Не. Еве ќе кажам за клиничка болница Битола - имам 2 медицински сестри во фамилија и не ги вакцинирале.
Исто и јас имам 4 особи што работат во здраство ги прашав дали биле да се вакцинираат за морбили ми рекоа не зошто да се вакциниаме дури добив впечаток дека ич не се ни замараа
1971 била воведена од 72год како редовна и се примала само на 13месеци значи една доза тек од 83 морбилите почнала да се дава тровалентна заедно со паротитис и рубеола или позната како мрп од 1987година е воведена и втора ревакцина на морбили а од 1997 почната е ревакцина со тровалентната мрп
Не се вакцинираа медицинскиот персонал , ова колку да не утешат само . Им проверувале само вакцинален картон и тие што не се вакцинирани биле само советувани да се вакцинираат . Ова од ск од клиника ми го кажа другарка, таму работи . Вика од кај нас никој не се вакцинираше , а имало многу без ниту една доза
Во диспанзерот во Битола се вакцинираа, иако нема случај на морбили до сега тука. Ама требаше сите медицински установи да го имаат средено тоа одамна, кога веќе се прогласи епидемија во повеќе градови. Ајде разбирам немаше вакцини еден период, ко стигнаа зошто не се вакцинираа одма, не ми се јасни?
Баш денес во болницата во бт, забележав соба на вратата пишуваше вакцинација за морбили. Дали е за персоналот или за граѓаните не знам.
Ако навистина е блеф дека го вакцинирате мед персонал треба да се побара отстапка од Филипче веднаш! Не може на деца за во прво одд да им се управи притисок а по болниците да ги советуваат само.
Не им наложиле. Не може не сакам. Како ако одиш у афричка земја ти викаат мора да се вакцинираш од 20болести, па ќе одиш, и се вакцинираш, или нема одење.Така и тука. Што ќе му стане на ворасен 50 годишен хирург од вакцина?
Ама што треба да биде наложено не разбирам. Значи знаеме дека болеста може да биде покомплицирана за возрасни отколку за деца, знаеме дека вакцинален статус на тие родени пред 1980 е некомплетен (може и подоцна, не сум сигурна), што треба да се наложува? Не ли се плашат самите за себе од потенцијално заболување? Разбирам дека одговорноста за другите е на најниско можно ниво, ама за себе? Или пак не е толку страшно заболувањето?
Ќе има казни за сите здравствени работници кои ќе одбијат вакцина. И кај нив ќе биде со доказ како кај децата или вакцинален картон или доказ од анализа на крвта која докажува дека прележале морбили. Сега слушнав на вести.