Прогласена епидемија на морбили

Дискусија во 'Дете' започната од RainBow, 29 јануари 2019.

  1. Emilija-Emce

    Emilija-Emce Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Не можам и јас да верувам дека го оставиле без никаква терапија и грижа, не се до толку се надевам. Сепак, можно е да ме му обрнале внимание и поголема грижа... Морбилите знаат да прават компликации но сепак се тие сипаници детска болест, за која до 72-ра година воопшто не се вакцинирало!!!
     
  2. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    Како тоа ги прави помалку опасни?

    И да, не се вакцинирало. Затоа илјадници умирале од компликации. Се работи за детска болест, која е со фатални и смртоносни последици. Пневмонија, енцефалитис, паненцефалитис. Имало илјадници абортуси.

    Слободно можете да си ги проверите фактите од официјални извори. Интернет ви е на располагање.

    Но во чест на минатите години, да ги почекаме и полио и дифтерија. Да почнеме да ги правдаме како нормална детска болест за која некогаш немало вакцина. Да гледаме епидемија како денешнава и се уште да не ги разбираме последиците.

    И нормално дека порано немало вакцини. Замислите ниту антибиотици, инфузии, трансфузии, останати медицински помагала, операции, лекови за одредени болести не постоеле. Па не видов некој во денешно време да е против истите.
     
    На oblace1, Coco31, JuLleE и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Emilija-Emce

    Emilija-Emce Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Јас не сум против медицината како наука. Не ми ставајте зборови во уста. Ајде оперирајте статистика за морбилите и број на смртни случаи пред 72
     
  4. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    Ти кажав дека можеш да си провериш податоци. Јас не гледам потреба да ја бранам конвенционалната медицина пред ликови кои велат дека не се против истата, (а види иронија, медицината како наука ги таргетирала морбилите како опасни) а уште помалку пак имам намера да ги негирам последиците од морбили кои пред очи ги гледаме. ;)
     
    На NarCis@ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Emilija-Emce

    Emilija-Emce Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Да пред очи гледаме заболен медицински персонал и болни возрасни луѓе од сипаници ( над 60% од вкупно заболените мислам се движи бројката), а кои во најголем број се вакцинирани...
     
  6. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не знам уште колку невини души треба да починат за да воопшто се сфати сериозноста на ова заболување. Фрапантна и загрижувачка е целата ситуација. И најчесто ќе сретнеш коментари упатени на политичка основа во стилот "од кога дојде новата влада само луѓе ни умираат", "министере дај си оставка", "спиеш ли мирно Филипче" или па коментари од типот "неспособни доктори" , "катастрофа ни е здраството". Се меша политика во секоја сфера од општеството. Само кај нас ова е заговор на владата и перење пари. Ете затоа нема да не биде. Продолжете само да ја префрлате вината на другите.
    Трагедија е во 21 век, во 2019 година да умираат луѓе од нешто што може да се реши со вакцина.
     
    На oblace1, Independent Girl, kikin и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    Епидемијата почна поради намален процент на вакцинација кај децата.

    Јас гледам последици од морбилите, смртни случаи, абортуси. Ти не знам што гледаш.

    Никој не оспорува дека медицинскиот персонал требаше да биде вакциниран уште на почетокот, ниту дека се превземени баш најсоодветни мерки. Но тоа не ги прави морбилите нормална детска болест без последици. А уште помалку пак значи да нема вакцинација.

    Што мислите за тоа да престанеме да се вакцинираме? Каков ќе биде светот без вакцини?
     
    На oblace1, fana, Coco31 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    А зошто мислиш дека владата не е виновна за ширењето на епидемијата?
    Кој треба да донесе мерки јас или министерството и министерот што тоа им е работа и за тоа зимаат пари?
    Да не затворија училишта ии градинки, да не забранија јавни собири, митинзи, да не одложија гласање, да не носат маски вработените во здраствени институции и делат на пациенти како влегуваат внатре? Да не наабројувам уште.
    Се е испуштено веќе додека сите не испофатиме нема запирачка како што тргнала работава.
    Кој преживи ќе прича...
     
    На slobodka, kikin и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. darcy

    darcy Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2011
    Пораки:
    2.177
    Допаѓања:
    5.898
    Статистиката за морбили е лесно достапна, било на страната на СЗО, на Википедија, за жал и во дневни вести во моментов. Дечја болест биле отсекогаш, но лесна болест баш и не.
     
  10. Emilija-Emce

    Emilija-Emce Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    158
    Пол:
    Женски
    Не сум против сите вакцини и не сум против медицината. Но неможам еднострано да ги гледам работите. И да почна од деца факт е дека заболуваат и ја шират болеста возрасните кои се патем вакцинирани. Од тие причини ми е користа од оваа вакцина дискутабилна.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Не е виновна владата. Единствени виновници се поединци со ставот дека детето е нивно и можат да одлучуваат за него. Себични поединци што гледаат само за себе, а немаат обзир кон колективот. Антиваксерите со нивната пропаганда.

    Министерството донесе мерки, никој не ги почитува. Кој е виновен? Министерот? Не знам што очекувате вие дека треба да се превземи? Животот во целото општество не може да замре. Не функционира тоа така.

    Ниту владата е крива, ниту министерот е крив. Сами се криви. Светот иде напред, ние се враќаме назад во 12 век.
     
    На Tukituki му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Министерството е неспособно за да се почитуваат нивните мерки.
    И кои се тие мерки, ај вакцинирај го детето на 6 месеци сега ништо не му е ако предходно важело да се вакцинира над 12? Кои мерки со немање вакцини или со вакцините со поминат рок? Со лажното вакцинирање на министерот на внуката?
    Со забрана на упишување на првачиња нашколо? Тешко на тие што стварно не смеат да примат вакцина!
    И се ова се случува додека преносители се медицински лица, во ек на митинзи и избори и уште папа некој таму ќе не посетувал. Ама оти животот во општеството не смеело да замре бе (facepalm)
    Некој овде не е нормален, ама луѓето не се дефинитивно. И да си за вакцини со лудиве постапки ќе се повлечеш дома и ќе се затвориш.

    И може сами сме си криви плата што е 200еур , толку сме си залужиле, толку работиме...
     
    На slobodka, gjoker4e, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    Се додека сметате дека бенефициите од вакцината се дискутабилни, ќе се јавуваат епидемии. Од друга страна, ако ова не биде под знак прашалник и одлука на родителите, епидемии ќе има се помалце, а морбилите ќе се доведат до степен на искоренување. Ние дојдовме до финалната фаза, загрозување на сопствено и туѓо здравје. Дискутабилност ради. Чиниш ние сме стручните за истово.

    Непсособни се. Биле неспособни и оние од претходната влада. Иако не гледам причина за потенцирање на ова, во ваква тема. Оти за врат околу мерките никој не може да ве фати. Самите ние треба да ги почитуваме.

    Види колку си интересна. Ваму велиш се неспособни да ги почитуваме мерките "ние", а подолу покажуваш дека не почитуваш ништо, од скроз банални причини.
    Да. Затоа што за време на епидемија, тоа е нормална препорака за заштита на населението од болеста. Кај малите, понатаму вакцинацијата мора да се повтори, за имуниот систем да развие подобра одбрана. Сестра ми ја вакцинираше малата на 6 месеци.

    Редовен календар важи кога нема епидемија.
    За првото не знам, но за второто грешиш. Вакцините имаа валиден рок, од друга страна, декларацијата беше дискутабилна и за неа може да спориш.

    Да. И тоа се мерки. Ако не ви чини ете, имате избор. Се вика вакцина. Или изолирајте се. Оти навистина е така ова што го кажуваш:
    Жално е. И тешко нив. Но најмногу од незнаење на широки народни маси.
    Тие можат што сакаат да организираат. Свесни индивидуи ќе постапуваат совесно. Нивните грешки никој не ги оспорува. Но да се "переш" на истите е небулозно и непотребно. Гледаме, видовме.
    Ако си за вакцини, ќе ги знаеш придобивките од истите и ќе вакцинираш.
    Убаво рекоа погоре оти сегде и што треба и не треба мешате. Каква врска сега има платата со епидемијата, вакцините, всушност, темава воопшто?
     
    На oblace1, fana, NarCis@ и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Поентата на мојот коментар беше дека поединци од одредени политички партии не битно која (кој сака нека биде на власт) непотребно ја мешаат политиката таму кај што не треба. Се согласувам дека не ни е се идеално, далеку сме од тоа, но наместо да се ламентира непотребно на политичка основа, поединци да си го стават прстот на чело и да размислат за своите постапки и зошто се соочуваме со ваква ситуација. Не да се наметнува вината на други.
    Се додека се верува на др. Гугл и други тралалајки ништо не правиме.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Мариаа.

    Мариаа. Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2016
    Пораки:
    3.396
    Допаѓања:
    25.036
    Пол:
    Женски
    Не дека владава не е виновна што не превзеде построги мерки,туку и сами поединци. Тотално неинформирани родители кои прочитале некој коментар на нет и готово,шират некоја логика која и сами не ја разбираат,али битно нешто драмат,бунтуваат а врска немаат.
    Затоа ни е вака.
     
    На fana, Coco31, Cka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.207
    Допаѓања:
    13.655
    Пол:
    Женски
    Леле човече како не те мрзеше секоја реченица посебно да ми ја цитираш.
    Што се возбуди јас само се надоврзав на коментар каде се замеша политика дека министерсвото не било криво за епидемијата. Ни почнав ни начнав јас тема за тоа туку друга членка, а мене ме нападна дека мешам политика во оваа тема? Сериозно?
    И не е во право дека државата не е крива, да крива е нема никакви мерки. И тие мерки што ги поставуваат се косат со други закони како намерно да не сакаат да функционираат.
    И да во помалите места немало вакцини како за твоја информација. Посебно за возрасни не им давале да се вакцинираат дека ги чувале за бебиња. А дека возрасните се најголеми предизвикувачи не е битно тоа а?
    Вакцините ако имаа валиден рок, зошто ги уништија?
     
    На slobodka, AngelOfArh и kukla21 им се допаѓа ова.
  17. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    @Lianna Anna извини што те тагнувам тука, не можам да ти пишам ЛП.
    Како пројде малото на сестра ти со вакцината?
    Јас сега во понеделник ќе ја боцкам, имаме 9 месеци.
     
    На Tukituki му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.537
    Допаѓања:
    20.148
    Пол:
    Женски
    Кога ме фаќа мрза, не цитирам воопшто. Така да, не грижи се, оти напротив, баш ми беше и се уште ми е интересно, да го "убијам" времето што го имам, тука.

    Престани да шириш дезинформации. Вакцини со поминат рок "излегоа" исклучиво од вакви коментари, мислења како твоите. Ами доказ за истото нигде. За декларацијата е точно.

    Ги уништија, оти така налага протоколот. Но како ти тоа би го знаела? Полесно е да изведеш нелогичен заклучок по кој многумина ќе се водат во погрешен правец. А, ако не ги уништеа, ќе беше "зошто не ги уништија". Побогу, никако човек да ви угоди.

    Не знам во колку наврати во темава е кажано дека здравството потфрли и се уште потфрла. Не гледам потреба во секое мислење да го кажувам истото.

    Возрасните, немаше да шират зараза, а уште помалку пак да да бидат заразени, ако родители не потпаѓаа под влијание на антивакс и се задржеше високата стапка на вакцинација.

    Државата донесе "какви такви" мерки, кои очигледно народот ги става на игнор, па после се жали по форуми, несвесен, дека самиот најмногу придонесува за ова. Законите кои се косат со истото, лесно можат да се променат. Да сум власт, јас веднаш би ги променила.

    Дали има/ло вакцини или не, не знам. Затоа и не си дозволувам да коментирам. Твоето "инфо" за истото, не ми значи ама баш ништо.

    Не се нервирај толку, не те напаѓам. Уште помалку пак за политика. Соодветно ти реплицирам, уште повеќе пак, затоа што не гледам никаква поврзаност на платите и вакцините.

    Дали и што ќе и одговорам на друга членка, е моја работа.

    Возбудена не сум. Ок, можеби малку, но од сосема други причини. Вечерва ќе славам убави работи, па ми влијае и на хормоните, но никако на писанијата. А дотогаш, баш фино се забавувам.

    @TeddyGrey Беше раздразлива дента. Крена и температура до 37,7/8. Ја држеше 2, 3 дена. Тоа беше се.

    И другарка ми ќе вакцинира сега, малото има исто 9 месеци.
     
    На Sexybaby86, Antolinaa, Animali и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Peperutce1115

    Peperutce1115 Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 јануари 2014
    Пораки:
    2.488
    Допаѓања:
    22.685
    Другата членка ли меша политика?
     
    На Feminka22 и Lianna Anna им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.952
    Допаѓања:
    36.963
    Пол:
    Женски
    Тие 60% возрасни во најголем број се нецелосно вакцинирани, невакцинирани или со непознат вакцинален статус. Или ти имаш податоци дека повеќето се целосно вакцинирани? :^)
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.