https://l.facebook.com/l.php?u=http...Xs-6F3mtG99TQ6rr0V-UuEkFYLW-aNTHYxRc-au1fMdHw и сеа родителите не се у право докторите се у право нели? ајде и тоа чудо да го видам пукајте ајде
Не ви ја разбирам потребата од натегање кој е во право, а кој не е! Починало бебе/дете! Мајка закопа свое чедо! Чедо на кое тек почнала да му се радува, да се радува на први обиди да зачекори, на прво зборче, на изедената кашичка, на тие рачиња кој ја милуваа и погледот на тие очиња полни љубов! И? Што Ви е проблемот доколку некој Ви пише ( реплицира ) Да Да во право си, криви се докторите или криви се родителите! Не е битно веќе кој е крив! Сигурно родителите додека се живи и го вдишуваат и последниот здив ќе се осеќаат виновно за било што поврзано со ситуацијата. Секој еден родител се обвинува за све што е поврзано за своето дете! Ајде малку имајте осет со натегањево и со препукувањата “индиректно” кој е, а кој не е во право со своите постови! Дали сте се запрашале дека можеби некој од блиска или подалечна фамилија на ова бебуле кое почина дека ве чита? Недај Боже ни на душман да му се деси ваква болка! Непостои поголема болка од болката на една мајка да си го закопа своето чедо! Олабавете со натегањата! Олабавете со која членка е во право, а која не е! Остајте го бебе да почива во мир! Остајте ги родителите да тагуваат! Размислете дека можеби некој од нив, а може и некој близок/подалечен Ве чита! Имајте осет!
А зошто детето фати морбили? Се лечело од пнеумонија,уште тоа му фалело. Имунитет никаков, бебенце мало, капак на се сипаниците, па пак добива пнеумонија и умира. Жално е премногу, но не знам зошто упорно кажувате дека не е опасна болест. Опасна е токму за вакви деца, и девојката која се бори за живот, која сигурно не е и не ни смее да се вакцинира. Башка,тоа колку опаѓа имунитет и на. здраво дете после тоа.Не,не мораше да се појават.
Се додека антиваксерите се ,,тешат,, дека бебево починало од друго , а не компликации од морбили и перат мозок кај ќе стигнат, ќе сме на ова дереџе. Немам коментар до каде стигнавме. Не веруваш во нашето здравство? Купи си од Грција и боцкај. Деца невини гинат ама не ние уште грешката ја бараме во другите. Никако антиваксерите не се криви и нивните невакцинирани деца кои го предизвикаа хаосот. Оти прво кривицата е нивна. После на државата која не спроведе никакви ефективни мерки.
Сега ти изгледа како глупава мерка, ама на почетокот на епидемијата беше едно од ретките исправни одлуки што ги донесоа. Замисли невакцинираните да одеа во градинки? Десеткратно поголем број на заболени ќе имаше. Плус со забраната експресно се вакцинираа дечињата и сега ако не се лажам вакциналната покриеност во Скопје е над 90%. Најголема грешка беше што заедно со забраната за градинка не го вакцинираа медицинскиот персонал и вработените во градинките и училиштата.
Нa кoјa стрaнa имa пoдaтoци зa тoa кoлку зaбoлени имa, пo грaдoви, стaрoст, се згoлемувa или нaмaлувa брoјoт?
Тоа ми беше поентата. Не велам дека оваа мерка не беше ефикасна,ама во овој момент, сега, сфаќаме дека покрај таа требало и други мерки. Акцентот се стави само на децата (што во тој момент неспорно дека беше одлична мерка), меѓутоа, никој не обрна внимание на возрасните, на собирите на митизите. Првата мерка го даде резултатот, а тоа е дека се помалку има заболени деца, што е супер. Ама пропустот за други мерки право пропорционално го дава негативниот резултат = непрестајно ширење од страна на возрасните.
Точно, требаше да се прекине кампањата. Денеска до 20 часот секакви луѓе по градинките и школите влегуваат. У Америка немаат 1000 заболени па каква паника е, а кај нас само на форумот се грижеле
Јас го вакцинирав детето, под присила на единствената мерка поради епидемијата, децата да не одат во градинка. Но тоа според мене е спротивно и на законо Мерките кои се преземаат при епидемија се пропишани со закон. Мерка забрана за непримање на невакцинирано дете во градинка не е пропишано. Пропишано е забрана за вршење дејност за време на епидемија, што е мнооогу различно. Родителите се најмалку виновни. Виновни се оние кои поради непрофесионално и катастрофално работење создаде недоверба во системот. И сеуште се сѐ тера со присила...така не се создава довербата... Зошто веднаш не се вакцинираше медицинскиот персонал? Зошто? Морбилите се шират по болници, најмногу во Козле!!! ! Има некој за тоа одговорност? Фатило морбили затоа што имаме непрофесионално катастрофално и неодговорно здравство!!! Фатило морбили во болница болно од пневмонија!!!! Каде се задолжителните мерки за заштита во болниците? Ги нема. Не гледајте еднострано. Најголемиот проблем кај нас е состојбата за здравството. Само да појаснам дека здравствениот систем одамна не чини и катастрофално функционира, но и сега со оваа влада ништо не се поправа, напротив уште тонеме, на сметка на нашето и здравјето на нашите деца! Срамота
Zosto zaedno se prikazuva brojkata? Zosto Ne kazat kolku se nevakcinirani, kolku se delumno vakcinirani, a kolku se so nepoznat vakcinalen status! DA! Se Soglasuvam deka Ova se sosema razlicni kategorii na lica a gi prikazuvaat zaedno, Zosto? Pritoa kako necelosno vakcinirani gi vodat licata koi primile Edna doza mmr, znaci Lica koi se vakcinirani. Vo periodot od 72 do 81 vo vakcinalniot kalendar Imalo samo Edna doza, vtorata e propisale posle 81 Zosto Edna doza Ne stitela. No najverojatno I treta doza ke treba da propisat zosto I dve dozi se pokaza deka Ne stitat!!!
@Emilija-Emce, да не беше толкав бројот на невакцинирани деца немаше ни докторите да фатат. Да,се согласувам дека одма требаше изолација на болни дечиња и ред други работи. Но,факт е дека невакцинирањето е единствената причина за епидемијава. Па, кога ќе се сетам како се бунеа за градинките. Мислете малку на децата, веројано сте сите со помалечки, но мојот деветгодишен син и те како разбира,слуша на вести,зборат и на училиште. Кога почна сето ова, ме праша, а мамо јас вакциниран сум.Да,велам си. Е фала богу ми рече. Си се прашувале на школо. Фала Богу сите се. Ние сме одговорни за нив. И птиците на гранките знаат веќе дека секако вакцината не штити 100% но и да дојде до вирусот клиничката слика е лесна, а башка што доколку си останеа родителите како ете ние на децава од генерацијата на син ми ,заостанати да речам, (на закажан датум вакцина)може и немаше да дојде до ова.
Ми треба совет, мислење и од други мајки, може прашањето не е за тука ама нај активна е темава и се надевам на искрен одговор. Бебе на 2 јуни прави година а на крајот од јуни или почеток на јули патуваме од Америка за Мкд. Се консултирав со педијатар и и кажував за ситуацијата со морбилите во Мкд. и ме советува да ја прими ммр вакцината пред да тргнеме за Мкд. уствари и да нема епидемија вели дека треба да ја примне на 1 година и вели дека има многу мали шанси за било каков ризик од таа вакцина Планот ми беше ако не идевме таму да ја откажам вакцината за по натаму но сега со епидемијата страв ме фаќа и на 300 умови сум, и со и без вакцина ми е ризик. Што мислите вие, или како вие би постапиле во оваа ситуација?
Штом ќе доаѓате наваму обавезно вакцинирај ја. Епидемијата не стивнува, а и не верувам дека за 1 месец нешто ќе се смени.
Мене би ми било страв невакцинирани да одиме. Поради истите причини и ќе одложам одење Мкд оваа година.
Јас би вакцинирала, на годинка е таман да ја прими. Стави ја две-три недели пред тргнување и не се плаши. Големи се веројатностите да поминете без никаква реакција. Ние патувавме некаде 10ти ден по примена ммр, кратко, тука во соседството, со дозвола од педијатар.