На твитер налетав на информација дека во германија ќе се воведува задолжителна вакцинација. Ќе пробам да го најдам линкот. Имаш инфо? Едит. https://m.dw.com/mk/германија-парич...аните-деца/a-48609417?maca=mk-Twitter-sharing
Еден министер сака, само од морбили. За сега е само на сакање. Претседателите на Роберт Кох Институтот и на Стико кој го дава распоредот за редовна имунизација предходно се имаат изјаснето дека се против. Актуелно нема ништо.
Се одлучив да и ја ставам вакцината, барем раат да сме, на 4ти јуни имам закажано за вакцина а патуваме на 22ри или 29ти јуни, мислам дека и има доволно време измеѓу.
И ние да се јавиме, немавме реакција на мрп. Мислам дека беа poxy cicline некое име, и рок до 2020 април. Вакцинирав пред 2 недели. Со лесно и не се плаши.
Моево имаше р-ја на 10 и 11 ден до 38 температура, два пати ми поврати кога имаше температура тие денови. Нормално јадеше , беше весел.
Моравме денес да се вакцинираме оти не ни даваа потврда за упис во прво одделение. Имаме полни 6 год. Искуство од мајки кои ќе имаат првооделенчиња,дали ја имаат примено вакцината и како поминале,дали имале реакции и сл.
Можеби има во темава.. ама ајде на блиц прашање ако може да ми одговорите, после колку време од примена вакцина се смета дека детето е имунизирано?
7 - 15 денови Со почеток на очекувањата на првите реакции посли 7ми ден почнуваат да се стварат антителата. Така ми има објаснето имунобиолог. Што не значи дека кај некој нема да даде реакција и порано.
Па според она што гледам како ја водат статистиката утре или задутре би требало да има ново од 09-15.05. Ќе видиме
https://pressingtv.mk/makedonija/na...leni-od-morbili-registrirana-minatata-nedela/ најмногу до сега. Добро, како не запира? Каде одат лужево?? Оти не се вакцинирани?