Не ве разбрав, ај кажете, дали денеска може да одам у Млин Балкан у 6 саат. ОД НОВОСТИ- копи пасте Морбилите се раширија и во Куманово. На Инфективна хоспитализирано е едномесечно бебе со Даунов синдром заразено со мали сипаници. На Клиниката болеста била потврдена кај уште еден возрасен кумановец кој бил третиран амбулантски. Регистрирани се уште 4 нови случаи во Скопје, информираа од министерството за здравство. За неполн месец МРП вакцина примиле над 5 илјади лица.
Во Куманово имаше регистриран случај и пред нова година кај 2.5 годишно дете, на 28.12 ја имаше веста по порталите.
Во Идадија, делот за здрави деца, кај што вакцинираат е до 14 часот...јас одев во 17 и беше заклучено..
Ме интересира дали има некоја мајка што била против вакцинирање, односно против МРП вакцината, значи со став дека нема да го вакцинира своето дете, односно нема да ја прими МРП, а го вакцинирала периодов? Ме интересира дали епидемија би ја променила одлуката за вакцинирање односно невакцинирање на една мајка? Никогаш нема да знаеме кога може да има епидемија. Прашањево не ми е за да поттикнам кавга и натпревар најмајки и немајки туку онака ме интересира ете. Дали оние кои невакцинираат остануваат и со тој став во текот на епидемија? Ако не е во ред прашањево модератори имате дозвола за бришење.
И јас сакам да знам.. Она што јас го разбрав, од тие што не вакцинираат. Односно не ставиле ниедна вакцина, и се строго против, боље би ги однеле децата да фатат морбили, односно сметаат дека така се стекнува имунитет. Секако не ги ставам во ист кош сите. Но, гледам дека има родители кои сепак седнуваат и размислуваат за последиците. И не им судам ни на едните ни на другите. Само ме нервира што одредени антиваксери се прават дека толку многу знаат, па ни докажуваат како морбилите воопшто никогаш и не биле штетни или дека со вакцините се предизвикала епидемијава. Познавам многу што сакаа да чекаат со мрп, ама заради епидрмијава ставија.
Од 5000 што вајцинирале последниов месец, сигурно 4000 се плашеле и биле против. Сигурно мислеле дека морбили се искоренети и Нема шанси да фатат, па зошто да вакцинираат. Ама веројатно кога виделе дека пак се појавуваат морбили, ставиле на вага дали е подобро вакцина или да се заразат. Вагата е јасна. А мене на пример само ми убрза вакцинираше оти е изолирана принудно и сега можам да вакцинирам, инаку немав кога додека одеше у градинка. Само што не можеме да успееме
Те читав и претходно ве вратија. Сте правеле ли брис од грло и нос? Да не има бактерија, па да треба да се третира.
Јас бев против вакцинирање а некаде есента заеднички одлучиме со мм дека нема да а прими таа вакцина до 2г секако а подоцна ќе почниме да разм на таа тема пак , во зависност од околностите . Епидемијава не ми го смени мислењето , гледам да а заштитам колку можам , не сме од ск и не сме на голем удар , слободно си правиме се .. Едноставно не а вакцинираме од помешани мисли и поради тоа што периодов ми е лесно склона кон настинки , вируси .. Не читам мн не следам темите или вести редовно , за од таму да постанам За/Против , онака некогаш следам само да бидам малку у тек , оти колку повеќе навлеваме , толку потешко одлучуваме за било што .
И јас планирав после 2 години да ја прими и последниот ми македонски матичен педијатар ми рече да ја ставиме откако ќе прооди и прозбори. Ама се преселивме и тука има секаков народ и ја прими на 18+.
Се проверено, ама.. мое мислење њ дека од вриштење кога и земаат крв има црвено грло. 2 пати Не вратија со супер рез ради црвено грло, а еднаш вирус, еднаш мрсули....