Edna sto ja znam denes rodenden na deteto vo igroteka,a i taa bremena sesti mesec. Jas sum iskreno protiv igroteki koga e epidemija.
Со иста лажица е. Ние го причестуваме од мал, за празници. Златна е лажичката и кај нас прво децата се причестуваат. Јас сум хипохондрик и исти мисли ми поминуваат секогаш, ама очекувам да имаат совест и свест родителите што ги носат децата здрави да ги носат.
Отиде миуабетов во други води. Нејсе. Јас искрена да бидам баш од таа причина престанав и да се причестувам. Не ми иде па не. И без зарази, а не пак во епидемија. Се согласувам дека има многу неодговорни и не размислуваат за ништо, ни за здравје на своите деца ниту за тоа дека можат да испозаразат други луѓе.
Да, постојат секакви луѓе... Треба да се биде одговорен и претпазлив но не е добро да се претерува и претпазливоста да стане опсесија, измалување на самиот себеси и на околината. Болести има постојано, ако си вакциниран од морбили не си од грип, па тоа не значи дека треба да живееме во страв и изолација...
Многу жално, се потресов кога прочитав. Бебето немало претходни хронични болести, починало од компликации од морбилите.
јас немам слушнато. Па нормално мало бебе едвај има имунитет да се справи со обична настинка а камоли па вирус. Што знам јас некако се мислам ко ќе се породам во август цела година вероватно нема да излезам со бебе во гужва и толпа на народ. Шубе ми е од помислата за тоа како новороденче треба да третираш во 21ви век во 2019год. Со првото ни мака ни гајле имав. Сега со полни 6 години па некако паника ме фаќа дали има доволно јак имунитет за да се избори со вакви епидемии мада знам дека редовно е вакциниран
Кажаа на вести. А спомнуваа бебенце во критична состојба подолго време.Спомнаа и 16годишна девојка на апарати.Жално за бебето,невина душа. Кој век сме луѓе? Што е ова? Девет години ми е големиов, па досега не сум чула вакви работи. Заразни болести од18 век се враќаат.Неодговорни сме многу многу.
Веќе нервоза ме фаќа. 21 век ние се понашаме како во камено доба. Па страдаат невини. Мали деца,трудници. Секој ден стресови. Катастрофа,мизерија и греота.
Вчера големиов беше на роденден (искрено со страв и на школо го пуштам ) иако е комплетно вакциниран и едвај чекам распуст. Ми вели мамо па ти зошто не идеш ,сите беа со бебињата. И како да се сузбие кога гајле немаат. Мене луда ме прават.
Многу брзо го вакцинирале персоналот, дури денес. А може и во инкубација се веќе. Жалосно за бебенцето. Нека запре веќе ова.
Среброто се смета за лековито. Ама да си имаш лажичка своја :/ Историја за среброто По својата природа човекот е сомнително суштество, па не зачудуваат бројните недоумици за потеклото на користење на среброто и неговата општа ефикасност. Како најлесно и најбрзо да се докаже неговата сила која доаѓа од далечни времиња? Помеѓу другото, со мало навраќање во минатото за среброто како антибиотик и стерилизатор се испишани страниците на многу книги. Сите тие настанале врз темелите на многу човечки искуства од пред 1200 години кога европското и светското племство своето здравје му го должеле токму на среброто. Се почнало во Античко време Долготрајното чување на намирници и вода во садови и пехари од сребро се практикувало во стар Рим и Грција. Уште поголем доказ за среброто како силен антиоксидант бил за време на Александар Македонски. Неговите офицери кој пиеле од сребрени чаши, избегнувале разни заразни болести, а често и самата смрт, за разлика од обичните војници кој пиеле од други чаши. Исто така Сарацените вешто ја избегнувале кугата, бидејќи ја чувале водата во сребрени садови. Средниот век “Јадел и пиел“ сребро Европските благороднички смејства во минатите времиња, користејчи сребрен прибор за јадење, сребрени пехари и чаши, се штителе од куга и голем број други болести кој владееле поради глад, нечистотија и беда. Ниту остатокот од другите народи не заостанувале во тоа, посебно Азијците, јадење и пиење во сребрени чинии и чаши било секојдневие на повеќе слоеви во општеството. Оние пониските среброто неможеле да си го приуштат. Во свеста на средновековното благородништво постоел страв од заразни клици и во потрага за идеално решение се наметнало среброто. Зошто? Среброто ја менува својата боја во допир со отров, што за владетелите и наследниците на престолот било поважно зачувување на тронот, односно сопствениот живот. Да се спречи труење и зараза најлесно било само со користење на сребрен прибор за јадење исти такви чинии, чаши, садови. Иако не е јасно покрај златото, среброто се покажало како многу поважен благороден метал. Новото време и среброто По озбилно користење на среброто во 19 век, почнало кога неколки лекари многу успешно почнале да лечат многу малигни болести на кожата спречувајќи инфекции и забрзувајќи лечење на рани користејќи разреден сребро-нитрат. На премин од 19 во 20 -ти век William Halsteana еден од втемелувачите на модерната хирургија почнал при превивање на рани да користи сребрен завој. Но наредните 30 години на медицинското небо доминираат антибиотици. Откако се заклучило дека ниту антибиотиците не можеле да ги убијат сите бактерии, среброто, повторно избива во прв план. Според истражувањата од 1992 година количината на минерали во земјата се намалило за преку 85% во последните 100 години, а со тоа и на среброто кое телеото нужно требало да го надомести. Проблемот на дефицит на сребро не знаел народот на хунзите од северен Пакистан кој многу одамна користеле “сребрена вода“. Нивните извори на вода се многу богати со концентрација на сребро. Поради сето ова цела долина е позната по неверојатно здравје на своите жители кој сите се 100 - годишници. А тука е и убавината Од секогаш естетиката привлекувала погледи. тоа го знаеле и индијанците од Северна Америка. Па во бокалите со млеко ставале сребрено паричка. нивните жени своето тело го негувале со сребрено млеко и во него ги капеле своите бебиња. Такво млеко се пиело без страв од можна зараза. Египќаните лузните и раните ги лечеле со сребро. Историјата зборува дека никогаш не зажалиле.
Да, доколку е вистинит постот, има на фб од дедото на детенцето дека четири дена на инфективна го оставиле без никаква терапија детенцето...
А зошто толку време така го чувале? Ако е вистина некој треба да одговара. Леле човек ќе помисли дека намерно вака прават.
Го прочитав постот на дедото. Пишува, причината не се морбилите, колку негрижата на инфективна. Имало пневмонија, последица од морбилите. Па како не се морбили причина, еве не знам. Само знам дека во болка сите ќе ги обвинат. Што е веројатно и нормално. Јас навистина се сомневам дека при тешка слика на пневмонија (како што кажува дедото) детето не било третирано. Во текстот пишува, се лекувало од пневмонија 20 дена. Ама ок, теорија на заговор. Освен тоа, вакви коментари уште повеќе штета носат. Видов по мислењата пишуваат дека докторите се "перат" со морбилите. Не можам да сфатам што уште треба да се случи, за да се сфати превентивата (вакцинација) сериозно, исто како и смртоносните морбили.