Таман е помината инкубацијата после носење заразени деца во црква за Велигден. Го правевме тука муабетот.
Ако добро чув на вести имало и бааги вакцинирани со две дози. Над 30год. Како и да е е загрижувачки многу. А јас таман се опуштив, мислев стивна....
Немам прочитано дали е вакциниран медицинскиот персонал? @Alishan30 има ли некои ризици, причини зошто не би се вакцинирале и возрасните? Читам во последно време многу повеќе возрасни има заболено, вистина ли е, фама ли е незнам.
или -или или кај одат луѓево или колку е веродостојна вакцината трето нема некаде се потфрла ама каде е прашањето
Па со оглед што повеќето се возрасни и воопшто неваквинирани, со една доза,а овие со две се скоро сите вакцинирани пред 30год (кај некој може не се развиле воопшто анти тела),некој имал може намален имунитет,факт е дека вакцината штити одреден временски период, инаку зошто досега не заболеле? Конкретно во мојов град нема заболено вакцинирано детенцеНемаат гајле луѓево,си одат на собири а што е најлошо носат невакцинирани дечиња и бебиња сегде кај што може да фатат. И убаво кажаа нема да стивне набргу....
Назад имав спомнувано една докторка што ми е блиска и колешката нејзина и заболела од морбили, а таа не, иако имала контакт. На вакциналниот картон и пишува дека примила 2 вакцини. Правеше ИГГ и ИГМ пред некое време и двете и покажаа резултат 0. Како да не е вакцинирана воопшто. Среќа у гз или јак имунитет што нема заболено. Па се чудиме зошто возрасни заболувале. Може треба и 3та доза да воведат како возрасни.
Вакцинирани? Баш вчера заслушав, предупредуваа дека се ближи летото дека имало многу низ Охрид и Струга ама не чув за ученици.
Заразата со морбили продолжува да се шири во охридско –струшкиот регион.Од почетокот на епидемијата во Охрид пријавени се 28 слачаи на заболени додека во Струга 119.Меѓу заболените мометално има 8 здравствени работници во струшкото хируршко оделение и 4 ученици од Охрид.Епидемиолозите велат дека секојдневно има појава на еден до двајца заболени особено последниве две недели Izvoritel
Затвориле хируршко одделение во Струга заради заболен медицински пераонал. И после децата биле криви, филипче ги превзел сите мерки. Ај важи.