Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Провокативни прашања

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Saisnalla, 20 април 2012.

  1. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Осет за време губам само кога седнувам да со него на ФБ, ама тогаш сите друи ми се небитни.
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Живејте денеска! Незнаеме што носи утре!
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Да. Кога со телото или очите кажуваме некои информации. Пример жените многу често плачат за да предизвикаат сожалување или да се извлечат од ситуацијата. И тоа е лажење
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    математика или хемија
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Би ги задоволила сите свое потреби, би играла на сред кафич онака како што јас сакам
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Купив подарок на една за мене важна личност
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Слабост
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Да. Без размислување.
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    Не се сеќавам
    10. Кого вистински го сакаш?
    Сестра ми
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    Уште некоја година, само да се преселам од градов
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    немаше да дозволам мајка ми толку да влијае врз мојот живот
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Живееш кога не мислиш како ќе го поминеш денеска денот. Секој кој има солидна плата живее!
    14. Што те смее?
    Глупави луѓе. Ним онака од срце им се смеам.
     
    На Ingvild му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Candy20

    Candy20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 август 2012
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    65
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Кревам паника

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?

    Водете повеќе хигиена за себе, не се правете она што не сте зашто кад-тад вашето вистинско лице ќе излезе на виделина, живејте го секој ден како последен.

    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Одбранбен молк,да.

    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Јазици, и предмети од областа на мојот факултет. и некои животни идеаали. Филозофирање.

    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?

    Ќе убијам некој.

    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Направив ручек :lol:
    Споив една другарка со еден другар..Баш се убав пар.

    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Најчесто од сила бидејќи долго време имаш сила се да голтнеш, да преќутиш ама и на тоа некогаш доаѓа крај.

    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?

    Најверојатно.

    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?

    Вчера на пиволенд, пиво chimay.

    10. Кого вистински го сакаш?
    моите родители и љубовникот.

    11. Ако не сега, тогаш кога?

    Утре.

    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?

    Ништо. ако нешто направам од почеток да сменам, тоа не би била јас она што сум денеска.

    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Егзистенција е постоење. Живеење е да го живееш животот со полна пареа.

    14. Што те смее?
    Сарказам, друштвото.....прилично сум весела личност па така да во се наоѓам нешто смешно. И од некои трагични ситуации што ми се десиле себеси.
     
  3. Lemonade

    Lemonade Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    222
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Никогаш не ми се случува. Многу внимавам се да биде навремено направено, како што сум испланирала.
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Водете љубов, не војни.
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Да. Тишината кажува многу.
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Најверојатно англиски јазик.
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Би разоткрила некои дволични личности што само ме искористуваат.
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Еден десерт.
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Од двете. А најчесто затоа што сме биле силни долго време па одеднаш ќе пукне и со плачењето исфрламе се од себе.
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Да.
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    Денес.
    10. Кого вистински го сакаш?
    Семејството и најдобрата другарка.
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    Во друго време, со подруги сфаќања.
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    Од почеток би исфрлила некои луѓе од животов. Тоа би било сосема доволно.
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Живеење е кога имаш пари. Сурова вистина. Тогаш го чувствуваш животот, му се радуваш. Го живееш. А егзистирање е кога едвај закрпуваш први со први.
    14. Што те смее?
    Глупоста. Понекогаш се прашувам зарем е можно да има толку глупави луѓе.. :?:
     
  4. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    501
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Ништо посебно.Сигурно било нешто вредно за да изгубам осет.
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Живејте си го животот како што знаете и умеете, грабнете ја цврсто секоја прилика и шанса, не се разочарувајте, не се откажувајте - борете се, верувајте во себе и љубете.
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Да.
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Јазици, македонски ора.
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Нема такво нешто. Барем во моментов не можам да се сетам
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Се покажав како добар молер. :D
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    И двете.
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Не сум се нашла во таква ситуација, ама најверојатно ДА.
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    Вчера.
    10. Кого вистински го сакаш?
    Себеси, смејството, Него и некои роднини и пријатели (оние кои заслужиле)
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    Подоцна или пак никогаш. Зависи.
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    Во некои ситуации би била похрабра, посигурна и помалку наивна.
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Длабочината на џебот
    14. Што те смее?
    Се смеам често за се и сешто, а најслатко на човечка глупост.
     
  5. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Губам осет за време кога сум со некој што ми значи, кога разговараме, денсаме, се гушкаме...А кога тоа ќе се случи, не паничам и не чекам, туку веднаш се враќам во реалноста и го правам тоа што сум требала да го направам...

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Опуштете се малце, нема светот да пропадне ако се запознаете со некој нов, ако пријдете на некој странец или ако се заљубите... |(

    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Да.Лагата не се препознава во зборовите на човекот, туку во неговиот поглед.

    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Информатика за почетници, англиски и француски :lol:

    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Еднаш на Мотика прочитав една многу паметна мисла-Некои луѓе се живи само затоа што е илегално да ги убиеш.Епа, ако нема никој да ме осуди, тогаш знаете што би направила... :devil:

    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Ова цело лето е вредно за памтење, сите патувања, запознавања, излегувања...Еве, ќе издвојам, за мене највредни се сите нови пријатели што ги стекнав летово :*

    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Уште една паметна мисла со која се согласувам-Не плачеме затоа што сме слаби, плачеме затоа што сме биле силни предолго време...

    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Со оглед на тоа што во моментов нема сакана личност, не можам да одговорам на ова...

    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    Вчера, не пробав, туку отидов на ново место, каде што не сум била порано.

    10. Кого вистински го сакаш?
    Моето мало семејство (се состои и од blood-related луѓе, а и од личности кои не ми се вистинско семејство, а ги сметам за дел од него, си знаат кои се :lol: )...

    11. Ако не сега, тогаш кога?
    Ако не сега, тогаш одма, ако не одма, тогаш веднаш, ако не веднаш, тогаш во моментов...

    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    Ништо.Сите мои постапки ми личеле логични во моментот кога сум ги правела, а тоа што сега го мислам за нив не е битно бидејќи тогаш гледната точка била различна од тоа што е сега.

    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Да живееш значи да ги користиш сетилата не само за да преживееш, туку и за да уживаш.Да уживаш во мирисот на свежо-направено кафе, ванила, расцветани растенија и топло чоколадо; да уживаш во вкусот на пица, нутела и гиро;да го користиш видот за да прочиташ нова книга, да гледаш нов филм или да се заљубиш на прв поглед;да уживаш во звуците на црцорот на птиците, рингтонот на телефонот кога ти ѕвони саканата личност и нова песна која те импресионира;да го користиш допирот за да го погалиш новото бебе во семејството, малото куче на улица или материјалот на новиот фустан што си го купила.Егзистенцијата е просто преживување.

    14. Што те смее?
    Во последно време, многу работи-Б и Џ секогаш кога ќе се видиме, Payphone зошто веќе месец дена ме прогонува, каде и да отидам, ја пуштаат, И (вештачката сестра :lol: ), и Хана од Pretty Little Liars 8)
     
  6. Speechless

    Speechless Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    4.303
    Допаѓања:
    5.951
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Се брзам, трчам како мува без глава. А и го пцујам предметот што ми „наштетил“ :D

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Живејте денес, можеби нема да има утре.

    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Секој си има скриени мислења,во кои и се вметнати и лагите.

    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Научена сум да подучувам математика :geek:

    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Да спијам надвор на клупа! :rofl:

    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Деактивирав фејзбук. :D Се шалам, правев многу долг и интересен муабет со дечко ми кој што ќе се памети.

    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Кога на човекот ќе му допреш до слабоста, тој плаче...

    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Нормално, доколку заслужи.Овој заслужува, така да, ДА :inlove:

    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    За јадење, не памтам. А собата ја прередував пред недела дена. :)

    10. Кого вистински го сакаш?
    Дечко ми,мајка ми и татко ми.

    11. Ако не сега, тогаш кога?
    После!

    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    Не би дозволувала да ме мазат моите толку.

    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Незнам. Јас моментално си пеам, живеам!

    14. Што те смее?
    Многу работи можат да ме насмеат, општо. Од филм,серија, до блам, и слично :D
     
  7. kosmodiks

    kosmodiks Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    375
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Се чувствувам глупо.

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Пред да зборете за другите, погледнете се себеси. ;)
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Да .
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Да се цени самиот себе, и да не трачари за да не биде некој ден и таа личност ''жртва'' на тоа.
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Се што сум направила во животот би го направила обраното - кога би било така.
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Избегав од час хааахаххаха :lol:
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Од слабост, дефинитивно.
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Да, и онака кај нас не се почитуваат законите.
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    Денес.
    10. Кого вистински го сакаш?
    Знам дека се сакам себеси и семејството,најмногу баба ми :inlove: А за останатите не сум сигурна.
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    Никогаш.
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    Се. :?:
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Живеењето е подобро, но ретко кој го прави тоа. ;)
    14. Што те смее?
    Неверојатно, но на се' се смеам. :| Повеќе ми имаат преговорено за тоа.
     
  8. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
    Станувам и си одам! Ц, ц Бог да чува!
     
  9. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?-Паничам,но се снаоѓам. :lol:

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?-Тоа би било моето одделение,на кое му соопштувам дека губиме час. :D

    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?-Па..да.

    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?-Одбојка. :$

    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?-Би поправила некоја моја грешка.

    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?-Ништо не сум направила..

    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?-Од слабост.

    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?-ДА!

    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?-Прошлава недела.

    10. Кого вистински го сакаш?-Мајка ми и татко ми.

    11. Ако не сега, тогаш кога?-Во иднина.

    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?-Би ги поправила сите мои грешки и животот ќе ми беше поубав.

    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?-Не знам како да објаснам.

    14. Што те смее?-Јас сум позитивна личност,така да,се ме смее. :$
     
  10. verica94

    verica94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    си идам дома и спијам :?:
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    НЕМА ВЕЧНО ДРУГАРСТВО ИМА САМО ВЕЧЕН КОРИСТ!
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    можно е . премолчувањето е половина лага
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    мали деца во градинка
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    ауу |(
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    готвев со дечкоми хахахах
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    плачеме бидејки сме доволно силни да признаеме колку сме емоционални
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    можеби да можеби не
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    пред некоја недела
    10. Кого вистински го сакаш?
    мајками
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    утре!
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    не би го трошела времето со некои личности
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    егсистенција = борба за опстанок , сите додека живееме се бориме за егсистенција на планетава кој повеке кој помалку
    14. Што те смее?
    смешни ситуации , кога ке кикснам во сред муабет итн
     
  11. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    1.Се нервирам и гледам што побргу да завршам со некоја обврска.
    2.Не знам
    3.Да.
    4.Информатика
    5.
    6.Ништо :(
    7.Да
    8.Не
    9.Никогаш
    10.Никој
    11.Утре
    12.Многу нешта....всушност се би променила и би внимавала да не ги направам истите грешки
    13.Живеење-да ги имаш сите услови за живот,да имаш и пари,здравје,среќа,да си успешен,да имаш цел,нешто во таа смисла,не можам добро да објаснам :D,а да егзистираш е како само онака да постоиш, да не можиш да си дозволиш да правиш некои работи,или на пример да немаш доволно средства за да преживееш.:)
    14.Се.:drunk:
     
  12. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    - Слушам музика или читам.

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    - Погледнете подалеку од себе, помислете и на другите бар еднаш. Престанете да бидете себични и дарувајте. Дарувајте насмевки, прегратки, сочувство и љубов. Бидете луѓе, а не диви суштества.

    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    - Да. За мене преќутување е исто како да е кажана лага.

    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    - Шпански јазик

    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    - Би замиинала да патувам и работам низ светот без да завршам факултет.

    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    - Роденденско изненадување

    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    - Јас плачам и од слабост и од сила, и од љубов и од тага. Плачка сум. Инаку, мислам дека генерално луѓето плачат кога се најслаби и најкршливи. Кога веќе не можат да го издржат притисокот од некоја ситуација.

    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    - ДА!

    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    - Минатиот месец

    10. Кого вистински го сакаш?
    - Татко ми

    11. Ако не сега, тогаш кога?
    - Никогаш

    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    - Прво би го променила средното училиште, и би работела многу многу повеќе на себеси.

    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    - Егзистенција е преживување, опстојување, живуркање, правење на работите според некои предодредени норми и правила и неможност за уживање и живеење со полна плуќа. Живеење е уживање во животот, смеење и радост на ситници, но и прифаќање и изборување со тешките моменти како попатен дел од животот.

    14. Што те смее?
    - Многу секојдневни ситници прават да се смеам. Но, глупав хумор, вицеви и стенд ап комедија не ме смеат.
     
  13. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.538
    Допаѓања:
    166.384
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    - Обично или сум со некој кој ми значи па нели времето како да лета или пак прам нешто во кое уживам - обично кога гледам серии најчесто ми лета времето и кога пишувам.
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    - Гледај ги луѓето пред се како луѓе, а не како дел од некоја заедница, субкултура, категорија итн.
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    - Да.
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    - Обично подучвам англиски, спремам пријатели и роднини за тестови и испити, за друго и не се нафаќам многу.
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    - Не многу работи, колку и да ме јади нешто при интеракција со луѓе од разно-разни причини, сепак секоагш бирам да го правам она шо ме исполнува безразлика дали некој ќе ме осуди за тоа или не.
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    - Оценката по статистика. Да не беше вредна за памтење немаше да не ја вадам од уста периодов ахаха
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    - И двете. При налив на емоции - плачиме. Е сега некогаш плачиме кога сме тажни, некогаш кога сме среќни. Кога сме тажни можи да плачиме за се она што сме го претрпеле, колку сме силни, а друг аспект е зошто мислиме дека сме слаби. Накратко причината е иста - се она што сме го претрпеле, ама битно е како ние го перцепираме тоа.
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    - Да.
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    - Пробвање различни вкусови на торти се вбројува?
    10. Кого вистински го сакаш?
    - Па зависи, мајка ми, татко ми, брат ми и дечко ми. Зависи за каква љубов станува збор.
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    - Закажаното време. Сем ако се работи за забар.
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    - Ништо. Сакам да кажам, се она шо сме го имале порано припомага во оформување на сегашниот карактер и искрено неќам да бидам поразлична од ова шо сум зошто сум среќна. Можи глупости се случвале порано и сум била повредена ама сега сум среќна со ова шо сум и со ова шо го имам. Секогаш има лоши и добри времиња.
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    - Уживање и работа. Мислам, да живееш е да бидиш среќен, да уживаш. Егзистирање е да гледаш само да пополниш одредени норми за кои се вели дека се неопходни во еден животен век.
    14. Што те смее?
    - Обично настани кои се случиле порано па уз торта и чај се сеќаваш и се смејш со блиска личност за глупости кои сте ги правеле заедно и за кои и тогаш или сме се смееле или искрено сме паничеле (па сме се смееле).
     
  14. marijaz

    marijaz Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    190
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    - Губам осет за време со Стил.

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    - Светот го напаѓа Епидемија од Маларија

    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    - Можно е.

    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    - Би ги подучувала постарите луѓе.

    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    - Ќе го решам спорот со името.

    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    - Положив испити

    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    - Слабост, плачеме од слабост.

    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    - Не постојат закони.

    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    - Последен пат? Тоа се случува секој ден.

    10. Кого вистински го сакаш?
    - Вистинските личности се наоѓаат длабоко во мене.

    11. Ако не сега, тогаш кога?
    - Ако не денес, тогаш утре.

    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    - Апсолутно се.

    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    - Преживување.

    14. Што те смее?
    - Најоткачената другарка.
     
  15. Goody

    Goody Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    73
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    -Не разбирам во кој контекст е поставено прашањето.Сите различно го сфатиле.

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    -Не го трошете времето залудно.Животот е краток.
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    -Да.Некогаш треба да премолчиме за да не повредиме некој,а премолчувањето е безгласна лага.
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    -/
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    -Само една работа ,само една ништо друго.
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    -/
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    -Слабост
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    -Дефинитивно
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    -Пред неколку дена
    10. Кого вистински го сакаш?
    -Истите тие од кои што ми е возвратена вистинската љубов
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    -Малку попосле
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    -Ништо
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    -Во егзистирањето нема живот
    14. Што те смее?
    -Луѓе кои искрено сакаат да ме насмеат.
     
  16. krofnicka27

    krofnicka27 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2016
    Пораки:
    823
    Допаѓања:
    12.614
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?- Ми се нема случено досега...

    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?- Никогаш да не се мешаат во туѓи животи туку да си ги гледаат нивните!

    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?- Да

    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?- Германски јазик :l:

    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?- Пааа...ништо

    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?- Ги дадов последните пари на бездомник кој ми се заблагодари со најтоплата прегратка досега..Ќе го памтам цел живот :)

    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?- Плачеме затоа што сме биле силни предолго време

    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?- Да

    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?- Денеска

    10. Кого вистински го сакаш?- Семејството

    11. Ако не сега, тогаш кога?- Никогаш

    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?- Би пишувала до утре за ова..Ќе го прескокнам прашањево

    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?- Живеење е да живееш онака како што ти самиот сакаш, а егзистирање е кога живееш само колку да преживееш (без да се грижиш како ти тече животот)

    14. Што те смее?- Кога некој ме лаже во лице, а ја знам вистината :rofl:
     
  17. flavor

    flavor Активен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2016
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    235
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Дејдриминг.
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Не врлај камен на говно, може да те испрска !
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    ???
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Да не биде како мене, да си биде тоа што си е.
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Би снимил порно со џуџести жени. Дворф-генгбенг.
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    На -30 некни го поканив еден клошар да ми праи друштво у сендвичара за кафе, крофна и сендвич и зборевме можда 2 саата.
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Од двете, кој не плачел-душа нема.
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Зависи во која држава и кој закон.
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    Минатото лето во Мексико пробав Игуана на скара.
    10. Кого вистински го сакаш?
    Слободното мислење без цензури.
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    Кога ке биде добро време за тоа.
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    Судбината?
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Среќата, исполнетоста и парите.
    14. Што те смее?
    Спонтаните луге и нивниот хумор.
     
  18. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.603
    Допаѓања:
    79.255
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време? Не губам осет за време никогаш.
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Бидете добри, излегувајте им во пресрет на другите и размислувајте понекогаш и за туѓите чувства.
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Можно е. Молчејќи можеме со некого да се гушкаме додека во себе викаме: Тргни се од мене, не те сакам.
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Би подучувала како да се однесуваме кон другите и кон природата и кон сиот жив свет. Секако и кон себе. Кратко кажано, би подучувала за животот.
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Би ги признала своите чувства.
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Направив неколку добри дела.
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Од слабост.
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Да. Законот не ми значи ништо, личноста ми значи.
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    Не се сеќавам.
    10. Кого вистински го сакаш?
    Сите што се покрај мене а најмногу мајка ми и една другарка која ми го промени животот. И еден дечко од кој не можам да се откажам бидејќи кога ќе се сетам на неговиот лик, прекрасните очи и неодоливата насмевка, спремна сум на се.
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    Во наредна прилика или можеби утре. Но секогаш најдобриот тајминг е - сега.
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    Наместо едната врска што ја прифатив а другата не, би направила обратно. Би ја одбила таа што ја прифатив а би ја прифатила таа што ја одбив. И тетоважата ќе ја направев на прст.
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Живеење е да искусиш нешто повеќе од само она што го налага системот, школување, работа, обврски. Тоа е егзистирањето. Постоиш но не живееш, не трагаш по возбуда, по адреналин, по нови искуства и авантури, не се впушташ во она од што се плашиш, да се соочиш со стравот за да го надминеш. Да уживаш во среќните мигови и да плачеш во несреќните бидејќи животот е сплет на подеми и падови.
    14. Што те смее?
    Самата јас, имам одлична смисла за хумор, но и смислата за хумор на моите блиски.
     
  19. Anon

    Anon Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    830
    Допаѓања:
    1.789
    Пол:
    Машки
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    - Се забавувам
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    - Луѓето се како неизбрусени дијаманти. Мораме да работиме на себеси, да се издигнуваме духовно/умствено и физички за да блеснеме со сиот свој сјај.
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    - да, со говор на телото
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    - англиски или математика
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    - би го „неутрализирал“ политичкиот врв
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    - излегов од френд зона со тоа што ја украдов од дечко и
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    - плачеме зашто ни се прелила чашата
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    - ко ништо
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    - не ми ни текнува
    10. Кого вистински го сакаш?
    - во моментов никого
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    - кога ќе дојде правото време
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    - би бил похрабар, би бил подисциплиниран и поамбициозен и понезависен
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    - чувството
    14. Што те смее?
    - интернетот
     
  20. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    1. Што правиш кога најчесто губиш осет за време?
    Најмногу во книга и во серија се губам.
    2. Кога би имал/а можност да пренесеш некоја порака на поголема група луѓе, која би била таа порака?
    Секој има право на свое мислење со кое вие не мора да се согласите, ама мора да го почитувате.
    3. Дали е можно да се лаже дури и кога молчиме?
    Можно е.
    4. Ако би морал/а некого да подучуваш, што би било тоа?
    Како да се однесува со животните.
    5. Што би направил/а поинаку кога би знаел/а дека никој нема да те осуди заради тоа?
    Веројатно ништо поинаку. Се што правам си правам од свои мислења и морали, не се плашам од другите.
    6. Што си направил/а неодамна, а е вредно за паметење?
    Ништо битно. Положив испити, кажав неколку вистини..
    7. Дали мислиш дека плачеме од слабост или сила?
    Можни се двете.
    8. Дали би го прекршил/а законот за да ја спасиш саканата личност?
    Секако.
    9. Кога последен пат си пробал/а нешто ново?
    Пред некој ден смути во смути бар.
    10. Кого вистински го сакаш?
    Кучето мое Марли <3 Семејството, другарките, дечко ми...
    11. Ако не сега, тогаш кога?
    Кога ќе успеам!
    12. Кога би можел/а да направиш сè од почеток, што би променил/а?
    Би се нервирала помалце, и би откачила неколку идиотски луѓе од себе.
    13. Која е разликата меѓу живеење и егзистирање?
    Среќата.
    14. Што те смее?
    Кучето мое, дечко ми, интернетот.