги градат, за да се доселиме.(facepalm)
    Што ли нема да прочиташ на темава.
    Од една страна ги ставате ,,провинцијалците,, во товар , а од друга навредени сте кога некој рекол лошо против вас.
    Двојни арашини.

    Впрочем културата доаѓа од домашното воспитување. Нема ама никаква врска со местото на живеење.
     
    На Victorian, jacqueline.s, BoaVista и 15 други им се допаѓа ова.
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.223
    Допаѓања:
    81.770
    Пол:
    Женски
    Тоа е грешка на самите проектанти и инвеститори, што не предвидуваат доволно паркинзи за сите станари и жители во склоп на зградите што се градат. За да поминат поевтино при изградбата.
    Не е поради пренаселеност, туку им се гледа ќар.
     
    На kukla21, Victorian, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    За тоа се криви оние што им дале дозволи за градење, сигурно "провинцијалците" не ги граделе.
     
  10. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.253
    Допаѓања:
    13.903
    Пол:
    Женски
    Се изначитав се и сешто. Многу глупости по коментариве дури срам ме фати мене од таквите коментари (можеби дека од провинција).
    Не ми се јасни поделбите. Што е битно од каде е човекот се додека е човек. И во градот од кој потекнувам има невести од Скопје (се прашувам што им текнало од метрополава да одат во помал град :lol:)
    Не ме интересира никој и ништо, најмалку причините поради кои одредена личност живее и работи во одредено место. Ако некому му сметам ич не се замарам. Нека му стои, нека се нервира, мене ми е битно да сум среќна.
    (И да напоменам, не сум мажена за Скопјанец, за човек од градот од кој потекнувам сум мажена....не дојдов на факултет и не останав да работам тука за да се омажам...Замислете!!!)
     
    На JollyGirl, realGirl, azelea и 5 други им се допаѓа ова.
  11. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Не дека сакам да се правам скопјанка,меѓуто секој нека си ја прифати реалноста од каде и како таков нека се носи јас познавам луќе кои што се преселени од други градови да не речам провинција со цели фамилии, браќа сестри снаи и работат во државни фирми или акционерски друштва и нека се се срамат да кажат дека се од провинција, доволно е само да ти отворат уста и се ти е јасно.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    ^
    Скопје стана најголемо село,само тоа можам да кажам.
    Ако е пренаселено и ако сите сакаат и дојдат тука да живеат и работат,нормално е дека ќе се гради кај ќе се стигне,во секое ќоше во градот.И сите под дифолт сакаат и живеат во Центар,Дебар маало,Карпош и Козле.
    За на крај истите тие што дошле да живеат тука да се жалат од се и сешто,станот што е даден во оглас за 150 евра дека е смрдлив и крш,платата мала и ред други работи.
    и затоа по градинките ќе си стои листата на чекање,луѓе кои се очајни да си го запишат детето нема да можат затоа што е препренатрупано и препренаселено.
    Или пример,одам во бутик и девојка што е од друг град,а работи во истиот да ми превртува очи зашто сум влегла да разгледам,пробам па и купам.Нема смисла.
     
    На fina erika му/ѝ се допаѓа ова.
  13. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Да,ама уште во изградба становите одат како алва.Кој е крив за тоа,проектантот или купувачот.Дај,шта даш.Па макар и без паркинг да е и пола балкон на улица да ми зјае и да неможам цела ноќ од гужва и метеж да заспијам...
     
  14. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168

    Па испаѓа работава Скопјани да не треба да се замараат со ништо и да ги почитуваат туѓите желби и избори, тогаш што има некој од внатрешноста ( посоодветно е од провинција? ) , да се замара со тоа како некој од Скопје него го перцепира, нарекува и сл. ?
     
  15. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.772
    Допаѓања:
    145.280
    А како треба според тебе да се носат провинцијалците?
    Потчинет народ се или што?
    И што значи тоа само да отворат уста и се знае? Како треба да зборуваат?
    Ако не па ставете кодекст на понашање.
     
    На Victorian, Tajnaotrovna, realGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.452
    Допаѓања:
    20.085
    @moonlight-girl.55,
    не, во гтц никогаш не шетале магариња. Жал ми е што осеќаш потреба да плукаш по мојот град за ти да се почувстуваш подобро, ама тоа што ти посакуваш да е вистина никогаш се нема случено. И реалноста е дека Скопје во 95 беше многу поубав и покултурен град отколку што е сега.
    kafestaroskopje.jpg
    Сликава е направена многу пред 95. Јас не гледам магариња на сликава, ти?
    Или пред Скопје 2014, Скопје не постоеше, Африка бевме?
     
    Последна измена: 15 јуни 2017
    На Giovanna, kukla21, jacqueline.s и 12 други им се допаѓа ова.
  17. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    77.331
    Пол:
    Женски
    Па да,ок ама вонка и че те сокршам не е за секаде.
     
    На Bitter-Sweet, ivana--aerodrom и Jason123 им се допаѓа ова.
  18. fina erika

    fina erika Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2017
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    11.522
    Пол:
    Женски
    Не ме сваќај погрешно не дека се потчинет народ туку се испонаместија на работни места со факултет или без и земаа работни места на деца од скопје кои исто така учеле еве еден пример на шалтеро во сите банки зборат на охридски, кичевски итн.итн. не дека ми смета тоа туку ме револтира што мудруваат пезнавам фамилија од охрид тој е доктор брат му работи во банка снаа му е професор а мојата снаа е доктор на науки седи дома
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.568
    Допаѓања:
    5.653
    Пол:
    Женски
    Зошто вашиот неуспех го препишувате на други? Ако некој успеал да се вработи со свој труд и знаење, а вие не, зошто мора другиот да е виновен?
     
    На Victorian, BoaVista, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  20. moonlight-girl.55

    moonlight-girl.55 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    1.577
    Допаѓања:
    3.366
    Хахаха, да сум се чувствувала подобро. :D Мене ми се смешни вашите коментари, да ме погодуваа, немаше да си седам во Ск со години и да ви сметам. :D
    Гтц не сум била тука да го видам, може стварно немало магариња, ме лажеле. Го оставаме тоа, ајде, не се лути.
    Кажи ми што правиме за Маџир маало, сигурно ги имаш видено магарињата бар таму, кога одиш во Џамбо да се прошеташ барем, железничка знам дека не знаете како изгледа. :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.